Избор: живот во град или надвор од него Издвоено

Кога би можеле да избирате каде да живеете, што побрзо би избрале: град, надвор од град (предградие) или село? Уште поголема дилема: селски град или градско село?

Сте размислувале ли колку е опасен градскиот живот? Не е?

Размислете зошто (нај)богатите во развиениот свет живеат (по)далеку од урбаните (милионски) центри.

Можеби ќе ве разуверат следниве најнови сознанија- резултати од најнови истражувања и ќе направите се за што побрзо да се преселите макар во околината на градот, колку може подалеку од неговото централно подрачје.

Најновите истражувања покажуваат дека слабите општествени врски во градовите можат да влијаат врз менталното здравје. Градовите се пренатрупани со луѓе и поради тоа тие се чувствуваат отфрлено, анонимно и општествено изолирано.

Доктор Стенли Кардиф, од универзитетот во Велс, водел истражување со цел да покаже дали училиштето, поединецот или карактеристиките на околината имаат врска со психозата. Животот во градот имал 41% повеќе шанси да развие психоза од руралниот. Додека на пример шизофренијата, чии шанси за настанување во животот се одвај 1%, во градската средина ги зголемува шансите на 1,5%, што не претставува некоја битна разлика.

Од сите варијабли кои биле значајни за истражувањето (училиште, околина...), најмногу се истакнале слабите општествени врски во училиштето. Исто така, овој критериум бил од најголемо значење кај имигрантите, кај децата кои го промениле местото на престој во периодот од 8 до 16 години, како и кај децата кои ги одгледале самохрани родители.

Тимот на научници собрал информации за повеќе од 200.000 лица кои живеат во Шведска. Сите биле родени помеѓу 1972. и 1977. година. Потоа биле анализирани дијагнози на шизофренија и други психози кои се забележани во Шведскиот национален регистар на здравјето се до 2003.

Границите на истражувањето се поставени таму каде што немало доволно податоци за можната употреба на дрога.

Се покажало дека зелената вежба (шетање во природа) може многу да помогне кај состојбата на депресија.

Уште едно истражување покажало дека среќните луѓе повеќе зборуваат.

А последиците од жиквотот во градот врз мозокот?

Бучавоста, метежот во сообраќајот и самото темпо на животот во урбаната средина предизвикува многу повисоко ниво на стрес кај жителите на градовите, одошто го имаат жителите на помирните околини, како што се предградијата и селата. Според Светската здравствена организација, животот во градот остава големи последици на мозокот!

Покрај големиот број на згради, луѓе на улиците, светлечки неонски знаци, билборди, бучава и звуци на мобилни телефони од разни страни и други сетилни стимуланси, жителите на градовите стануваат принудени да практикуваат некој вид на контролирана перцепција, што ментално мошне исцрпува.

Едно истражување, кое го спроведоа научници од универзитетот во Мичиген, САД, покажа дека животот во урбаните средни на луѓето им го отежнува задржувањето на податоците во мозокот. Всушност, најголем проблем предтставуваат тешкотиите со концентрацијата, зашто во градот има премногу работи кои го одвлекуваат вниманието.

Во истражувањето учествувале студенти поделени во две групи. Едната минала ден во голем град, а другата во мирно предградие. Кога потоа сите студените ги решиле тестовите на концентрација, групата која била во градот постигнала полоши резултати, а и расположението им било на пониско ниво одошто кај учесниците од другата група.

Сепак, за оние кои живеат во град охрабрувачка вест претставуваат резултатите од друго истражување, според кои и краткиот поглед на некоја зелена површина може да го унапреди функционирањето на мозокот. Времето минато во некој парк значително ќе ги намали когнитивните напори и менталната исцрпеност.

Друго, најново истражување потврди дека најопасната болест ракот е главно појава на модерното- урбаното доба. Поврзана е со нашата исхрана, околината и начинот на живот.

Во текот на последните 30-тина годин се направени повеќе истражувања на древни мумифицирани тела, остатоци од скелети и класична литература на стари општества. Ако ракот отсекогаш преовладувал кај луѓето, би се очекувало да се најдат доста случаи на заболени.

Но е откриено нешто изненадувачко. Во овие проучувања, каде што биле вклучени десетици илјади поединци, одвај се најдени два- три случаи! Помеѓу стотиците мумии што се испитани, само 3 покажуваат можно присуство на рак: една е од Чиле, една од Италија од 14. век, а една од древниот Египет.

Од околу 1.000 коски кои биле проучувани во Европското неандерталско општество, само еден 35.000 години стар череп од Стетин во Гермајија имал траги на тумор.

Исто така, во древни египетски документи нема јасни податоци за оваа болест, иако Египтјаните имале мошне големи знаења за медицината.

