Евтини и корисни идеи за уредување на домот

Експертите за ентериер велат дека „подмладувањето“ на домот треба да се врши на почетокот од кое било годишно доба, но сепак „предност“ и даваат на пролетта.

Постојат и евтини и скапи идеи за негово уредување, во зависност од практичноста, (не)навремената и (не)соодветната примена. Се разбира, и едните и другите им стојат на располагање на сите.

А што се однесува на приоритетот, тие потенцираат дека најважен елемент при уредувањето е изборот на бојата, односно боите.

Преуредувањето на домот воопшто не мора да е скапо, долготрајно и заморно. Еве 7 едноставни и евтини идеи со кои во еден викенд можете да добиете целосно освежен стан:

1. Направете разместување
Доколку поместите само еден дел од покуќнината, веќе сте создале сосема друга атмосфера во просторијата. Ако на тоа додадете и разместување на расветлувачките тела (ако е тоа можно), ефектот ќе биде целосен. Ако немате самостоечки или столни ламби, набавете една и додајте му светлина на својот животен простор.

2. Во царството на перниците
Освежете го изгледот на вашиот тросед со неколку украсни перничиња во шарени бои. Ако сте креативни и вешти, навлаките за перничињата можете да ги сошиете и сами и така да го менувате изгледот на вашиот престој кога ќе ви падне на памет. Освен на троседот, перничињата за седење можете да ги прицврстите и на столиците во кујната.

3. Освежете ги прозорците
Прозорците се битна ставка на секој простор. Освен што мораат да бидат блескаво чисти, ако набавите завеси од бел муслин или лен светлото помеко ќе се пробива во вашата соба. Ако имате вешта машка рака во близина, наговорете ја прозорците да ги бојоса.

4. Поиграјте се со боите и формите
Ако имате соба целосно со бели ѕидови, монотонијата ќе ја разбиете доколку еден ѕид бојосате во некоја поведра боја. Поиграјте се, комбинации има безброј, а ако сакате да бидете сигурни дека нема да згрешите изберете боја која е контрастна на бојата на вашиот мебел. Припазете-ако просторијата е мала порадо избирајте посветли нијанси, зашто претемните бои визуелно уште повеќе ќе го намалат просторот.

Ако не сакате да бојосувате, налепниците за ѕид се уште една од евтините, а ефектни решенија.

5. Нови подови
Да, знаеме, менувањето на подовите во домот може да биде, и по правило е мошне скапо и комплицирано. Меѓутоа, ако набавите помал килим кој ќе го ставите под столчето за кафе или на страна на креветот во спалната соба, навистина не е скапа инвестиција, а за просторијата ќе направите чуда.

6. Употребете книги
Ако имате куп книги кои не паметите кога последен пат сте ги зеле в раце, а ви е жал да ги фрлите, пренаменете ги. Книгите со дебели корици сложете ги една врз друга, на врвот поставете шперплоча и ќе добиете столче кое можете да го употребите како што сакате. Ако некоја книга пак ви затреба, само ќе ја извлечете и по читањето ќе ја вратите назад.

7. Растенија и детали
Уредувањето на домот е индивидуален процес, па вие сами најдобро ќе знаете што сакате и какви детали сакате да видите во него. Собното растение, доколку сакате да се грижите за него, секогаш е згоден и посакуван детал. Ако се занимавате со фотографија или едноставно имате куп фотографии кои некаде сакате да ги изложите, а немате или не сакате да ги ставите во рамки, еве идеја:

Наместо да ги налепите на ѕид, зачукајте две шајки така да прават хоризонтална линија. На нив приврзете парче потенко јаже и на јажето со спојници прицврстете ги фотографиите.

Другите детали, како слики, рамки, огледала и слично, ќе морате сами да ги изберете. Но тоа и е најзабавниот дел од работата.

Уживајте во уредувањето на домот како што подоцна ќе уживате во резултатите од својот труд.

А како да се избере „вистинската“ боја за домот?
Можно е да се изберат илјадници комбинации на бои, но можете да ги користите основните за да создадете најдобра комбинација што прилега на вашиот дом и, се разбира, на личниот вкус.Чекорите за избор на најдобри бои не би требало да ве попречат во изборот на најдобрите комбинации или изглед. Секогаш избирајте бои кои најмногу би сакале да ги видите во својот дом. 

Палета на бои
Таа ви помага да ја откриете најдобрата боја и односите на боите за својот дом.

Основни бои- сите бои освен белата настануваат со мешање на основите бои. Сината, жолтата и црвената спаѓаат во основни. Помешајте ги нив во еднаков однос и ќе добиете костенлива. 

Секундарни бои
Помешајте еднакво количество на основни бои за да создадете секундарни. Резултатот е едноставен- виолетовата ќе ја добиете со мешање на црвена и сина, зелената со мешање на сина и жолта и портокалова од жолта и црвена.

