Десет мали трикови за полесно секојдневје Десет мали трикови за полесно секојдневје

Позитивно, решително и олеснително

Дали сте се прашале некогаш зошто некои што ги познавате се особено креативни и среќни? Докажано е дека причина, меѓу другото, е позитивниот поглед на светот.

А како се однесувате во деловниот свет? Сте рекле ли, подготвени ли сте за решително „Не“?

Доколку си го олесните секојдневјето со некои „ситни нешта“ што некои обиччно се нарекуваат трикови, сигурно ќе ви биде поолесно и за „Да“ и за “Не“, и за позитивен поглед на светот околу вас, а особено на оној пред вас.

Позитивниот поглед на светот гарантира креативност и среќа

Клод Моне (Claude Monet), еден од најважните импресионистички сликари, рекол дека неговата инспирација доаѓа од природата, од која црпи се што му треба за хармоничен живот. Тоа го потврдија и научниците кои советуваат одење во планини, шетање покрај море или престој в шума, зашто го ублажуваат разурнувачкото дејство на забрзаното секојдневје врз емоционалната состојба, го јакнат имунитетот, ги поттикнуваат опуштените мисли и смиреноста, поради што луѓето се посреќни.

Само поглед низ прозорец кон ведро небо може да ги поттикне хормоните на среќата. Сепак, долгорочното задоволство повеќето го бараат во материјалното. Но дека среќата не може да се купи со пари, докажаа и некои американски научници. Испитале 400 најбогати луѓе на светот и ги споредиле со Масаите, пастирски народ од Кенија. Без оглед на разликата, резултатите покажале дека обете групи се еднакво среќни.

Деловите од мозокот кои се заслужни за силното чувство на среќа дејствуваат на кратки патеки, па нов BMW или чевли Jimmy Choo ќе развеселат неколку часа, но набрзо тоа чувство ќе избледи.

Одењето в кино или на пијачка со пријатели може да го спаси животот зашто осаменоста го зголемува ризикот од тешки срцеви болести и депресија, покажува американската студија. Разговорите, смеата и дружењето го покачуваат нивото на окситоцин, невротрансмитер кој смирува и ги неутрализира последиците од стрес. Секоја интеракција со други, дури и необврзни разговори на минување го поправаат расположението. Пријателите се стекнуваат цел живот, но за пријателствата да останат цврсти треба да се вложи труд и време- да се одгледуваат како растение кое ќе овене ако не добие доволно сонце и вода;

Да се знае да се каже „Не!“ во деловниот свет е битно како и во животот

Во работата, како и во животот, е битно да се знае да се каже „Не!“. Ако врз себе преземате премногу додатни задачи, тешко ќе можете да ја вршите својата основна работа зашто ќе бидете пренатрупани. Внимавајте вашата подготвеност за помош и пресретливост да не станат предмет на искористување на вашиот шеф или колега. Новите предизвици на работа се едно, но сепак треба да се знае да се каже „Не!“ кога тоа го бара ситуацијата. Слепото исполнување на барањата на шефот или деловните партнери ве става во подредена положба, зашто луѓето со време ќе почнат да гледаат на вас како на без'рбетник кој ќе направи се за да ги задоволи своите надредени.

Преданото работење, упорноста и ентузијазмот се ценат во работата, но исто така вашиот надреден ќе ја цени вашата искреност кога ќе кажете дека нешто не можете да одработите ако сметате дека барањето е нереално и неизводливо. Поставете си цврсти граници, така што во секој момент да се знае под што не одите. Границата секогаш ќе ја поставите на висина за која мислите дека вредите. Шефот и колегите повеќе ќе ве ценат поради таквиот решителен став со кој покажувате дека со вас не може да се манипулира.

Кога ќе ја откриете моќта што се крие во едно „Не!“, си го отворате на себе си патот на вистинска деловна зрелост.

