Различни корисни совети

СоветиОд многу совети глава не боли? Не, затоа што тоа не значи дека сите треба да се (пре)слушаат, уште помалку да се користат. Особено ако се имаат предвид и некорисните за едни, а корисни за други.

Сепак, се чини дека има совети и многу и малку кои секогаш треба да се имаат предвид, да се користат, практикуваат. На пример оние поврзани со успешно наоѓање на работа, особено во тешки економски состојби и времиња, за изразување- искажување на внимание, почит, љубов спрема (нај)блискиот, а особено оние што се однесуваат на зачувувањето или подобрувањето на вашето здравје.

Еве по некој од наведените групи на совети: за наоѓање на работа, подароци за оние што имаат се, за ефектите по здравјето на костеливото овошје и за уште некои други.

 

Како да минете добро на разговор за работа

Разговор-Џонатан Литман (Jonathan Littman) и Марк Хершон (Marc Hershon) напишале книга за начините за пронаоѓање на работа што ви одговара и ја насловиле мошне необично (се разбира и привлечно): „Мразам луѓе! Откачете се од надуени и нечесни дркаџии од работа и добијте го она што го сакате од вработувањето". Без оглед на навистина идиотскиот наслов, пораката е крајно едноставна: за да минете добро на разговор за работа, потребно е работодавците да ве засакаат, а не да ве замразат.

Еве неколку едноставни работи кои значат многу, а врз кои можете лесно да влијаете:

1. Немојте постојано да се смеете. Премногу насмевнување на разговор за работа се толкува како знак на нервоза и недостиг на самодоверба. Со други зборови, преправање, а тоа е нешто што на работодавецот никако не му одговара. Смејте се кога треба да се смеете, а на интервјуто бидете промислени и пријатни.

2. Немојте весело да прикажувате. Никогаш немојте да ја пополнувате тишината со безначајно зборување за вашата омилена серија или за вчерашниот натпревар или за нешто слично. Периодите на молчење се многу подобри од бесмисленото дрдорење.

3. Немојте да се потите. Ок, ова е полесно да се каже отколку да се направи, но барем можете да се обидете да не се облечете претопло. Никому не му влева доверба човек кој одговара на ваши прашања и интензивно се поти- и тоа се смета за знак на нервоза.

4. Немојте да лажете. Со невистини нема да добиете работа, а во разговорот за работа и најмало претерување се смета за лажење. Една лага може да го расипе целиот разговор, а искусниот испитувач ќе ја препознае и тоа ќе ви го каже в лице.

5. Не обидувајте се да бидете комичар. Ништо нема да знаете за лицето кое ве интервјуира, ниту најголемите афинитети, а камо ли неговиот смисол за хумор. Она што ви е вам смешно, може да изгледа сосема бесмислено во очите на другите.

6. Немојте да го трошите туѓото време. При секое интервјуирање работодавецот дава шанса и вие да го прашате нешто. Направете го тоа интелигентно, јасно и бидете во контакт со погледот со лицето кое го прашувате за да сфатите дали прашањето е добро примено. Ако поставите мноштво прашања за неважни работи, тоа ќе имплицира дека така ќе се однесувате и кога ќе работите- растурливо.

7. Не ги коментирајте другите кандидати, како ниту претходното работно место. Ако на сет глас се жалите на претходната работа, а својот поранешен шеф го нарекувате „ѓаволот лично", работодавецот поприлично ќе се замисли за тоа какво лице прима во својот колектив.

8. Немојте да бидете дребничави. Ако од стартот почнете да барате „посебна ергономска столица за вашиот болен грб" или за тоа дека „овде е неиздржливо топло", големи се шансите љубезно да ви заблагодарат.

Подарок за оној што има се

Деловен подарок-Што да му се подари на некој кој има се? Иако за жените цвеќето е секогаш добар подарок, а за мажите пенкало, најдобри подароци се оние што ги нема никој.

Благородничка титула, ѕвезда, семеен грб, архивски „Тајмс" објавен на денот и годината на раѓање на славеникот или можеби марка со ликот на драгото лице?

