Горан Димитровски

Горан Димитровски

По професија индустриски инженер и менаџер, дипломиран на Машински факултет Скопје при Универзитет Св. Кирил и Методиј. За чудо, не е машинец, најмаку машинец. Но ете, пишано му е да е машинец штом завршил на Машински :-) За себе си вели: „Секогаш подготвен за нови предизвици, насочен кон иновации, новитети, трендови. Посветен, одговорен, лојален, насочен кон успех. По професија менаџер, во пракса претприемач. Во моментов, раководсител на онлајн продажба на МаркетКонект. Музиката е моја слаба страна :-) Контакт: +389 78 246801“

URL на вебсајтот: http://https://www.facebook.com/gdimitrovski

Огниште

Моето огниште е старо
и на него, откога го согледав
семејното стебло,
гори оган кој,
што да се случува
околу мене,
еднакво во мене,
не дозволувам никој
да го угасне.

Твоето огниште
е старо исто колку моето,
но на него, откога се најде
во мојата срцевина,
нема кој да запали оган,
па твоите спомени
покрај него
почнаа да студенеат,
да венеат, да се сушат.

Огнот на нашето огниште
не гори со спокојни
пламени,
не почнува од моето тело,
не завршува во твојата страст,
ниту го продолжува
рожбата наша
се додека и во моето
и во твоето огниште
не запалиме огнови
еднакви се до вишно небо,
единствени
во жарта и пепелта
што ќе останат по нашиот
замин
во непрегледни беспаќа,
испратени од замолк
во неврат.

Сепак, нашево огниште
успеавме навреме
да го обградиме со зборови
несогорливи, несопирливи,
несоборливи,
да го заживееме со игра
неизмерна, неисцрпна,
изворна,
што да не му можат ништо
ниту разлутени ветришта,
ниту самоволни молскавици.

Twitter Дисплеј

Умност

Перл Бак

На мажот лесно престанува да му се допаѓа оваа или онаа жена, но тој не престанува да ја сака својата омилена хана.

Виц блиц

Топки, спорт и позиција

Едно истражување покажало дека невработените луѓе од спортовите најмногу се интересираат за кошарка; социјалните работници и волонтерите за куглање; работниците на лента најмногу за фудбал; надзорниците најмногу се интересираат за...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се