Индиректно не: ако сакате да одбиете одреден проект, тоа можете да го направите така што ќе почнете да се распрашувате за неговата вредност, вистинската потреба од таа задача, како и дали е тоа воопшто во духот на вашата фирма и за нејзина благосостојба. На тој начин започнувате разговор со кој давате на знаење дека во тој проект „Не!“ сакате да учествувате.

„Превработен сум“: ако навистина сте затрупани од тековни работи што ги обавувате и навистина немате време за никаква додатна задача, тогаш тоа кажете го јасно и гласно! Вашиот шеф сака да работите ефикасно и предано, а не поради вишок на товар на вашиот грб да почнете да грешите и да работите површно. Килавата работа никому не му е од интерес.

Директно не: тоа треба да се користи само во ретки ситуации. Некои луѓе користат извинувања како „семејни обврски“ за да одбијат одредена задача. Вистинските итни ситуации се едно, но не го користете „семејството“ пречесто.

Десет мали трикови за полесно секојдневје

Запомнете неколку ситници што ќе ви помогнат во секојдневјето, зашто корисни совети никогаш премногу.

Трик 1.

Кога ќе почнете да шиете со игла и конец, шприцнете малку лак за коса на врвот на конецот за малку да го затврдните и така полесно да го „воведете“ во ушичката на иглата.

Трик 2.

Ако им испраќате покана за забава во вашата куќа на луѓе кои никогаш не биле кај вас, додајте и фотографија на куќата со детални упатства како полесно да ве пронајдат.

Трик 3.

Кога ќе решите да разглобите некој предмет или уред за да го поправите, фотографирајте секој чекор на разглобувањето. Ќе ви го олесни повторното составување и ќе знаете што точно каде стоело.

Трик 4.

Дали сакате медот полесно да ви истече од лажичката? Пред употребата капнете малку масло на неа за медот да не се прими на лажичката, туку целиот да истече на саканото место.

Трик 5.

Дали некогаш сте се запрашале како да ги симнете пластичните ракавици без навлекување? Формулата за успех е едноставна: држете ги ракавиците под ладна вода неколку минути пред да ги симнете. Тие ќе се затврднат и ќе немате проблем со симнувањето.

Трик 6.

Ако имате дамки од вода на своите нови кожни чевли и не знаете како да се ослободите од тие грди флеки, пробајте да ги истриете со чиста крпа која претходно сте ја натопиле во раствор од вода и оцет. Односот е лажица оцет на мала шолја вода.

Трик 7.

Ви запнал шлицот и не можете да го отворите? Земете графитен молив и тријте го затворачот со шпицот. Графитот ќе ги подмачка запците и шлицот ќе го поправите без поголеми проблеми.

Трик 8.

Ова ќе звучи малку чудно, но намачкајте ги стаклата во бањата со пена за бричење и избришете ги со мека крпа. Со тој трик ќе го намалите замаглувањето на вашето огледало.

Трик 9.

Вашата омилена чаша има мали гребнатинки кои сакате да ги отстраните? Натопете крпа во забна паста и со неа истријте ги оштетените делови. Гребнатинките ќе исчезнат.

Трик 10.

Сте подготвиле ручек за семејството и рацете ви смрдат на лук? Најлесно ќе се ослободите од тој мирис ако ги триете рацете од некоја лимена површина на која не остануваат дамки- како кујнска славина. Исто така можете да ги истриете со сок од лимон.

Овие 10 мали трикови ќе ви помогнат во секојдневниот живот, ќе ви ги олеснат работите и ќе заштедите драгоцено време што потоа ќе можете да го искористите поквалитетно.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Наполеон Бонапарта

Од возвишено до смешно само еден чекор.

Виц блиц

На нудистичка плажа

Буле со родителите првпат е на нудистичка плажа. По 30 минути играње в песок доаѓа кај татко му и го прашува: -Тато, зошто некои чичковци ја имаат онаа работа поголема, а...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се