Вежбањето и здравјето

Вежбањето може да биде штетно доколку вежбате лошо, неправилно, спротивно на „редот и обичајот“. Може да ви помогне и избор на спорт според крвната група.

Експертите предупредуваат дека не е доволно да се отиде во првиот фитнес центар, зашто погрешниот избор на рекреација, кој не е соодветен, може да донесе повеќе штета одошто корист.

Научни истражувања докажаа дека е добро видот на вежбите да го избирате според вашата крвна група.

Изборот е секогаш индивидуален, а треба да се избира пред се според старосното доба и кондицијата. Најризично е кога по подолг период мирување, без претходни подготовки, наеднаш се „фрлите“ на некој спорт. Притоа, чести се истегнувања на тетивите, разни контузии, но и скршеници. Некогаш доаѓа и до акутен застој на срцето, а за жал, во голем процент тоа значи смрт.

По повреда, најчесто се препорачува пливање, потоа одење и трчање, а спортовите, вклучувајќи ги и оние со контакт со соиграч, се препорачуваат по целосно опоравувањ

Внимателно со рекреацијата. Треба да се почне со половина оптоварување, зголемувајќи го постапно. Во трагањето за праг на толеранцијата може да помогне самиот организам. Не е приоритет да се извлече максимумот, туку да се вежба редовно. Оптимално е два- три пати неделно. Ако поради патување или болест прекинеме, пак стартуваме од нула.

Болката во текот на вежбањето е всушност пријател кој опоменујва дека со нашиот организам се случува нешто лошо. Во случај на силни болки во градите или недостиг на воздух, вежбањето мора веднаш да се прекине. Следното што може да се случи е грч на крвните садови, а тој воведува во инфаркт. Од аспект на здравјето на срцето поопасно е повременото занимавање со спорт, одошто целосна апстиненција.

Конкретно:

Кај оштетувања и болести на `рбетниот столб спортовите кои подразбираат неправилна положба на `рбетот или кревање на товар можат да доведат до дискус хернија, па и до одземање на екстремитетите. Кај состојбите по фрактура, каде што не дошло до целосно зараснување, не само на коските туку и на тетивите, пациентот може да заработи и потешка повреда од почетната. 

Може да помогне масажата, и тераписката, и спортската и хигиенската. Спортската масажа се применува пред, но и по тренингот, за да се зголеми истекувањето на лимфата и венската крв. Тоа го забрзува локалниот метаболизам, па побрзо се отстранува млечната киселина која преизвикува болки во мускулите. Освен тоа, се зголемува ресорпцијата на отокот, лачењето на лојните и потните жлезди, еластичноста на кожата, контрактилноста на мускулите, го намалува заморот.

Воопшто, вежбањето би требало да биде дел од рутината цел живот. Од причина што мускулниот тонус се одржува само на тој начин. Физичката активност е особено важна за постарите, за да се остане во добро здравје.

Притоа се познати- препорачливи некои општи правила:

Никогаш не треба да се вежба во најтоплиот дел од денот, туку рано наутро или навечер. Два до три часа пред и по рекреацијата не треба да се јаде. Пред треба да се изеде лесен оброк, најдобро составен од јаглеродни хидрати, за вежбачот да има сила. Внес на течност е пожелен, но не премногу.

Една од најголемите заблуди е дека времето потрошено за вежбање е изгубено. Напротив, освен што ја поправа „биохемијата“ во крвта (ги снижува шеќерта, маснотиите, триглицеридите) и така ја спречува појавата на кардио- васкуларните болести, рекреацијата го поправа дишењето, ги јакне белите дробови и дава енергија за сите останати животни активности.

А ако сакате да бидете физички поактивни, но се уште не сте го избрале спортот или видовите на вежби за да започнете здрав живот, може да ви помогне докажаното со научни истражувања: добро е видот на вежбите да го избирате според крвната група.

Крвна група 0:

На нултата крвна група и одговараат интензивни спортови и исцрпувачки тренинзи. Победите и физичкиот напор ви се неопходни, зашто во спротивно станувате тажни, депресивни и лесно нафрлувате килограми. Ви одговараат вежби кои се прават во група, а тоа се аеробикот, степ- аеробикот, вежбите за обликување на телото, танцот, боречките вештини...

Крвна група А:

Ви одговараат тимските спортови, зашто имате одлични односи со луѓето и лесно надминувате секој судир. Физички активности ви се неопходни за да се ослободите од стресот, но и да стекнете нови познајници. Можете да се определите за јога, пливање, гимнастика, брзо одење, возење на велосипед, лизгање...И сето тоа да го правите во друштво. Запомнете, исцрпувачките тренинзи не се за вас.

Крвна група Б:

Како голем индивидуалист, вие сакате да вежбате сосема сами и само кога вам ви одговара. За вас се најидеални јогата и џогирањето.

Крвна група АБ:

Вие сте урамнотежени и смирени, а вашите реакции се по малку забавени, па не ви одговараат спортови кои бараат брзи рефлекси или брзи реакции. Вежбајте на отворено, на свеж воздух. Ви одговараа трчање, брзи прошетки, возење на велосипед, скијање и лизгање.

 

 

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Овидиј

Коњ кој долго време стоел, нема добро да трча.

Виц блиц

Добар ручек

-Мила, што имаме денеска добро за ручек? -Не знам, миличок. На конзервата немаше етикета.

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Пробајте ја нашата нова страна. Влатко М.

Најава или Регистрирај се