Натпревар

Во природата на човекот е да се натпреварува. И со себе и со други. Да си ги одмери, постојано да си ги одмерува силите, можностите, потенцијалот. И најчесто целта на натпреварот е да се победи или да не се биде поразен. Во тој контекст и нерешениот исход за едни е победа, а за други пораз.

Притоа, нужно е да правиме дистинкција помеѓу играта и натпреварот, пред се во однос на целта: играта може да биде и најчесто е бесцелна (освен ако за цел не се прифаќа безделничењето, пополнувањето на слободното време (што е тоа?), и сл., а натпреварот, ако не друга цел (на пример, покажување- докажување на моментните сопствени способности во однос на претходните- натпревар со самиот себе), ја има постојаната битка против инфериорноста- за почит и/или самопочит.

Прочитајте повеќе:

Зошто да биде едноставно кога може да биде комплицирано?

Можеби насловов на овој прилог не треба да заврши со прашалник, туку со точка (рамнодушно) или со еден извичник(зачудено), односно со два или три (револтирано). Ако прифаќам „можеби“, тогаш ми се чини дека најсоодветни би биле точка и запирка, по што би следеле додатни или алтернативни наслови.

Кои? На пример: „Зошто да биде јасно и рационално кога може да биде замаглено и апсурдно?“; „Зошто да биде современо и брзо, кога може да биде (при)просто и бавно?“ (алтернативно: „Кај си запнал? Ако ти се брза, оди кај брзите!“; „Зошто да биде лесно и евтино, кога може да биде тешко- мачно и скапо, ма најскапо?“; „Зошто да биде учено, кога може да биде неначуено и со текот на времето да се (под)научи?“; „Зошто да биде стручно и компетентно кога може да биде (само) рамковно?“.

Прочитајте повеќе:

За забите

Треба да се знае се за забите за да се знае да се чуваат, да траат што е можно подолго. Да не се расипуваат, да не се трошат. Да се знае и она што се мисли дека се знае, а всушност не се знае.

На пример, дека забите го имаат следниов анатомски состав: круна, врат и корен; потоа дека нивна основна маса е дентинот. Круната е обложена со цаклин (забен емајл), а коренот со забен цемент. Во средината на забот се наоѓа забен канал исполнет со пулпа, низ која минуваат нервни и крвни жили.

Некои животни ги менуваат забите во текот на целиот живот, некои никогаш, а некои (помеѓу нив и човекот) само еднаш во текот на деството и младоста (млечни и постојани заби).

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Овидиј

Коњ кој долго време стоел, нема добро да трча.

Виц блиц

Од тројца лудаци еден нај

Директор на лудница решава да го пушти на викенд најмалку лудиот. Избира тројца нај и го прашува првиот: -Два плус два? Овој како од топ одговара: -Триста! Го пашува вториот исто. Тој одговара: -Вторник! Третиот се...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

« January 2018 »
Mon Tue Wed Thu Fri Sat Sun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 31        

Спортсмен

Најава или Регистрирај се