Уредувањето на домот и вашата личност

Одамна е утврдено дека изборот на боите, стилот и начинот на примена на одредени елементи во просторот ги откриваат личните наклонетости и карактерните особини. Се разбира, тие се проследени и со финансиските можности.

Препорака:

Најнапред размислете за боите и стилот на уредување што ве одушевуваат, потоа за разновидноста или едноличноста на избраните материјали, количеството на светлина што ве задоволува, желбата за затворање или отворање на просторот, креативниот ред или неред што го оставате зад себе, потребата од замрачување на просторот, импровизацијата или стремежот кон комплетни решенија, видот на ткаенината со кој сакате да бидете во допир, разликата помеѓу естетските и функционалните вредности во бараниот момент, како и за потребата да ги следите трендовите или да останете верни на себе си и на безвремените решенија.

Изборот на боите во ентериерот открива некои од карактерните особини. Црвената е најсилна боја и ја избираат лица со цврст карактер, кои сакаат возбуди и акции, како и топли и срдечни лица. Зелената им е омилена на смирените лица и љубителите на природата, а често ја избираат и оние што се стремат кон намалување на активностите и опуштање. Розевата е најчесто женска боја, но се поврзува и со лица кои се среќни, срдечни и сигурни. Изборот на сината боја открива сталожена и тивка личност, но ќе ја изберат и оние на кои домот им е оаза во забрзаното секојдневје. Жолтата боја претставува отворена, позитивна и оптимистичка личност, додека поединци кои сакаат комоција и задоволство се одлучуваат често за костенливи тонови. Виолетовата ве открива како личност која се стреми кон отменост, висока позиција и луксуз. Активноста, топлината и ширењето на позитивни вибрации се одлики на луѓе што избираат портокалова боја, а храброста, софистицираноста и елеганцијата ги красат личностите кои уживаат во црна. Белата се поврзува со верните и искрените, а сивата со урамнотежените.

Избраниот стил на уредување исто така многу зборува за вашите особини. Доколку сте се одлучиле за амбиентален стил, ќе откриете дека сте опуштена личност која не води грижа за туѓи животи, туку исклучиво за сопствениот. Немате стремеж за истакнување, туку за уживање во сопствениот свет со семејството и пријателите. Рустичниот стил открива вљубеници во природата со доза на фина романтика, која освен во секојдневниот живот ја внесуваат во опкружувањето на сопствениот дом. Ретро стиловите им се омилени на лица кои често се присетуваат на минатото, но ги избираат и оние што сакаат да внесат елеганција и раскош од некои минати времиња, како и да ја истакнат својата позиција во општеството. Минимализмот е типичен избор на практични и деловни луѓе, кои со ваквиот начин на уредување лесно одржуваат ред и прегледност. Изборот на овој стил претставува личност која е типичен претставник на современиот забрзан начин на живот.

Еднолично избраните тонови и материјали укажуваат на мирна личност која не сака да биде во центарот на вниманието, туку е насочена на себе си и блиските лица. Разновидноста на бои и материјали ги карактеризира активните и љубопитните лица кои е тешко да се смират.

Во големи отворени и поврзани простори со многу светлина ќе уживаат поединци кои се отворени за запознавање на нови луѓе, дружење, храбро влегување во нови деловни зафати и се отворени и искрени спрема други. Несигурноста и стравот што го носат можеби уште од детството, повлеченоста и нагласената индивидуалност, се особини кои се врзуваат со опуштеноста во помали простори, желбата за затворање на вратата и издвојување на функционални групи во станот, како и со потребата од престој во простор со помало количество на светлина.

Креативните луѓе се љубители на амбиентално осветлување, за разлика од оние што се понаклонети кон рационалното размислување, а кои почесто ќе користат централно. Несигурните лица се стремат кон замрачување на просторот, а нервозните кон осветлување

Има уште многу просторни параметри што ја откриваат вашата личност, но наведените неколку ќе откријат сосема доволно за вас, за вашите пријатели и познајници, и ќе овозможат полесно и поедноставно комуницирање.

(Користени повеќе текстови на Интернет)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Станислав Јержи Лец

Од огнот настанува и дело и пепел.

Виц блиц

Татко, син и порно филмови

Разговараат татко и син: -Синко, што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? -Чистач на базени. -А зошто баш чистач на базени? -Па, може и градинар, водоинсталатер, Дедо Мраз, разнесувач на пици... -Женооо, малиот ги нашол...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се