Кој ја направил првата топка?

Првите спортски тимови се собрале уште пред 3.500 години во Средна Америка. Градовите, церемониите и дневниот живот на цивилизацијата на Маите биле свртени кон грубата игра која претставувала многу повеќе од натпреварување. Во „играта на животот и смртта" преживувањето на тимот зависело од крајниот резултат на натпреварот.

Цивилизацијата на Олмеките прва ја направила топката од гума која ја добиле од каучуково дрво и која можела да отскокнува. Големината на топката варирала од сосема мали до големина на топка за плажа. Тежините исто така варирале, во зависност од големината, а можеле да тежат и до 4 килограми.

Најнапред топките биле целосно исполнети. Поради тежината потешко отскокнувале, па Маите се досетиле дека тие би требало да бидат шупливи. Така, околу човечки череп обмотале ленти од гума и добиле топки кои многу подобро отскокнувале од оние исполнетите.

Позната е техниката на изработка на гума за вакви видови на топки.

Во кора од дрво со остри коски би се изрежале длабоки вертикални линии, така што тие да се пресекуваат во дијагонални канали во кои се ставала течна маса што ја нарекуваме латекс. Латексот низ вертикален канал би истекол во кантички кои би се поставиле на неговото дно.

За латексот на топката подобро да отскокнува, во него се додаваат сокови од растението слак, што го добивале со гмечење на неговите лисја и цветови. По додавањето, смесата се оставала 10 минути да мирува и да коагулира во цврста маса-гума. Така добиената смеса можела да се формира во кој било облик, а по неколку минути сосема би се стегнала и повеќе не би можела да се распадне.

За играта со топка

Игралиштето на кое оваа игра се играла било во форма на големата буква И, изградено од камен и бојосано со жешки бои. Од левата и десната страна се наоѓал ѕид, а на неговиот средишен дел стоел обрач чиј внатрешен пречник бил само малку поголем од пречникот на топката.

Освен што бил центар на драматични настани, игралиштето претставувало моќ и богатство на градот.

Целта на играта била да се уфрли топката низ обрачот високо на ѕидот, положен вертикално (за разлика од обрачот во денешната кошарка, каде што е положен хоризонтално). Се чини дека топката се удирала и со колковите. Штом таа ќе минела низ обрачот, играта била завршена.

Животот на луѓето на старите цивилизации во Средна Америка бил вечна борба помеѓу доброто и злото. Верувале дека единствен начин сонцето и натаму да им свети, и натаму да имаат добра жетва, како и да го одржат доброто здравје, бил на боговите да им се принесат човечки жртви-капитенот на губитничкиот тим во играта со топка.

Всушност, начинот на жртвување и бројот на жртвите варирал од цивилизација до цивилизација. Најчест бил спомнатиот, но кај некои се жтрвувал капитенот на победничката екипа, а кај оние најригорозните се жртвувал и целиот тим! Сепак, човечката жртва не се принесувала баш по секој натпревар.

Од друга страна, оној што би успеал да го погоди обрачот добивал најголеми можни признанија, но сепак најценето од сите било тоа што докажал дека токму тој е со најдобро здравје и оти е најдобар и најсилен.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Франц Кафка

Безработицата е извор на сите мани, круна на сите добродетелства.

Виц блиц

Тешко му е да гледа

Трпе оптегнат на троседот и се обраќа на Трпејца: -Трпејце мила, тешко ми е да те гледам како само работиш и се мачиш. Те молам, затвори ја вратата од кујната! 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се