Моментно најинтересен подарок е секако благородничка титула (не се наследни) која најлесно може да се купи во Англија, па дури и да се порача преку Интернет. Цените се движат околу 25 фунти за сертификат дека некој е обичен маркиз или баронет. Титулата на шкотскиот феудален барон Мекдоналд не може да се купи за помалку од милион фунти. Во оваа област има многу измамници, па Здружението за зачувување на благородништвото и монархијата објави дека на продажба се лажни титули. Во 2007- ма година европската аристократија изгубила 200 милиони долари!

За најоригинален подарок минатата година во САД се прогласени фотобукви- фотографии од архитектурата или природата со кои може да се напише име или порака.

За некој да докаже дека не е „тиква без корен" може да купи семеен грб. Доволно е да се знае местото на потеклото и некој детал од историјата или каква вегетација расте во тој крај. Грбот може да се направи и преку Интернет, но е подобро кога ќе се порача од вистински хералдичар. Идејно решение на семеен грб обично чини околу 100 евра, а цената зависи од тоа на што се печати.

Здравјето и костенливото овошје

Речиси да нема друг продукт кој е толку мал, а обединува толку хранливи материи како костеливото овошје. Ореви, лешници, фстаци и др. не само што се мошне вкусни, туку се и мошне здрави. Богати се со масти, но станува збор за здрава комбинација на многубројни незаситени масни киселини. Тоа не значи дека треба да ги јадете во неограничени количества, но би можеле дел од дневните потреби од масти слободно да ги замените со овие плодови. Стручњаците препорачуваат 5 пати неделно по 30 грама. Наместо чоколадо, слободно грицкајте фстаци, а за пржење користете бадемово масло наместо маргаринн.

ЛешнициБадемиЛешниците ги јакнат нервите

Мешавина на витамин Б придонесува за нервна стабилност, а заедно со липидите и масните киселини го подобрува работењето на мозокот. Но тоа не е се: лешникот ги ублажува дури и хроничните тегоби зашто содржи прекурзори на хормонот на среќата серотонин, кои ја намалуваат чувствителноста на болка.

Бадемот спречува оштетување на ќелиите

Повеќето луѓе не внесуваат доволно витамин Е кој штити од воспаленија и спречува оштетување на ќелиите. Порција бадеми (околу 30 грама) ги покрива дневните потреби на организмот од овој витамин, а што позитивно се одразува на срцето. Освен тоа, бадемот содржи биотин, витамин кој благотворно дејствува врз кожата. Бадемовото масло ја негува кожата давајќи и мазност и сјај.

Оревите се добри за срцето

ОревиКикириткиОревот е ѕвезда помеѓу костеливите плодови, а за тоа постојат неколку причини: истражувањата покажуваат дека со редовно консумирање на ореви (една рака дневно) го намалува ризикот од заболување на срцето. За тоа се заслужни омега 3 масните киселини. Освен тоа, оревите се богати со елагинска киселина која има антиканцерогени својства и мошне ефикасно го неутрализираат дејството на слободните радикали кои ги уништуваат ќелиите на срцето, мозокот и кожата.

Кикиритката ги снижува притисокот и шеќерот

Дали сте чуле за аргининот? Станува збор за аминокиселини кои ги регулираат крвниот притисок, шеќерот и нивото на масти во крвта. Освен аргининот, кикиритката содржи и фолна киселина која го намалува ризикот од болести на срцето и депресијата, а ги спречува и деформациите на плодот во бременоста.

Кокосовиот орев идеален за спортистите

Кокосов оревИндиски оревиКокосовото млеко е богато со витамин Ц и минерални материи, поради што е исклучително згодно за спортистите. За разлика од другите костеливи плодови, кокосовиот орев има наполу помалку калории, но затоа содржи нездрави заситени масни киселини, па не е згоден за готвење.

Индискиот орев (кешу) го јакне имунитетот

Во 100 грама индиски ореви има дури 6 милиграми железо, што е мошне значаен податок за вегетаријанците и бремените жени. И поради тоа што содржи цинк овој вид на костеливо овошје се наоѓа во врвот на листата. Цинкот ја зголемува отпорноста на организмот на опасни предизвикувачи на болести, а особено го јакне лимфниот систем. Исто така содржи магнезиум кој ги опушта нервниот систем и мускулите. Индискиот орев е идеален за облагородување на вкусот на специјалитетите од Азија.

