Спортовите и здравјето

Нема сомнеж дека спортувањето воопшто, и професионалното и рекреативното, придонесува за психо- физичката стабилност и капацитет на човекот. Притоа е особено важно да се води сметка за континуитетот и постојаниот, константен ритам. Но и за некои други не помалку важни нешта.

Во овој прилог подетално за придонесот на спортовите во подобрувањето на менталното здравје.

Што велат експертите и спортските работници за условеноста на здравиот дух и здравото тело од спортувањето воопшто и одделните спортови?

Освен телото, физичкото вежбање го јакне и духот- заедно со телесниот се развиваат и менталните способности. Меѓутоа, секој спорт различно дејствува на тој план. Некои и воопшто не дејствуваат.

Еве кои спортови поттикнувачки дејствуваат врз вашиот мозок:

Трчањето е добро за кондиција, но и за координација на движењата. Доколку трчате на отворено, може да избирате и терени и патеки, а совладувањето на пречки на различни видови терени ќе дејствува стимулативно. Се подразбира дека овој ефект ќе биде поголем ако ги менувате патеките.

Одличен избор е пливањето. Тоа целосно ве опушта, уживате во секое движење, целата кожа е константно стимулирана, секое движење активира некоја група на мускули. Се разбира дека нема да го стимулира мозокот колку и решавањето на интегрални равенки, но помеѓу спортовите е еден од најфесикасните мозочни стимулации.

Возењето на ролерки бара константно внимание. Рамнотежата и чувството за ритам се неопходни, а постојат и други учесници во сообраќајот поради кои се неопходни добра концентрација и одлични рефлекси. Возењето на ролерки го подобрува забележувањето на ситни детали.

Шетањето или брзото одење ја подобруваат координацијата на движењата, а бидејќи обично се вршат надвор сите сетила се активни. Сепак, со оглед дека ваквиот вид на движења е генетски утврден систем, мозокот не е многу оптоварен, па е добра идејата постојано да пронаоѓате нови патишта.

Возењето на велосипед е уште еден од спортовите кои ја подобруваат рамнотежата и координацијата на движењата. Како и при шетањето и трчањето, мозокот ќе биде најдобро стимулиран доколку пронаоѓате нови патишта, наместо да возите секогаш по иста патека.

Аеробикот, како и степ аеробикот, тае- бото, пилатесот и слични спортови ви ја подобруваат издржливоста и држењето, како и концентрацијата, координацијата на движењата, чувството за ритам и ориентацијата во простор. Сето тоа дејствува стимулативно врз мозокот, а додатен бонус е ако вежбите не ги правите секогаш според ист редослед, како и ако не правите секогаш исти вежби.

Качувањето е уште еден од спортовите чии движења ни се вродени. Сепак, бидејќи истовремено работат повеќе групи на мускули, плус и со постојано допирање на тлото (по можност што почесто ново) го стимулира сетилото на допир, за мозокот ваквиот вид на активност е стимулативен.

Танцот не е буквално спорт, но е физичка активност, и тоа мошне стимулативна за мокозот: стандардниот танц, латино танцот, хипхопот, стомачниот танц, може и фолклорот. Воопшто не е битно кој танц е во прашање. За секој се неопходни координација на движењата и издржливост, а се вежба и флексибилноста на мускулите. Плус со музика се вежба и чувството за ритам, брзината и способноста на реакција, а комбинациите на движењата- танцови чекори кои можат да бидат прилично комплицирани, го мобилизираат мозокот.

Брзото одење на скии исто така не е буквално спорт, меѓутоа е одличен тренинг на издржливост на целото тело. Се увежбуваат координација на движењето, чувство за ритам и рамнотежа, плус се работи за движења кои не ни се вродени, што е додатна стимулација за мозокот. Се развиваат и чувството за ориентација во простор, како и вештината на одење на снег, што е мошне поттикнувачко.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Хенрик Јохан Ибзен

Духот на вистината и слободата - ете, тоа се столбовите на општеството.

Виц блиц

Хакерски

Одат двајца хакери низ улица и здогледуваат исклучително згодна девојка. Едниот вели: -Гледај какви оваа има Properties! Другиот: -Џабе ти е, кога е read-only! 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се