Препорачува со сласт да јадеме црви и  инсекти: термити, лебарки, пчели. Тие се нешто најздраво што може да се најде на нашава загадена планета! Препорачува со сласт да јадеме црви и инсекти: термити, лебарки, пчели. Тие се нешто најздраво што може да се најде на нашава загадена планета!

Јадете црви и инсекти!

Необичен совет на еден американски научник по име Мајкл Баџет, експерт за инсекти. Тој тврди дека, ако луѓето не беа толку пребирливи и постојано ги игнорираат црвливите јаболка, црешите, морковите и се друго црвливо, фармерите- земјоделците никогаш не би го прскале овошјето и зеленчукот со толкаво количество на пестициди.

Препорачува со сласт да јадеме црви и  инсекти: термити, лебарки, пчели. Тие се нешто најздраво што може да се најде на нашава загадена планета!

Мајкл Баџет тврди дека, освен тоа што не се загадени, инсектите се богати со протеини и се исклучително добри за човечкиот организам, поради што во многу земји на светот се сметаат за деликатес храна.

На пример, на Тајланд лебарките се печат на скара. Во тој дел од светот се подготвуваат ни помалку ни повеќе- точно 50 специјалитети од инсекти, а дури и отмените ресторани ги имаат во своите менија.

Во Африка термитите се популарни за грицкање, додека во Кина омилено и, тврдат, мошне вкусно јадење се приготвува од бамбусови црви. Тие се пржат реш и изгледаат како чипс, со таа разлика што овој чипс има две очи и ножиња од страните.

Меѓутоа, на врвот на топ- листата на секој инсект- гурман се пчелите. Во Јапонија е мошне ценето јадењето од ларви на пчелите. Во Непал од овие вредни инсекти се подготвува јадењето „бакути", кое има вкус на ореви. Мајкл Баџет обожава од нив да прави бисквити: ќе ги стави на печка, ќе ги сврти, и потоа ќе ги сомеле во брашно. Вели дека се потребни 3.500 пчели за од нив да се направи еден килограм бисквити.

Ако имаме на ум колку лебарки, мравки и други бубачки слободно се „шетаат" низ нашите станови, а се знае колку се вкусни за јадење, станува нејасно зошто исхраната ни е толку скапа кога може да ни биде сосема бесплатна!

Не е само Мајкл Баџет кој препорачува да јадеме црви и инсекти.

Научници на конференција на ОН, организирана  на почетокот од 2008-ма во тајландскиот град Чианг Маи, го повикаа човештвото да се сврти кон тој извор на исхрана. Еден јапонски научник предложил фарми со бубачки на вселенските летата со кои би се прехранувале астронаутите, зашто тоа би било многу попрактично од одгледување на крави и свињи!

Австралиски, холандски и американски истражувачи информираа дека во нивните земји постојат се повеќе ресторани кои послужуваат инсекти.

Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАОА) проценува дека околу 1.400 видови на инсекти и црви се јадат во 90 земји на Африка, Азија и Латинска Америка. Црви се јадат во Тајланд, скакулци во Африка, а мравки во Америка.

Професорот Арнолд ван Хуис, тропски ентомолог, познат во својата земја Холандија и како „Господин јадач на инсекти“, ги обвини западњачките предрасуди спрема јадењето на инсекти за неуспехот на хуманитарните агенции кои на сиромашните би им сервирали инсекти.

„Инсектите можат да бидат добар додаток на исхраната, но не доаѓаат предвид за програма како нашата, каде што храната мора да се транспортира на големи оддалечености и каде што се држи складирана и неколку месеци“, изјави Тина ван ден Бриел од ФАО.

Таа предлага инсектите да се мелат во прав и да им се додаваат на суви кекси и колачи.

 

2013-02-13

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Јохан Волфганг Гете

Кога ќе сретнеме некој што ни должи благодарност, веднаш се сеќаваме на тоа, а колку пати сме сретнале некого кому му ја должиме, а на тоа да не сме се...

Виц блиц

Дебела

Оди една дебела жена низ улица. Наеднаш ја удира автомобил со плавуша за воланот, но за среќа останува неповредена. Жената: -Луда жено, зарем не можеше да ме заобиколиш? Плавушата: -Извинете, жено, но немав...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се