За првиот освојувач на Монт Еверест

Сер Едмунд Хилари почина во 88-та година на 11.01.2008. Тој е првиот човек кој, заедно со Тенсинг Норгај, на 29-ти мај 1953-та година го освои врвот на светот, хималајскиот Монт Еверест, висок 8.848 метри.

„Сер Ед себе си се опишуваше како просечен Новозеланѓанец со просечни способности. Всушност, беше џин“, изјави по повод неговата смрт новозеландската премиерка Хелен Кларк, и нагласи: „Беше тоа јуначка личност која не живееше само решително, туку и понизно и великодушно“.

Подвизите на тој човек, висок 1,90 м, со весело лице кое денес ја краси австралиската банкнота од 5 долари, „продолжуваат и денес, како и во изминатиот половина век, инспирирајќи нови генерации на Новозеланѓани“, рече премиерката.

Знамињата на Нов Зеланд беа спуштени на половина копје, а во втората татковина на Хилари, будистичкиот Непал, шерпасите и народот се молеа Сер Едмунд да се реинкарнира како човечко суштество.

„Вистинската оставнина (на Едмунд Хилари) и она што го прави вистински јунак, е тоа што на Непал му даде мостови и школи кои ги изгради“, рече британскиот алпинист Грахам Хојланд.

„Го сметавме за втор татко“, изјави Зимба Зангу, потпретседател на Алпинистичкото здружение на Непал.

Хилари го основа заводот Himalaya Trust, кој собра околу 250.000 долари за година дена и лично градеше школи, болници, мостови, дури и воздухопловна писта.

„Беше вистински, извонреден јунак, џин без граници, кого ќе го паметиме како истражувач, пионер и водач“, рече Гордон Браун, премиер на Велика Британија која ја финансираше експедицијата на Хилари.

Успехот на експедицијата беше објавен на 2-ри јуни 1953-та, на денот на крунисувањето на тогаш младата британска кралица Елизабета II, која подоцна на Новозеланѓанецот му ја додели благородничката титула.

По историското искачување, а по враќањето во логорот, Хилари ја симна маската и поздрави со насмевка со гримаса, запишал во својот дневник за историското искачување членот на експедицијата Џорџ Лоу. „Седна на ледот и рече, со само нему својствената едноставност: Ете, го освоивме, мршата“, запишал Лоу.

За експедицијата во 1953-та година биле потребни 350-мина носачи да пренесат 10 тони материјал во логорот. Хилари и неговите придружници морале сами да го откриваат патот. Морале да совладаат една по една пречка, без помошта со каква што денес располагаат алпинистите.

Во 2003-та година, при одбележувањето на своето славно искачување, Хилари самиот себе си во списанието National Geographic се опиша како „стар Новозеланѓанец кој се забавуваше откривајќи неколку предизвици во својот живот; победата на Еверест ми се чини помалку важна во споредба со другите активности кои го обележаа мојот пат, посебно со оние кои ги направив за да им го подобрам животот на моите пријатели шерпасите“.

По повод 50-тата годишнина од историското искачување, Хилари, кој се прослави и со други експедиции, на пример на Јужниот пол, изрази жалење што прекрасните Хималаи денес се комерцијализираат. За 54 години околу 3.500 луѓе го освоија Еверест по јужниот пат кој е полесен, со влегување од Непал, но по северен пат од Тибет. Планината се промени, местимично станувајќи одлагалиште на испразнети боци со кислород.

Рекоа за Сер Едмунд Хилари:

Главниот секретар на Комонвелтот, Новозеланѓанецот Дон Мек Кинон:

„Беше водач...кој ниту животот, ниту себе си ги сфаќаше премногу сериозно. Беше цврст и скромен, вистински јунак“.

Шерпасот Анг Рита (60) во Катманду:

„Палам кандило и се молам за негова инкарнација во човечко суштество“.

Австралискиот милионер, авантурист и филантроп Дик Смит:

„За мене тој беше најголем авантурист на 20-от век“.

Австралискиот алпинист Тим Макартни-Снап, двапати освојувач на Еверест:

„Славата воопшто не го промени, само ја искористи за да му помогне на непалскиот народ. Беше голем хуманист. Округот Солу Кумбу во Непал долго ќе ја оплакува неговата смрт оти многумина луѓе кои денес таму живеат, млади луѓе, ги посетуваа Хилариевите школи или животите им беа спасувани во медицинските установи кои тој ги финансираше“.

 

Извор: фото

Медија

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Др. Спенсер Џонсон

Ништо не е побезнадежно од планирањето на радоста.

Виц блиц

Средство против вијагра

Влегува човек в аптека и прашува: - Имате ли некое средство против вијагра? Ни умре дедото па не можеме да го затвориме сандакот.

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се