Огниште

Моето огниште е старо
и на него, откога го согледав
семејното стебло,
гори оган кој,
што да се случува
околу мене,
еднакво во мене,
не дозволувам никој
да го угасне.

Твоето огниште
е старо исто колку моето,
но на него, откога се најде
во мојата срцевина,
нема кој да запали оган,
па твоите спомени
покрај него
почнаа да студенеат,
да венеат, да се сушат.

Огнот на нашето огниште
не гори со спокојни
пламени,
не почнува од моето тело,
не завршува во твојата страст,
ниту го продолжува
рожбата наша
се додека и во моето
и во твоето огниште
не запалиме огнови
еднакви се до вишно небо,
единствени
во жарта и пепелта
што ќе останат по нашиот
замин
во непрегледни беспаќа,
испратени од замолк
во неврат.

Сепак, нашево огниште
успеавме навреме
да го обградиме со зборови
несогорливи, несопирливи,
несоборливи,
да го заживееме со игра
неизмерна, неисцрпна,
изворна,
што да не му можат ништо
ниту разлутени ветришта,
ниту самоволни молскавици.

Прочитајте повеќе:

Работи и/или создавај денес за утре

Во изминатите социјалистички и првобитнокапиталистички децении се изнаслушавме и изнагледавме за "напред, не назад", за препород, за силно и чесно, да се остане човек (се мисли пред се во политиката и власта) и уште што се не друго. Се разбира, мислам на предизборните кампањи, особено за парламентарните избори по кои народот се определи за „препород во 100 чекори“.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Душан Радовиќ

Се плашам од оние кои повеќе можат одошто знаат. Ако им се спротивставиме, тие ќе ни покажат дека уште повеќе можат одошто знаат.

Виц блиц

На нудистичка плажа

Буле со родителите првпат е на нудистичка плажа. По 30 минути играње в песок доаѓа кај татко му и го прашува: -Тато, зошто некои чичковци ја имаат онаа работа поголема, а...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се