Пред неколку децении тие се бореа за еднаквост, а денес сакаат да го повратат кавалерството. Без оглед на се, сакаат да бидат третирани како дами. Некои работи едноставно не смеат да се променат. Пред неколку децении тие се бореа за еднаквост, а денес сакаат да го повратат кавалерството. Без оглед на се, сакаат да бидат третирани како дами. Некои работи едноставно не смеат да се променат.

Сакаат ли жените кавалери?

Пред неколку децении тие се бореа за еднаквост, а денес сакаат да го повратат кавалерството. Без оглед на се, сакаат да бидат третирани како дами. Некои работи едноставно не смеат да се променат.

Не живее со родителите
Секоја жена сака да слушне дека мажот е самостоен, дека ги плаќа своите сметки и самиот готви и пере. Тоа го прави мажествен и укажува на чувство на дисциплина и одговорност. 30-годишен маж кој никогаш не излегол од родителскиот дом...едноставно не звучи привлечно.

Инсистира на плаќање сметки
Пристојно е да се понуди делба на сметката на првиот состанок, но девојките секако не очекуваат мажите тоа да го прифатат. Со инсистирањето тој да плати покажува дека сака да остави добар впечаток. Ништо не може да разочара и да ја расипе целокупната слика како мажот кој се колеба во вска со плаќањето. Ако не плати на првиот состанок, не треба да се очекува ни подоцна да се фаќа за паричникот.

Повикува преку телефон
Пораките и мејловите станаа вообичаен начин на комуникација. Сепак, на следниот состанок е многу подобар телефонскиот повик.

Им придржува врата на луѓето
Убав гест.

Се труди да Ви биде топло
Мажите многу подобро поднесуваат студ од жените, па затоа е мошне убаво кога мажот ќе покаже дека сте му важни така што ќе ви ја даде својата јакна.

Ви помага со торбите
Било да се понуди да Ви го стави багажот во преграда во авион или да ги преземе кесите од продавницата до автомобилот, машката сила е секогаш добредојдена.

Има посебен афтершејф
Треба да биде класичен, ретро. Ако мажот пронајде афтершејф кој совршено одговара на неговото лице, хормоните помешани со овој мирис оставаат неодолив впечаток.

Има ли допирни точки денешното- современото кавалертсво со она на витезите во средновековниот период? Тие ги почитувале правилата на витештвото и имале самоконтрола. Ги почитувале авторитетот и жените, ги штителе невините, слабите и повредените. Спроведувале правда, избегнувале мамење, лажење и тортура. Кога е збор за љубовта, особено ги почитувале следниве „правила“:

  1. Ќе ги избегнеш алчностите и нема да ја прегрнеш својата спротивност
  2. Ќе бидеш честит поради онаа што ја сакаш
  3. Нема свесно да се стремиш кон раздвојување на среќен пар
  4. Нема да избереш за жена некоја поради која ќе се срамиш
  5. Целосно ќе ја избегнуваш лагата
  6. Нема многумина да знаат за твојата љубовна врска
  7. Ќе и исполниш на дамата се што бара од тебе и ќе и бидеш сојузник во љубовта
  8. Во давањето и примањето љубов нека скромноста биде секогаш присутна
  9. Нема лошо (грдо) да зборуваш
  10. Нема да откриваш љубовни врски
  11. Секогаш ќе бидеш љубезен
  12. Во љубовта никогаш нема да ја занемариш желбата на својата љубов.

Денешните жени го сакаат истото како и оние од средновековјето: да ги почитувате, да ги сакате и да се грижите за нив.

Основно за модерното витештво- кавалерство: да ги ставите чувствата и мислењата на жената на прво место и пред секој друг аспект на вашиот живот кога е таа покрај вас, секогаш да и давате љубов, утеха и сигурност.

Од друга страна, група феминистки се труди оваа појава никогаш да не „воскресне“. Нејзините претставнички тврдат дека дури и гест на маж кој сака да и помогне на жената додека носи тешки кеси од супермаркет е груб прекршок на еднаквоста на половите.