Бразилскиот орев ги јакне мускулите

Бразилски оревиФстациСамо 6 плодови содржат исто количество на белковини како шницла од 200 грама., а протеините ни се неопходни за изградба на мускулни и нервни ќелии. Што уште има во бразилскиот орев? Големо количество на селен кој штити од слободни радикали, врзува отровни материи и го подобрува квалитетот на сперматозоидите.

Фстаците ги штитат цревата

Познато е дека влакнестите материи создаваат чувство на ситост, го забрзуваат варењето и спречуваат рак на цревата. Не морате секогаш да јадете интегрални житарици и зеленчук за во организмот да ги внесете овие корисни материи. Консумирајќи ги вкусните зеленкасти плодови на фстаците, ќе го постигнете истиот ефект. Ако досега, поради зголемен холестерол, сте избегнувале да ги јадете, имајте го на ум следното: една американска студија покажала дека 47 фстаци дневно се доволни нивото на лошиот ЛДЛ холетсерол да се намали за 10%.

Ефекти на различни зеленчуци и овошја врз здравјето

Рудник на енергија

КомпирКомпирот е богат со глициди, супстанции кои на организмот брзо му обезбедуваат енергија, па им се препорачува на спортистите до 3 часа пред тренингот да јадат компир за да избегнат хидрогликемија и да го подигнат нивото на шеќерот во крвта во време на зголемен физички напор.

Компирот содржи и 22 минерала, пред се калиум, важен за правилна контракција на мускулите и работата на срцето, железо и магнезиум, чиј недостиг предизвикува чувство на умор, а не е занемарлива и содржината на целулоза која го забрзува работењето на цревата.

Црно грозје за појако срце

Црно грозјеЦрното грозје би требало често да се најде на трпезата пред се поради изобилството на калиум, витамини Ц, Б1 и Б6 и минералот манган. Освен тоа содржи флавоноиди кои го забавуваат згрутчувањето на крвта, го снижуваат лошиот холестерол и на тој начин го намалуваат ризикот од срцеви болести. Едно неодамнешно истражување покажало дека црното грозје го зголемува нивото на хормонот мелатонин, неопходен за добар сон, а високата концентрација на резерватол во неговата лушпа позитивно влијае врз моторните и менталните функции на мозокот, го намалува ризикот од мозочен удар и помага на флексибилноста и здравјето на срцевиот мускул. Некои истражувања покажаа дека оваа супстанција има важна улога во спречување на малигни болести и оти може да го забрза уништувањето на веќе постоечките ќелии на рак.

Чувар на простатата

КарфиолЈадете карфиол и сочувајте ја простатата! Тоа е совет на американски и канадски научници кои дошле до сознание дека овој продукт подобро го штити овој орган од сите други видови на зеленчук! Во прилог на ова тврдење е и податокот дека по испитувањето на 1300 пациенти се покажало дека оние кои еднаш неделно на трпезата имаат карфиол за 45- 52% го намалуваат ризикот да заболат од рак на простатата.

За подобро варење

Иако е познат како зачинско растение, коријандерот има и лековити карактеристики. Семето на ова зачинско растение се користи како алкохолен екстракт, прав или чај, а благотворно дејствува врз Коријандерварењето, отвора апетит и го олеснува искашлувањето. Во народната медицина се користи како средство против желуднички и цревни тегоби, а против кашлање се препорачува да се помеша со мед. Но, ако се користи неумерено може да има и наркотичко дејство.

Една лажичка на семе на коријандер да се попари со шолја врела вода и да се пие по јадење.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Јохан Волфганг Гете

Која влада е најдобра? Онаа што не учи да владееме сами со себе.

Виц блиц

Руски 90-годишници

Се возат двајца 90-годишни старци во московски трамвај. По некое време на молчење, едниот му вели на другиот: -Алексеј, дали си тоа ти?-Сум, а кој сте Вие?-Па, се сеќаваш, бевме заедно...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се