Одамна се знае дека врвните спортисти се обично поинтелигентни, посилни и повешти од другите. Најдобрите фудбалери имаат способност да го предвидуваат текот на мечот и да бидат на вистинското место во вистинско време. Во тоа многу не им помагаат паметните копачки. Одамна се знае дека врвните спортисти се обично поинтелигентни, посилни и повешти од другите. Најдобрите фудбалери имаат способност да го предвидуваат текот на мечот и да бидат на вистинското место во вистинско време. Во тоа многу не им помагаат паметните копачки.

Фудбалерите и интелигенцијата

Дека фудбалерите се паметни луѓе се покажало многупати досега, и на теренот и надвор од него, а особено кога треба(ло) да се изведе некоја мајсторија за да се направи пресврт во играта.

Одамна се знае дека врвните спортисти се обично поинтелигентни, посилни и повешти од другите. Најдобрите фудбалери имаат способност да го предвидуваат текот на мечот и да бидат на вистинското место во вистинско време. Во тоа многу не им помагаат паметните копачки.

Имено, иако ги бие глас дека не се баш „најбистри“, една студија на шведски научници покажа дека професионалните фудбалери постигнуваат врвни резултати на тест на интелигенција. Дури се потврди дека тие спаѓаат во еден од најпаметните слоеви на населението. Најдобрите играчи размислуваат побрзо и покреативно од оние што не се занимаваат со спорт.

„Фудбалерите се интелигентни. Понекогаш ни изгледаат глупави само поради недостиг на адекватно образование. Нашите податоци покажуваат дека невропсихолошките тестови можат да го откријат капацитетот на играчите да напредуваат во фудбалот. Оваа студија ќе го промени начинот на кој се анализираат и посматраат спортовите со топка и како ќе бидат избирани идните таленти“, наведува еден од авторите на студијата објавена во журналот PloS One.

Студијата на шведските научници содржи резултати од тестови на когнитивните функции на мозокот, на кои фудбалерите покажале врвни резултати.

Тоа е уште една потврда дека спортот, науката и медицијната во овој-21. век се нераскинливо поврзани, а резултатите на одделни истражувања соборуваат многу предрасуди.

Еден од авторите, Торбјорн Вестберг, во интервју за „Тајмс“ наведува дека фудбалерите можеби само изгледаат глупави, но се мошне паметни:

„За да бидеш фудбалер мораш да имаш добри физички предиспозиции и брзина. Но тоа е се залудно ако немаш памет како тоа да го искористиш. Тие не се глупави, тие се мошне паметни. Нивниот проблем е што со фудбал почнуваат да се занимаваат од мали и така го запоставуваат образованието, па понекогаш знаат да делуваат глупаво“.

Користени се стандардизирани тестови за мерење на извршните функции на 31 маж и 26 жени кои се занимаваат со фудбал. Тие се ангажирани од 26 тимови на шведската Allsvenskan лига и уште од 5 прволигашки тимови. Играчите од обете групи покажале далеку подобри резултати од лицата кои не се занимаваат со спорт, а Allsvenskan фудбалерите се рангирани во првите 5% од вкупната популација. Тие исто така ги надминале своите колеги од првата лига. Истражувачите потоа следеле како играат најинтелигентните помеѓу нив и колку голови даваат. Утврдено е дека помеѓу 2008. и 2010. година најпаметните играчи имале најдобар учинок, дури и кога научниците ги зеле предвид годините и позицијата.

Интересно е дека постои директна поврзаност помеѓу рангот на натпреварување и „паметните“ фудбалери, па така е утврдено дека играчите кои настапуваат во посилни лиги постигнуваат подобри резултати што опаѓаат кај оние кои настапуваат во пониски.

Меѓутоа, студијата за „паметта“ на фудбалетите се уште не дала одговори дали занимавањето со фудбал им ги подобрило менталните функции или тие тоа го наследиле генетски, па потоа почнале да „трчаат по топката“. Шведските научници веруваат дека е најверојатно во прашање комбинација на тие два фактора.

Што се однесува на копачките, тие се само еден од призводите на германската компанија „Адидас“ што претставуваат „иновации за да се остане во врвот“. Копачките се продаваат од минатата година (2011) во Латинска Америка, Азија, Европа и Америка, а се креирани со цел компанијата да задржи третина од уделот на пазарот, кој според проценките вреди 5 милијарди евра годишно. Тие се верзија на моделот „Adizero f50“, претставен во 2010. како најлесни копачки на пазарот. Во себе имаат вграден 8-грамски чип кој во компјутер или на мобилен телефон испраќа податоци за максималната брзина на играчот, просторот кој тој играч го покрива во текот на играта и бројот „спринтовите“, и тоа во сите насоки од 360 степени.

 

2012-04-10

Повеќе во оваа категорија: За најпопуларниот спортист во Русија »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Фридрих Вилхелм Ниче

Качувајќи се на планината на вистината, никогаш не се качувате залудно: ако денес не сте достигнале повисока точка, вие сте ја тренирале својата сила, така што утре ќе можете да...

Виц блиц

Писмо на плавуша

Му пишува плавуша писмо на својот син: „Мил синко мајчин, Ти го пишувам писмово за да знаеш дека ти пишувам. Ако го добиеш, значи стасало. Ако не, јави ми за повторно да...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се