Истражувачките направиле листа на такви „штетни“ практики: помагање на жената да пронајде добар компјутер, да и се понуди на некоја дама превоз или да се нарече „другар“.

Дури и мажите кои со таквото постапување имаат за цел да покажат наклонетост се сметаат за „виновни“- значи, купувањето со несакано внимание или реченицата „Не можам да живеам без тебе“ се исто така сексистички.

Научничките на феминистичкото Друштво за психологија на жените, стационирано во Вашингтон (САД), велат дека многу отворено сексистички чинови незабележливо се појавуваат во секојдневната комуникација. Според нивното мислење, со нив на „жртвите“ несвесно им се нанесуваат штети, особено врз културата на женските права, зашто ги поттикнуваат нееднаквоста и неправдата. Студијата заклучува дека ниту мажите, ниту жените не се свесни за „вкупната надмоќ на сексизмот во нивните животи“.

Сепак, признаваат дека за тоа се виновни и жените.

Студијата спровела истражување помеѓу работници од обата пола во Америка и Германија, а волонтерите имале задача да водат дневници во кои запишувале примери со кои секојдневно се среќавале од долгата листа на сексистички и несексистички инциденти, иако не им било однапред речено кој е кој.

Во билтенот „Психологија на жената“ коавторките Џулија Бејкер и Џенет Свим велат:

„Многумина мажи не само што не обрнуваат внимание на таквите сексистички испади, туку и не мислат дека се дискриминаторни и штетни за жените. Жените ги поттикнуваат сексистичките верувања, барем делумно, зашто не се трудат да ги сузбијат во личниот живот“.

Тие велат дека со тоа што луѓето ќе ги направат свесни за сексизмот, можат да ги променат ставовите и да им помогнат на мажите да сочувствуваат со жените „жртви на сексизмот што го носи кавалерството“.

Како „додаток“ ги приведуваме и откриените кавалерските гестови кои ги нервираат жените, наместо да им импонираат:

Да нарача јадење наместо Вас
Замислете ситуација: вечерате во ресторан, келнерот Ве прашува што сакате да нарачате, Вие ја отворате устата, а Вашиот миличок ја рецитира нарачката наместо вас! Како да имате 5 години и не знаете да кажете што сакате или се срамите да разговарате со келнерот.

Ви попушта во спортот или играта
Секогаш кога играте тенис, бадминтон или фрлате пикадо стрели (кај нас ептен „омилени“ и масовни спортови кај жените), го поразувате до земја, ама знаете многу добро дека тој не се труди. Убаво е од него што сака да Ви даде шанса и да Ве „заштити“ од пораз, ама од друга страна не е фер зашто вака никогаш нема да знаете колку добро можете да играте. А и да не го спомнуваме искуството на вистинската победа, без попуштање.

Прељубезно Ви се обрнува
Колку пати сте се нашле во друштво на многу жени и еден маж, а тој сите колективно ве нарекол „мои дами“. Наместо создавање чувство на блискост и гордост оти е во друштво на неколку (убави) жени, „Вашиот Господин“ остава впечаток на пастир кој своето стадо го води кон трлото.

Плаќа се наместо Вас
Со ова покажува дека Ве доживува како послаба партнерка која зависи од некој друг (од него!). Фактот дека сте жена не значи оти не седите на пари или дека Ви треба спонзор. Вистински начин на кој може да Ве восхити е да Ве третира еднакво како кој било друг.

Ова е мојата жена“
Кога ќе се најдете во друштво на негови познајници кои првпат ги гледате, тој Ве претставува со кратката и мошне иритантна реченица: „Ова е мојата жена“. Како кога реди констатации: „Ова е мојот автомобил“, „Ова е мојата куќа“, „Ова е мојот пес“. Наместо да Ве именува, остава впечаток на посесивност. Вие не сте негова сопственост.

 

Фото: извор

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Луциј Анеј Сенека

Малите грижи говорат, а големите молчат.

Виц блиц

Жена, свештеник и апарат за депилација

Една жена седи во авион покрај поп: -Попе, можам ли да Ве замолам за услуга? -Радо, ако бидам во можност, ќерко моја. -Знаете, одамна имам купено еден многу скап и посебно...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се