ПАНОПТИКУМ - Македонски енциклопедиски сајт, www.panoptikum.mk

Постојат големи и мали, краткотајни и долготрајни, заборавени и незаборавни, значајани и безначајни настани. Сите тие се дел од одот на Човекот, од неговиот живот, неговото опкружување, од неговото дејание и создавање. Постојат дела кои се за едни големи а за други мали, за едни многу а за други малку вредни или безвредни дела.

А не е мал бројот на оние кои по подолго време премолчувани, обезвреднувани, маргинализирани, станале-стануваат неодминливи, претставуваат несомнен придонес за севкупниот развој на човековата цивилизација.

Во ова опкружување, интернет, во огромниот број веб страници со секакви содржини, каде секојдневно се случува надградување, развој, интеграција, во морето на информации на глобално ниво каде секојдневно се раѓаат многу нови, сме и ние - www.panoptikum.mk. Оние што не знаат, постојано, секојдневно не посетуваат, не следат, ќе се согласат дека „Паноптикум“ е „нешто сосема друго“; се изделува од сите постојни во македонски интернетски „рамки“, па и пошироко.

Најпрво оти сме енциклопедиски сајт во вистинска смисла, оти се „потпираме“ на моќта на знаењето и, следствено, е моќен-најмоќен сајт, а потоа уште многу друго: оригинална концепција, со мошне широк опфат на теми-сознанија, спознанија, умности, знаења, искуства; на состојби, проблеми, прашања; занимлив, забавен, а од денеска и со модерен, естетски мошне привлечен, динамичен дизајн.

Уште нешто, еднакво важно: отворен за пополнување, дополнување, за натамошно секојдневно богатење.

Што е всушност ПАНОПТИКУМ:

Култна македонска радио емисија „Паноптикум“ - комплетно авторско дело на еден од доајените на македонското радио - новинарство Љупчо Димитровски, реализирана на Втората програма на Македонското радио во 90-тите години на 20-от век (првата емисија е реализирана на 05.05.1989.), продолжена како 18-часовна програма на ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО, под наслов РАДИО ГРОМ (до 1996-та).

Љупчо Димитровски за неа го доби годишното признание за радио новинарство „Крсте Мисирков“. По повод 200-тата емисија на „Паноптикум“, на 20-ти и 21-ви април 1993-та година, тој постави досега ненадминат македонски рекорд: реализација и водење на програма во живо 25 часа без престан.

Животот на „Паноптикум“ продолжи на овој простор - www.panoptikum.mk. Мултимедијално, со сиот творечки опус, концепт и енергија: текст, аудио, видео. Интерактивен веб како што своевремено беше и радио емисијата. Нашиот нов старт, 6.2.2013, на нашиот „Паноптикум“ би можеле да го одбележиме и вака-паноптично:

Се случи на денешен ден- 06.02.2013
Православен календар: Родена е Преподобна Ксенија Римјанка. Во мигот на нејзината смрт (455 година) над манастирот, што го основа на островот Коа, во месноста Милас, се појавил прекрасен знак: венец од ѕвезди со крст во средината поблескав од сонце. Роден е Светиот маченик Вавила. Роден е Преподобениот Македониј, сириски пустиник. Тој дури на старост се хранел со печен леб, а пред тоа јадел само јачменови зрна наквасени во вода. Се упокоил во 418. година. (Има ли неговото име некаква врска или значење со Македон?).

Од минатото:

  • 1793-Умре италијанскиот писател Карло Голдони, реформатор на италијанскиот театар; се смета за основач на италијанската реалистична комедија;
  • 1802-Роден е англисиот физичар Чарлс Витстоун, пионер на телеграфијата. Го пронајде методот за одредување на електричниот отпор, а ги истражуваше и електрицитетот, светлината и звукот;
  • 1864-во Виена умре Вук Стефановиќ Караџиќ, реформатор на српскиот јазик и правопис;
  • 1893-Во Охрид умре Григор Прличев, македонски писател од 19. век. Автор е на поемите „Сердарот“ и „Скендербег“, како и делото „Автобиографија“. Ги напишал стиховите на познатата песна „1762 лето“. Со поемата „Сердарот“ победи на поетскиот конкурс во Атина и доби ловоров венец. Роден е во Охрид, на 30, јануари 1830. година;
  • 1931-Родена е аргентинската танчерка Марија Естела Изабелита Мартинес, подоцна позната како Изабела Перон, претседател на Аргентина од 1974., кога на таа функција го наследи починатиот сопруг Хуан Доминго Перон. Од власта е симната со воен удар во 1976;
  • 1932-Роден е францускиот филмски режисер Франсоа Трифо, еден од творците на „новиот бран“ на францускиот филм;
  • 1945-Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“;
  • 1945-Роден е Роберт Неста „Боб“ Марли, јамајкански пејач, музичар и текстописец; познат и почитуван изведувач на реге музиката; 1952-Умре британскиот крал Џорџ VI. За време на неговото владеење Индија стекна независност (1947.), а британските кралеви ја изгубија титулата „цар на Индија“. Го наследи ќерката, кралицата Елизабета II;
  • 1958-Во авионска несреќа на минхенскиот аеродром загинаа 23-ца патници, меѓу кои 8-мина играчи на англискиот фудбалски клуб „Манчестер јунајтед“. Несреќата се случи по враќањето од Белград, каде што англискиот тим играше натпревар од европскиот Куп на шампиони со „Црвена ѕвезда“;
  • 1985-Во Охрид умре Тодор Зографски, македонски револуционер и општествено-политички работник. Роден е во Велес, во 1892. година;
  • 1992-Република Турција ја призна Република Македонија; 1993-Умре американскиот тенисер Артур Еш, првиот црн играч кој победи во Вимблдон, во 1975.;
  • 1994-Два вселенски брода од по 100 тони-најголеми кои некогаш биле споени во вселената, се сретнаа во првото американско-руско веленско „матине“ по 20 години;
  • 2000-Финска ја доби првата жена претседател на државата, Тарја Халонен, дотогашен министер за надворешни работи;
  • 2000-Русија објави крај на воените операции во главниот град на Чеченија, Грозни;
  • 2004-Во самоубиствен бомбашки напад во московското метро загинаа 41, а беа повредени повеќе од 100 лица;
  • 2013-На Интернет е поставен редизајниран „Паноптикум“-единствен македонски енциклопедиски сајт, на македонскиот енциклопедист, писател, поет, сатиричар и новинар Љупчо Димитровски.
Прочитајте повеќе:
Subscribe to this RSS feed

Twitter Дисплеј

Умност

Луциј Анеј Сенека

Треба да се прави она што е пристојно, а не она што е допуштено.

Виц блиц

Пијани и возење

Четворица пијани излегуваат од кафеана и му приоѓаат на автомобил. Еднот од нив вели: -Тошо, ти ќе возиш. Тошо се чуди: -Зошто баш јас? -Премногу си пијан за да можеш да пееш!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се