За убавите жени

Таа е предизвик, ја негира, ја ништожува рамнодушноста во нејзината пројава, изнудува восхит и одбрани зборови, радост и занес. Таа привлекува срамежливи и срамни погледи, страст во немост.

Големиот Шекспир, како и сите големи и мали луѓе во минатото и сегашноста, запрел, се задумал пред нејзината убавина и напишал:

„Таа е убава и поради тоа што не привлекува. Таа е жена токму за да се освои".  

А што ја сочинува нејзината убавина? Ве задоволува ли мислата на прочуената Коко Шанел:

„Годините не се важни. Жената може да биде прекрасна во дваесеттата, шармантна во четириесеттата и неодолива во остатокот од животот."?

Прочитајте повеќе:

Знаењето и волунтаризмот*

Ако се обидеме реално да ги согледаме и промислиме идеолошките платформи односно програмските заложби на постојните „главни“ и „споредни“ политички партии (нови тешко дека ќе се јават во меѓувеме), лесно ќе дојдеме до поразително сознание: дека со нас, со нашава држава и во наредниот период многу повеќе ќе владее волунтаризмот одошто знаењето.

Тоа едновремено значи дека со помош на „ново-старите“ (сеедно за кого ќе го дадеме својот глас на следните избори) и натаму ќе „летаме в место“, несигурната иднина, па и бесперспективноста натаму ќе ни бидат „зацементирани“. И натаму ќе тонеме кон дното, постојано прашувајќи се дали некогаш/ кога ќе го допреме.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Вилијам Балтер Јејтс

Премногу долготрајната жртва може од срцето да направи камен.

Виц блиц

Најглупави на светот

Буле му вели на еден полицаец: -Чичко, чичко, јас можам да докажам дека вие, полицајците, сте најглупавите луѓе на светот. -Ма бегај, детиште низаедно, немој да те казнам за навреда! -Ама, навистина тоа...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се