Непостоењето на речиси никаков доказ за рак во древните времиња покажува дека болеста би можела да биде човекова „вина“, што би значело дека се јавила како резултат на нашите индустриски и модерни стресни општества.

Еден од клучните аргументи бил дека ракот е болест на постари лица и поради тоа, бидејќи животот бил многу пократок во античкото доба, заболувале далеку помалку луѓе. Следствено, многу повеќе умирале од други причини пред воопшто да имаат шанса да заболат од рак. Но, оваа теорија не е одржлива.

Просечниот животен век во античкиот свет бил многу пократок од денес, но и покрај тоа некои лица доживеале старост за што знаеме врз основа на фосили и литература. Наведената студија покажува дека никој од нив немал рак. Значајно е дека се откриени доволно докази за други болести поврзани со старосното доба, како што се остеоартритис, кој предизвикува дегенерација на коските, и атеросклероза кога артритисот се засилува. Ако овие болести очигледно постоеле во античкото доба, тогаш зошто не постои доказ за постоење на рак?

Во експериментите се користени најсовремени скенери за да се види колку се добро траги на рак сочувани во ткивото на мумиите. Тестовите покажале дека во процесот на мумификација туморите мошне добро се зачувуваат. Значи, спротивно на тврдењето на противниците, трагите на рак несомнено би требало да преживеат, доколку воопшто постоеле. Поради недостиг од медицински интервенции во она време, би требало тумори да бидат пронајдени во телото.

По исрцпно копање низ историјата е заклучено дека ракот бил исклучително ретка појава во античкиот свет, во споредба со денешната ситуација.

Се претпоставува дека оваа огромна разлика е последица на промените кои ги донело модерното општество. Од загадувањето до начинот на исхрана. Така што појавата на ракот ја предизвила првенствено човекот.

Истражувањето се поклопува со гледиштето на медицинските стручњаци кои долго ја разгледувале зачестеноста на ракот предизвикан од причини кои постојат само во модерниот свет.

Исхраната е класичен пример. Денес во големи количества консумираме преработена храна (која често содржи големи количества на пестициди и хемикалии), а исто така и мошне зачинети инстант оброци, како и масна брза храна и газирани пијалоци полни со шеќер.

За разлика од нас, старите Египтјани имале многу поздрава исхрана која во најголем дел се состоела од свежа риба, овошје и зеленчук. Повремено, во време на празници, можеби јаделе и месо. Само во високите кругови на општеството свештениците имале многу побогата исхрана, вклучувајќи и говедско, алкохол, слатки и леб, зашто морале да имаат пристап до храната обезбедена за боговите.

Луѓето во старо време не се движеле толку малку како многумина од нас денес, залепени за своето работно место или на креветот дома. Повеќето тогаш обавувале работи рачно, а најчесто тоа биле земјоделски и занаетчиски. Без моторизација дури и богаташите морале да шетаат и јаваат. Дотолку повеќе, египетското, како и другите древни општества, било првенствено аграрно, а повеќето луѓе живееле во руралните подрачја. Биле ослободени од многу притисоци на модерниот урбан живот, како што се загадената средина, метежот и стресот.

Исто така, древните Египтјани, како и Римјаните и Грците, имале хигиена на мошне високо ниво поради доволни залихи на вода, канализација и кади за бањање. Немало многу смрдеа и нечистотија која постои во денешно време во големите градови, ниту сиромашни делови во градовите во развој.

Не е мал бројот на студиите кои покажуваат дека модерниот начин на живот може да убие. Го достигнавме бизарниот парадокс: се во нашиот живот забрзано, а од друга страна седечки. Постојано сме во движење, а нон- стоп седиме, било да сме во автомобил или пред компјутер. Опкружени сме со какофонија од звуци, e- mail-ови и разни уреди, а многумина од нас живеат на масна и преработена храна.

Прекумерната тежина е позната како фактор на ризик за појава на рак. Колку жената е подебела, нејзиното тело произведува повеќе естрогени, што може да објасни зошто жените со вишок на килограми повеќе заболуваат од рак на дојка (кој е чувствителен на естрогенот).

Дебелината доведува до поголем ризик за рак на дебелото црево, бубрезите, црниот дроб и жолчката, иако не е сосема објаснето зошто. Од друга страна, според некои истражувања се смета дека стресот е една од главните причини за туморите.

Овие фактори не постоеле во далечното минато, иако севкупниот живот бил помалку комплициран. Затоа во мумиите не постојат траги на тумор. Тоа треба да го сфатиме како порака, ако сакаме да ја избегнеме најлошата болест на модерното доба.

 

 

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Наполеон Бонапарта

Од возвишено до смешно само еден чекор.

Виц блиц

На алгебарски

Им се фали една мајка на сосетките: -Само да знаете колку ми е синот паметен! Веќе е попаметен од татко му, а богами и од мене. Тој учи француски, англиски, германски,...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се