„Природна“ козметика

Кога станува збор за козметиката, понежниот пол, особено младиот, може со часови, ма со денови да расправа, опишува, детализира. Што е најново, што е „тренди“, „ин“, која и каква е најпогодна за четирите годишни времиња, за месеците, деновите и ноќите...

Еве еден прилог објавен на повеќе сајтови на Интернет од оние за цврстата врска помеѓу убавината и науката. Ептен инспиративен. Наслов: 10 најчудни состојки на козметичките производи.

1. Кравји измет
Се установило дека од екстракт од кравји измет може да се направи исклучително пријатен мирис на ванила. Ова го откриле јапонски научници, изложувајќи го кравјиот измет на мошне високи температури!

2. Коскена срж од кокошки
Наводно, ова е богат извор на глукозамин (амино шеќер- C6H13NO5), но на кој начин дејствува поволно во козметичките производи засега останува мистерија. Кокшкината срж доста се употребува, но ретко се рекламира како состојка на производите.

3. Змиски отров
Една од најапсурдните состојки во новите препарати против брчки е и змискиот отров. Козметичките фирми што го користат се надеваат дека може некако да се поврзат отровот Botox и змискиот, па да се сфати дека обата прават чуда против брчки. Но, змискиот отров не покажал никаква позитивна промена во ефектите на кремата против брчки.

4. Сперма од бик
Сакате сјајна коса? Луѓето од неколку салони во Европа мислат дека имаат вистинско решение за вас. Протеините од сперма од бик наводно даваат одлични резултати!

5. Птичји измет
Дали некогаш сте слушнале за Гејша третман за лице (Geisha Facial)? Тој се состои од длабоко чистење на лицето и големи лажици на измет од славеј, а чини околу 180 долари. Наводно, мочната киселина во птичјиот измет е одлична за нега на лицето.

6. Човечко мајчино млеко
Можеби ќе ви се чини чудно, но некои луѓе заговараат употреба на (човечко) мајчино млеко за правење на сапун!

7. Остатоци од масло за готвење
Научниците велат дека површински активните супстанции- сурфактантите (се наоѓаат во детергенти, омекнувачи, регенератори...), кои помагаат при регенерација на оштетена кожа, можат да се добијат од остатоци од масло за готвење.

8.Кармин од бубачки
Всушност, тие се еден вид на штитести вошки (Dactylopius coccus). Кога ви е потребна убава црвена боја, можете комотно неколку од овие бубачки да ги потопите во малку топла вода, да ги исушите и да ги сомелете. Затворено црвената боја добиена на овој начин е доволно прилагодлива да може да се користи во креми, кармини за усни и во речиси секој друг козметички производ.

9. Блујаница од кит
Супстанцијата наречена амбергрис (ambra grisea, amber gris, ambregrease или сив амбер) е сивкаста, цврста и восочеста маса. Мошне е корисен фиксатив во парфемите. Тој се создава во дигестивниот систем на еден вид китови- Physeter macrocephalus. Има сладок, земјен мирис и главно се наоѓа во наноси на плажи во Јужна Америка и Австралија. Во последно време се повеќе се заменува со синтетички алтернативи.

10. Плацента
Женскиот орган во кој почнува животот, а по породувањето се отфрла, веќе со години се користи како состојка на некои производи за разубавување. Многу производители тврдат дека таа го стимулира растот на ткивото, ги редуцира брчките и благотворно дејствува врз косата. За жал, ниедно од овие тврдења никогаш не е научно докажано.

 

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Аристип

Убавата ќе те предаде, грдата нема да ти се допаѓа; сиромашната ќе те упропасти, а богатата со тебе ќе владее. Ете, избери што најлесно ќе поднесуваш.

Виц блиц

Промашување

Човек доведува бремена жена кај гинеколог на контрола, а по неа го прашува докторот: -Докторе, како ми е жената? -Па, знаете, имаме проблем. Бременоста е вонматерична. -Докторе, еве ви 1.000 евра. -Немојте толку, Ве...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се