Рекреација во природа*

Одржувањето на телесната кондиција донесува многу благодати- ослободува од стрес и напнатост, го спречува дебелеењето и го „топи" вишокот на килограми, умее да предупреди многу болести, не прави расположени и опуштени.

Пролетта и летото се идеални да се позабавиме со своето тело. Кој било вид на рекреација на отворено да изберете, водете сметка за темпото со кое почнувате.

Повеќемесечното пладнување без ронка физичка активност ги умртвило мускулите, па треба постепено да се подготват за напорите на кои имате намера да ги изложите. Во спротивно, пливањето, планинарењето или возењето на велосипед, наместо задоволство, можат да ви го загорчат уживањето поради болките во мускулите и зглобовите или повредите.

Прочитајте повеќе:

ОФРА ХАЗА

Офра Хаза (хебрејски:, עפרה חזה; арапски:: عوفرة حازة) е родена на 19. ноември 1957., а умре на 23. февруари 2000 година. Била 9-то дете на ерменско-еврејски доселеници во Израел, во јужното предградие на Тел Авив. На 12 години нејзиниот пејачки талент го открил агент на детскиот театар „Белазел Алони“.

Прочитајте повеќе:

Аргентинско танго

Знаете ли да играте аргентинско танго? Знаете? Браво! Е, па, за тие што не знаат, а и за сите што малку знаат за него- неговата историја, развојот, неговиот „говор“, симболика...

Аргентинското танго или „љубовна приказна во три минути“, како што го нарекуваат многумина, потекнува од Аргентина, а извршило големо влијание врз поезијата, драмските уметности, модата, сликарството, архитектурата... 

Прочитајте повеќе:

Вежбањето и здравјето

Вежбањето може да биде штетно доколку вежбате лошо, неправилно, спротивно на „редот и обичајот“. Може да ви помогне и избор на спорт според крвната група.

Експертите предупредуваат дека не е доволно да се отиде во првиот фитнес центар, зашто погрешниот избор на рекреација, кој не е соодветен, може да донесе повеќе штета одошто корист.

Научни истражувања докажаа дека е добро видот на вежбите да го избирате според вашата крвна група.

Прочитајте повеќе:

Фудбалерите и интелигенцијата

Дека фудбалерите се паметни луѓе се покажало многупати досега, и на теренот и надвор од него, а особено кога треба(ло) да се изведе некоја мајсторија за да се направи пресврт во играта.

Прочитајте повеќе:

Antonio Vivaldi (Антонио Вивалди)

Antonio Lucio Vivaldi е италијански композитор и виолинист од времето на барокот. Рроден е во Венеција на 4. март 1678., а умрел во Виена на 28. јули 1741. година..

Компонирал 425 концерти за солисти и оркестар (од нив 228 за виолина), 61 concerto grosso, 23 симфонии, 46 опери, 38 кантати, ораториум и црковна музика. Негово најпознато дело е секако „Четири годишни времиња“ (Le Quattro Stagioni), создадено во 1723. година.

Прочитајте повеќе:

Историја на голфот

Голфот се игра со векови. Едни сметаат дека неговото потекло е во играта „паганица“ од времето на Римското царство, а други дека тој се развил од француската игра „jeu de mail“ или холандската „kolvena“.

Меѓутоа, нема сомнеж дека пионери на голфот биле Шкотите. Тие го одредиле и приборот за голф и изгледот на теренот за игра, а ги поставиле и темелните правила кои во голема мера важат и денес.

Прочитајте повеќе:

Georg Friedrich Haendel (Георг Фридрих Хендл)

Георг Фридрих Хендл (гер.Georg Friedrich Händel, англ.George Frideric Handel) е роден на 23. февруари 1685. во Хале, војводство Магдебург, а умрел на 14. април 1759. година. Речиси целиот полнолетен живот го минал во Англија, а британски државјанин станал на 22. јануари 1727. година.

Прочитајте повеќе:

Настани кои оставаат трага, некои и неизбришлива

Трагите во спортот често траат само една сезона, односно додека се случува, додека не се заврши натпреварувањето. Често само додека натпреварот  трае. Се разбира, оние „нај“ не може да се „третираат“ како траги, бидејќи не се „зад“ постигањата, туку се тоа самите- достасани врвови.

А дали во тековните настани и случувања, како и оние што претставуваат нивна најава може да се предвидат или претпостават, однапред да се„видат“ траги, плитки или длабоки сеедно?

Од пренесеново сами проценете го или измерете го нивното траење. 

Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Twitter Дисплеј

Умност

Аристип

Убавата ќе те предаде, грдата нема да ти се допаѓа; сиромашната ќе те упропасти, а богатата со тебе ќе владее. Ете, избери што најлесно ќе поднесуваш.

Виц блиц

Топки, спорт и позиција

Едно истражување покажало дека невработените луѓе од спортовите најмногу се интересираат за кошарка; социјалните работници и волонтерите за куглање; работниците на лента најмногу за фудбал; надзорниците најмногу се интересираат за...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се