Митологија на Средна Америка- основни сознанија

Митологијата е еден од ретките „глобални светови". Не постои и најмало катче на планетава во кое не се „родила" некоја приказна (обично многу, обично изграден цел систем) со фантастична содржина, со јунаци богови, полубогови, херои и слично, а што претставува мит, легенда, традиција, усмено предание итн. Всушност, таа „најопшто и најлесно" ги објаснува настанувањето на вселената, природните феномени, со еден збор сите појави за кои не постои едноставно и логично објаснение (зависи од степенот на развојот на сознанието и знаењето).

Прочитајте повеќе:

Египетската магија

Во „Книгата на мртвите" постојат очигледни- експлицитни кажувања односно докази дека Египтјаните својот систем на магиски и религиозни верувања и го должат на некоја високоразвиена и напредна култура со која во раниот период на својата историја во еден момент имале „близок допир". Се работи за период од развојот на стариот Египет- преддинастичкиот и раниот династички, а за чие времетраење научниците имаат различни сознанија и тврдења.

Прочитајте повеќе:

Дрво на светот или Космичко дрво

Станува збор за митолошка претстава во старата сумерска религија која симболички ги поврзува небото, земјата и поднебјето. Со крошната го допира небото (царството на боговите, со кој владее Ану), со стеблото е во нашиот свет (со кој управува богот на молњата, демиургот Енлил), а корените му се во подземјето (царство на богот Енки или на божицата Нинхарасаг, според разни сфаќања на космичката тријада).

Митовите и приказите поврзани со дрвото на светот се преземени во вавилонско- асирското културно наследство.

Прочитајте повеќе:

Здравствена екологија*

Што е здравствена екологија? Иако е постојано присутна, особено со совети за здрав живот и предупредувања на опасностите по здравјето од загадувањето на водата, воздухот, почвата, храната..., се чини дека кај нас е сеуште малку позната како посебна мултидисциплинарна, јавномедицинска дисциплина. Освен медицинари, за нејзиното функционирање од витално значење се хемичарите, хемиските техничари, биохемичарите, санитарните инженери и техничари, биолозите, прехранбените технозлоци и многу други.

Напоредно со зголемувањето на потребите од енергија и суровини, во развиените земји расте свеста за зачувување на околината, како и колективното ниво на култура и хуманост. За жал, се уште не се вложуваат доволно напори за да се заштитат природата и нејзините ресурси од целосна девастација.

Прочитајте повеќе:

Кој бил „таткото“ на исламот Мухамед?

Абу'л-Касим Мухамед ибн Абдулах, основачот на исламот, е роден на 20.04.570-та година, а умрел на 08.06.632-ра година во Медина. Му припаѓал на родо„т Хашим, од племето Курејш.

За неговиот живот се знае малку. Останал рано без родители. Во раната младост патувал со стриковците поради трговија, а веројатно на тие патувања, особено низ Сирија и Месопотамија, се запознал со христијанството и еврејството, што влијаело на неговото подоцнежно учење. Преданието говори дека во својата 40-та година Мухамед почнува да проповеда нова монотеистичка религија, чиј главен извор е небеската книга Куран, испратена од Алах преку ангелот Џибрил.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Марк Твен

Човек кој не чита добри книги нема никаква предност во однос на оној што воопшто не знае да ги чита.

Виц блиц

Снаа и свекрва

Имала жена син и тој се оженил. Првото утро свекрвата седнува и пие кафе, па и вели на снаата: -Знаеш што, снао, морам да ти кажам... Снаата: Добро, само ти кажи ми. -Знаеш,...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се