Совети за добар почеток на нов ден. Говорот на крвната група.

Како секој нов ден да ви започнува со добар ден, не само како посакување при поздрав со друг? Учените сметаат дека најважни се три предуслови: ведрина на духот, план за негова најумна употреба и „говорот“ на крвната група.

Прочитајте внимателно:

1. Како да ја сочувате ведрината на духот

Не постои некој посебен рецепт за тоа, на пример физички или духовни вежби, макар што се знае дека каков било допир со природата и секојдневната комуникација меѓу луѓето му помага на човекот да се чувствува „помлaд“ отколку што навистина е. За улогата и значењето на спортот и рекреацијата во одбрана на здравјето и на здравиот дух исто така не треба да се трошат зборови.
За да знаете како може да се сочува ведрината на вашиот дух најнапред треба да ги знаете изразните карактеристики на ведрината.

За нив пишува Алфред Адлер во своето капитално дело „Познавање на човекот“. Тој, меѓу другото, истакнува дека луѓето кои имаат ведра душа не се секогаш нажалени и загрижени, а едновремено не прифаќаат туѓа загриженост и нажаленост. Напротив, тие на тоа се спротивставуваат директно, непосредно, значи со акција. На пример, макар со некоја ситница настојуваат да го разубават животот. Или со некоја работа која е навидум безначајна. Таквите луѓе се пред се „добри“, многу посакувани во секое друштво оти се многу пријатни.

Адлер вели: „Добрите луѓе ги чувствуваме не само во нивните активности, во начинот како ни се приближуваат, како говорат со нас, како се грижат за нашите интереси и работата за нив, туку и во сето нивно надворешно битие, во движењата на нивните лица и во нивното држење, во радосните афекти и во нивното смеење“. Тој го подвлекува токму смеењето кое прави суштински разлики помеѓу луѓето; едни воопшто не се способни за смеење, или се смеат со сила, со што нивниот живот се покажува само привидно радосен; од друга страна, луѓето со ведрина и радост предизвикуваат симпатија кај другите. На таквите луѓе ниедна тешкотија не им е „безмерна“. Секогаш зрачат со оптимизам, и во најмалите детали од секојдневниот живот ја бараат веселата страна. Она што е можеби најважно: таквите луѓе имаат изграден систем за одбрана на сопствениот ведар дух; ги бараат само убавите, добрите страни кај другите луѓе, а иднината им е поважна од сегашноста и минатото.

2. Како најумно да се употреби денот?

Всушност, прашањето е што се треба да се одбегнува, а што се прави за денот да не мине залудно, да не ве одмине?

Некои конкретни препораки на Др. Герхард Вензмер, авторот на во светот мошне популарниот „Домашен лекар“:

Наутро да се одбегнува: Станување во последен час; површно бришење на лицето со крпа за лице; појадокот истовремено со облекувањето и обувањето; bрзање на работа со џвакање на храната ставена в уста пред излегување од дома.
Наутро да се прави – применува: навремено станување; триење на целото тело или туш; кратко масирање со четка; бавен појадок со пријатен разговор; навремено тргнување на работа и без нервоза.

Напладне да се одбегнува: изгмечени сендвичи што обично се јадат брзо и невнимателно на работното место со расправање или читање на весник.

A се препорачува: да се јаде топло јадење и тоа по можност што поразновидно; потоа по можност половина час одмор или мала прошетка поради полесно варење на храната.
Навечер да се одбегнува: во работен костум (костум за канцеларија или за работилница) да се седне на столица со наслон и да се гледа телевизија, како и невнимателно да се голта тешка вечера пред тв-ектанот.

Треба да се знaе дека кога се легнува премногу доцна се јавува премореност, но сепак без волја за спиење што предизвикува површен и нервозен сон.
Се препорачува: по враќањето од работа дома – преслекување, и со тоа работниот ден да се „остави“. Тоа создава расположение поради завршувањето на работата; да се вечера лесно и без брзање, во кругот на семејството; вечерна прошетка или занимавање со некое закрепнувачко хоби; миење и навремено легнување в кревет, што обезбедува длабок, лесен сон.

3. „Говорот“ на крвната група

Дали е можно според крвната група да се одредат моралните, уметничките или прифесионалните вредности на луѓето?

Јапонецот Тошуката Номи го тврди токму тоа во една своја книга, што била бестселер во Јапонија во 1988-ma година. Иако нема ниту една научна потврда во прилог на оваа теорија, Јапонците поверувале во неа. Вие не морате да верувате, но можете да се забавувате со оној или онаа што ќе ви изјави: „Ти си моја крвна група“.

Еве ги толкувањата на Тошуката Номи:

1. Група А (РХ+)
Тоа се здодевни луѓе, студени, ситничави (дребничави) и љубоморни. Ги даваат најдобрите инженери, имаат независен дух и се многу свесни за своите вредности.

2. Група А (РХ-)
Интелигентни, чувствителни, работливи, вешти и меланхолични. Од оваа група произлегуваат најдобрите уметници. Поседуваат едновремено вештина, истенченост, но и тирански темперамент.

3. Група Б (РХ+)
Тоа се умни, возбудливи, одмазднички луѓе, под постојано влијание на месечината. Од оваа група произлегуваат најуспешните трговци.

4. Група Б (РХ-)
Луѓе со многу фантазија, големи мислители, догматици. Најчесто тоа се луѓе од законот. Поседуваат голема смисла за логично и желба за постојано учење.

5. Група АБ (РХ+)
Луѓето во чии вени тече оваа крв се прагматични. Полни се со дух, но и егоисти. Знаат да ја заинтересираат околината за себе. Од оваа група произлегуваат најдобрите професори. Имаат развиена фантазија и се под влијание на месечината.

6. Група АБ (РХ-)
Многу друштвени луѓе, бистри, креативни, и срамежливи. Mногу се романтични, но и пречувствителни. поседуваат се што е потребно за да се биде уметник.

7. Група О (РХ+)
Луѓе со ораторски способности, горди, пребрзи и пресметани. Добар полицаец најверојатно ја има токму оваа група. Луѓето со неа се доста самоуверени.

8. Група О (РХ-)
Припадниците на оваа крвна група знаат да им го завртат умот на другите. Поседуваат мошне жив дух. Заводливи се, знаат да понесат и да придобијат луѓе за себе. Амбициозни, сомничави, интелигентни и вешти. Оваа крвна група им прилега на политичарите.

9. О група со (РХ-), која инаку е многу ретка, ги има карактеристиките на другите групи, само многу посилно изразени од претходно споменатите.

А Леон Бардел (Leon Burdel) ја поставил корелацијата помеѓу крвните групи и музичкиот темперамент на поединецот. Ги сугерира следниве типови на луѓе и нивни реакции:

Група А – хармонични, хиперчувствителни, чувствителни на погрешни тонови;
Група Б – романтични, многу адаптибилни, методични и прилагодливи на секоја ситуација;
Група АБ – ги имаат особините на сите групи и тоа благо изразени;
Група О – методични и екстремисти.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Максим Горки

Живееме во желба да се богатиме или да стекнеме некое повисоко звање, но малку напор вложуваме за стекнување на повеќе знаење.

Виц блиц

На нудистичка плажа

Буле со родителите првпат е на нудистичка плажа. По 30 минути играње в песок доаѓа кај татко му и го прашува: -Тато, зошто некои чичковци ја имаат онаа работа поголема, а...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се