Макробиотика: нори-алга

Состојбата на нашето здравје треба секогаш да биде секојдневна лична, но и заедничка- колективна грижа. Особено ако се има предвид дека таа постојано се менува, од ден на ден, дури од час во час. Некои мошне аргументирано тврдат дека таа е алфа и омега на нашето постоење во минатото и денес: дека се што сме изеле и испиле вчера, како се што сме направиле и сме пропуштиле да направиме, влијае врз нашата моментна психо- физичка состојба.

Притоа особено се инсистира на рамнотежата помеѓу душата и телото. Нерамнотежата е состојба на болест или води кон неа , па ако не ја надминеме, ако брзо одново не воспоставиме рамнотежа, сигурно брзо ќе не наваса.

Не е непознато дека врз нашето здравје најмногу влијаеме преку исхраната. Стручњаците велат дека се што изедуваме, но и начинот на кој јадеме влијаат врз секоја наша ќелија, врз односот помеѓу нив, а тоа едновремено значи и врз севкупната, пред се психо- физичка состојба на нашето тело. Препорака е самите ние, во секој момент да имаме моќ да правиме избор и да ги менуваме своите состојби што ја генерираат општата. Со други зборови, да имаме свест дека сите болести, вклучувајќи ја и најопасната- ракот (карцином) е само состојба врз која можеме да влијаеме.

Се разбира, секоја болест не може да се излечи со едноставна промена на исхраната, но сигурно може да се доведе сопствената исхрана во хармонија со телото. Не можеме секогаш да влијаеме врз она што не опкружува, но можеме, прифајаќи го влијанието на опкружувањето, ефикасно да влијаеме врз состојбата во нас.

Некои нашата „внатрешност“ ја споредуваат со „градина“, па велат дека таа ќе биде убава и пријатно место или место преполно со плевел и ѓубре, што, пак, исклучиво зависи од самите нас. А најубавите градини настануваат со едноставно плевење на плевелот.

Еве препорака на една мошне важна состојка на макробиотската исхрана:

Суши со зеленчук од море-нори алга:

Оваа алга доаѓа од Јапонија. Таму редовно се наоѓа во секојдневната исхрана. Се користи за правење на суши (мал ролат од ориз и зеленчук), супи, јувки, гарнирање на салати и како зачин со соја-сос.

Нори-алгата, како и други алги, речиси нема калории, но затоа има минерали повеќе од која било друга храна. Посебно е здрава за бубрезите, органите за мокрење, и репродуктивните органи. Таа од нашето тело го чисти холестеролот. Бидејќи содржи и алгинска киселина, која не се ресорбира во човековото тело, но има својство силно да ги врзува сите тешки метали (арсен, кадмиум, олово и др.), го чисти организмот и го штити од негативното влијание на зрачењето. Потоа, го спречува развојот на вируси, херпес, ХИВ и тумор.

Господинот Мичио Куши препорачува еден лист на нори-алга дневно за добро здравје.

Оние што имаат проблем со тироидната жлезда треба да го консуслтираат својот лекар, бидејќи таа содржи јод.

Нори-алгата може да се исече во мали ленти и едноставно да се спушти во супа од зеленчук 5 минути пред крајот на вриењето. Освен нежниот вкус на морето, на супата ќе и додаде протеини, со кои е мошне богата.

Рецепт:

Се зема лист на нори-алга и на него, во слој од околу сантиметар дебелина, се нанесува ориз, оставајќи околу 5 сантиметри од алгата непокриени. На едниот крај, како за ролат, се сложува зеленчук (морков, праз, магдонос, претходно кратко бланширано и исечено на стапчиња). Се додава туршија исечена на стапчиња или умебоши паста. Се витка како ролат, претходно наквасувајќи го непокриениот крај со вода, за да се залепи. Така замотаната алга се сече на по 5 сантиметри.

Напомена:

Ако листот на нори-алгата е со црна боја, тоа е знак дека не е тостиран. Нори се тостира така што листот свртен со сјајната страна угоре се наднесува над слаб пламен-15 сантиметри над- и полека се тостира, поместувајќи го на секои 2-3 секунди, додека бојата не се промени во зелена.

Нори содржи: белковини 38,8 мг, калицум 390 мг, железо 12 мг, витамин А 14. 000 мг, витамин Ц 100 мг, како и цинк, натриум, јод...

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Џорџ Сантајана

Ако амбицијата и вредноста чекорат покрај вас, ќе станете некој.

Виц блиц

Пак му се оди

-Ех, што ми се оди пак во Париз... -Пак?! Па зарем некогаш си бил? -Ма не, ама и вчера ми се одеше...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се