Врз основа на научни студии веќе е утврдено дека музикотерапијата смирува, терапии со музика и смеа можат да бидат еден од начините за намалување на хипертензијата, а музиката значително ја ублажува и фибромијалгијата. Врз основа на научни студии веќе е утврдено дека музикотерапијата смирува, терапии со музика и смеа можат да бидат еден од начините за намалување на хипертензијата, а музиката значително ја ублажува и фибромијалгијата.

Дефинитивно потврдено: музиката лечи

Колку е смело- нерелано предвидувањето дека не е далеку времето кога докторите наместо пилули ќе ни препишуваат музички дискови?

Врз основа на научни студии веќе е утврдено дека музикотерапијата смирува, терапии со музика и смеа можат да бидат еден од начините за намалување на хипертензијата, а музиката значително ја ублажува и фибромијалгијата.

Истражувања покажаа дека музиката толку длабоко влијае врз телото и психата што заслужува своја посебна гранка во алтернативната медицина- музикотерапија. Оние што „лечат“ со мелодии тврдат дека помагаат во симптомите кои се јавуваат во текот на лечењето на канцер, на деца со пореметувања на вниманието, на лица со психички проблеми, но и на многу други.

Некои болници на Запад одамна во ходниците пуштаат музика за на пациентите да им ги олеснат болките и депресијата.

Музика со силен ритам може да стимулира мозочните бранови да се синхронизираат- побрзите ритми донесуваа поостра концентрација, а побавните ве воведуваат во состојба на медитација. Корисноста од музиката трае, дури и кога ќе ги извадите слушалките од ушите.

Со промените во мозочните бранови се менува и целото тело. Функциите кои се под контрола на автономниот нервен систем, како дишењето и отчукувањето на срцето, исто така се менуваат во согласност со музиката. Тоа значи дека побавната музика ќе го забави дишењето и отчкувањето на срцето и ќе ве доведе во состојба на релаксација.

Музиката се користи човекот да го направи попозитивен и пооптимистичен и да го држи подалеку од депресивните мисли и анскиозноста.

Музиката го јакне имунитетот, ја опушта мускулната тензија. Исто така, бавните мелодии ги ублажуваат ефектите на хроничниот стрес.

Средовечните мажи и жени можеби можат да го намалат својот крвен притисок така што повеќе ќе се смеат и ќе ја слушаат музиката што ја сакаат, покажуваат нови истражувања.

Научници од Универзитетот Осака во Јапонија се обиделе да утврдат дали музиката и смејата можат да го намалат крвниот притисок во една од две ситуации: веднаш по слушање музика и смеење или по три месеци на едночасовни терапии што се вршат еднаш во две недели. Во истражувањето вклучиле 79-мина луѓе помеѓу 40 и 74 години старост кои случајно се вклучувани во една од три групи: 32-ца слушале музика, 30-мина биле во група за смеа, а 17-мина не слушале музика, ниту учествувале во сесиите за смеа.

Оние што биле во музичката група пееле, слушале музика и играле во нејзина придружба. Оние што биле во групата за смеа биле забавувани и учествувале во јога вежби на смеење, што подразбира вежби на дишење проследено со смеа, стимулирана низ забавен контакт очи в очи. Освен тоа, гледале и традиционални јапонски комедии кои се нарекуваат ракуго.
Притисокот е мерен пред и по секоја музичка и терапија со смеа.

По три месеци научниците утврдиле дека крвниот притисок значително се намалил, за речиси 6 милиметри живин столб, кај оние кои слушале музика. Тој се намалил за 5 милиметри живин столб кај оние кои оделе на терапија со смеа. Мерењето на притисокот веднаш по музичките сесии покажало намалување од 6 милиметри живин столб, а по терапијата со смеа за дури 7 милиметри живин столб.

Кај луѓето во групата која не се смеела, ниту слушала музика не е забележана никаква промена во висината на крвниот притисок.

Научниците велат дека не знаат дали очигледниот позитивен ефект на музиката и смеата ќе продолжи на долги патеки. Сепак, откритијата укажуваат на тоа дека тие можат да бидат добри начини за намалување на крвниот притисок.

Во повеќето случаи лекарите пуштале класична музика, како што се Моцартовите клавирски сонати.

Музиката очигледно смирува, но некои научници предупредуваат дека изборот на погрешен музички жанр може да го вознемири пациентот и да предизвика уште поголем стрес, па дури да биде ризична- да предизвика срцеви проблеми. Ова откритие на тим од Универзитетот Дрексел од Филаделфија укажува на потребата од консултација со терапевти.

-Секоја музика не смирува. Јаката, како што е хеви металот, може да ги забрза работата на срцето и дишењето и така уште полошо да дејствува врз пациентот- изјави музикотерапевтот Венди Маги.

Кога ве болат сите мускули и кога чувствувате немоќ и умор, а не го знаете потеклото, таа состојба би можела да има врска со фибромијалгијата. А фибромијалгијата, пак, од конвенционалните лекови поефикасно ќе ја ублажи- музиката.

Имено, шпански истражувачи како иновативен нефармаколошки метод на лечење на овој здравствен проблем во прв план ја ставаат токму музикотерапијата.

Новата студија, спроведена на Универзитетот Гранада, покажа дека оваа терапија, здружена со водено замислување или други техники на релаксација, значително ја намалува болката, ја ублажува депресивноста и го подобрува сонот. Не е ни чудо кога на токму спомнатите начини се постигнува и поголема контрола над сопственото тело.

Со слушање на соодветно CD дома, учесниците во студијата биле во можност да учествуваат во сопствениот третман, учејќи како да ги ублажат симптомите.

Зајакнете ги духото и телото, и тоа не само кога имате здравствени проблеми, користејќи ја големата моќ на суптилните вибрации што ги произведува музиката.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Марк Твен

Човек кој не чита добри книги нема никаква предност во однос на оној што воопшто не знае да ги чита.

Виц блиц

Најглупави на светот

Буле му вели на еден полицаец: -Чичко, чичко, јас можам да докажам дека вие, полицајците, сте најглупавите луѓе на светот. -Ма бегај, детиште низаедно, немој да те казнам за навреда! -Ама, навистина тоа...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се