Терцијарни бои
Помешајте една основна боја со голем удел на други примарни за да создадете терцијарни. На пример, помешајте сина со две комбинации на црвена за да создадете црвено-виолетова.

Термини на основните бои-нијанси на бои е всушност основа на боите, на пример сината е нијанса во светло сина и темно сина.

Тон
Тонот ја изразува густината и квалитетот на рефлектирање. Тоновите се битни кога избирате шема на бои.

Големина на бои
Го опишува односот на белата или црната во секоја боја. Вредност на спектарот од светла во темна на скалата на сива.

Чистотија на бојата
Се однесува на нејзината заситеност и чистотија.

Саката да гоизвлечете најдоброто од вашиот стан/дом?
Клучот на успехот при уредувањето на домот се секако боите. Бојосувањето на ѕидовите е една од најдрастичните промени кои можете да ги направите, но исто така изборот на боите за ентериерот може да биде мошне фрустрирачка работа. Следните совети ќе ве водат кон избор на најподобните палети на бои за вашиот дом.

Пред да почнете со работа, измерете ја својата соба. Секоја соба/просторија има свои специјални елементи и се разбира функции. Прво имајте ја на ум самата структура на просторијата, земете ги предвид нејзината форма и големина. Светли бои се употребуваат кај мали простории зашто ги прават попространи, додека темните можат да помогнат огромни простории да изгледаат збиени. Земете предвид некој архитектонски детал, како обликување, уредност, столбови или прегради. Што е атрактивно и што не е атрактивно. Различните интензитети и нијанси можат да ја надополнат архитектурата, мебелот и уметноста. Запомнете дека бојата може да ги нагласи или, пак, да ги скрие спецификите на просторијата. Вашиот избор на бојата исто така зависи од функцијата на просторијата.

Дали главната функција на собата е спиење, јадење, забава или нешто сосема друго? Топлата нијанса во дневната соба дава повеќе удобност и создава повикувачка атмосфера за гости, за разлика од студените бои.

Избор на боите на ентериерот
Пред да ја изберете бојата, размислете за тоа каде припаѓа вашата просторија, односно како е сместена во однос на другите во станот/домот.

Дали собата е прометна или не? Имате ли проблеми со одлуката за вистинската боја?

Ако веќе сте го избрале стилот на уредување на ентериерот или ако работите со просторија која е веќе наместена, фокусирајте се на најдрагата фабричка боја, на парче мебел или некој друг елемент. Немојте да се плашите ниту од светлите, ниту од темните бои. Ако вашата просторија не е наместена, трепетната боја може целосно да ја исполни. Пронајдете се себе си во уредувањето. Боите би требало да ја рефлектираат вашата личност, расположението.

Која боја ви е најдрага? Ако не сте сигурни која би била тоа, ѕирнете во својот орман со гардероба. Бојата што сакате да ја носите е онаа што прави да се чувствувате добро.

Изберете идеална комбинација на бои

Правилниот избор на бои во вашиот ентериер може:
-да го унапреди чувството на здравје и благосостојба
-да ја промени перцепцијата на температурата-да го направи вашиот простор постуден или потопол
-да ја трансформира перцепцијата на просторот-да го направи вашиот простор поголем или помал
-да ги осветли темните подрачја
-да создаде мистерија и романтика
-да создаде статичка енергија

Откако ќе ја изберете бојата, таа мора да биде идеална токму за вас. Психологијата на боите е изразито битна ставка во уредувањето на ентериерот. Така, зелената опушта, сината дејствува смирувачки, црвената е енергична-се применува кога се користат само некои од нијансите. Зелената со јак интензитет дефинитивно нема да опушта, темно сината може да создаде студенило, додека црвената може да создаде чувство на заробеност, а не на опуштање. Важно е да се одредат површината на наносот и нијансата.

Значи, пред секој избор морате да одговорите на следните прашања:
-Каде е собата?
-Колку има прозорци?
-Каков е екстериерот и дали тој ќе влијае врз изборот на боите во ентериерот?
-Кој ќе ја користи собата и што ќе прави во неа? Дали собата е за деловна или лична намена?
-Дали тоа ќе биде друштвено активно или мирно место? Какво чувство сакате да создадете

(Извори: She.hr,www.interijeri.com.hr)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Сри Ауробиндо

Највисоката манифестација на бога е чистиот дух во чисто тело. Бог е во срцата на оние што го бараат.

Виц блиц

Компјутерски совет

Почитувана техничка поддршко, Минатата година го унапредив својата Дечко 5.0 програма во верзија Сопруг 1.0 и забележав дека новата програма прави неочекувани промени во модулот за книжење. Го ограничи пристапот Цвеќе...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се