Голема тревога во јапонската влада предизвика резултатот од едно истражување на јапонското Министерство за здравство во врска со сексуалните односи на младите јапонски момчиња: дури 83,7% од нив немаат девојка. Голема тревога во јапонската влада предизвика резултатот од едно истражување на јапонското Министерство за здравство во врска со сексуалните односи на младите јапонски момчиња: дури 83,7% од нив немаат девојка.

Ах, тие Јапонци! Други се од сите други и во...сексот!

Јапонци и сексОдамна Јапонците се вистинско чудо од нација на планетава Земја. Систематични во економијата, педантни во електрониката, дребничави во индустријата, верни на традицијата, инвентивни во бизнисот.

Можеби најважното над сето тоа: предадени на совладување на вештини, желни за знаење и образование, секогаш чекор пред остатокот на светот.

Во се? Е, па...не! На пример во сексот?!

Голема тревога во јапонската влада предизвика резултатот од едно истражување на јапонското Министерство за здравство во врска со сексуалните односи на младите јапонски момчиња: дури 83,7% од нив немаат девојка.

Од добиените податоци е извлечен единствен заклучок: од година на година младите мажи се се помалку заинтересирани за секс, што е алармантен податок за земја во која се раѓаат се помалку деца.

Неумоливите податоци: дури 36,1% момчиња од 16 до 19 години рекле дека немаат апсолутно никаков интерес за секс, што е речиси двојно повеќе отколку пред 5 години. Уште е пошокантен податокот дека 83,7% 20- годишници немаат девојка, а 49,1 % никогаш не ни имале.

Ниту девојките на исти години не се ни малку повеќе заинтересирани за момчиња и секс: 59% не ги интересираат лица од спротивниот пол.

Разочараните мажи формираат здруженија за полесно да се носат со својот „проблем“. Здружението Cherry Boy изрази загриженост откако Националниот институт за популација и социјална сигурност откри дека дури една четвртина од Јапонците кои ја поминале 30-тата признале дека се уште не ја изгубиле невиноста. Вистинската ситуација е многу полоша. Некои сметаат дека има уште многумина кои тоа не сакаат да го признаат, зашто обично 11% од испитаниците се неискрени при исполнување на анкетите.

Невините се делат на повеќе категории. Најзастапени се тн. погресивни- оние што сакаат да ја изгубат невиноста и работат на тоа, но е и голем бројот на тн. конзервативни- оние кои се трудат да ја сочуваат на сите можни начини. Тврдат дека им е доста од вистински жени и ги преферираат оние дводимензионалните, како што се манга или анима- хероините поради кои, во случај да ги одбијат, нема да патат. Третата категорија се тн. ослободени невини, кои се и најекстремни. Нивната тактика е сузбивање на страста, која ја сметаат за главен виновник за неуспех во работата и кај жените.

Стручњаците од Здружението за планирање на семејството тврдат дека јапонските мажи се се попасивни и не сакаат активно да бараат партнерки, ниту имаат односи со нив. Како главна причина ја наведуваат свеста за тоа дека заедничкиот живот и евентуалниот брак и семејство би можеле да бидат мошне сериозно оптоварување за личниот буџет.

Ниту оженетите Јапонци не се нешто подобри: паровите практикуваат секс одвај 37 пати годишно, а во друго истражување 38,8% потврдиле дека немале односи во последната (цела) година!

Не е јасно зошто изненаденост, па и шокираност, кога на незаинтересираност за секс, не само на младите, беше предупредено пред повеќе од 3 години!

Имено, истражување на Durex, спроведено во 26 земји на светот во 2007., покажа дека Јапонците се сексаат исклучително ретко. Тие во просек имаат сексуален однос 48 пати годишно, додека светскиот рекорд е 103 полови односи годишно (на пример Грците дошле и до бројот 164).

Не само што Јапонците се сексаат практично помалку од кој било друг народ на светот, туку и нивните доживувања од спалната соба не се вредни за спомнување. Дури 90% Јапонци се изјасниле дека нивниот сексуален живот (кога го има) не е посебно возбудлив, што е поразително во споредба со фактот дека анкетата покажа оти околу 50% луѓе од остатокот на светот уживаат во сексот. Исто така се изјасниле и дека би сакале почесто да водат љубов со своите партнери, но тоа е невозможно поради недостиг на комуникација.

Заклучоците од анкетата на Durex:
-34% Јапонци практикуваат орален секс,
-16% сакаат секси долна облека,
-4% сакаат играње на улоги,
-16% редовно користат „играчки“.

Начинот на живот може да влијае врз полните односи, а денес младите се се повеќе преокупирани со потрагата по работа.

Кога станува збор за сите Јапонци, особено оние од повозрасните категории, има нешто друго не помалку интересно, за многумина и несфатливо. Секс со кукли...е, тоа е нешто „посебно“!

Западњаците често и погрешно ги споредуваат јапонските кукли со гумените на надувување, кои ги има на западниот секс пазар. Разликата е голема. Јапонците спијат со скапоцени кукли кои се направени специјално за вештачки секс.

Постојат мажи кои трошат стотици илјади долари на јапонски секси кукли, па и на нивната разновидна облека и додатоци. Тие се среќни во друштво на своите вештачки убавици кои, како што велат, им се целосно верни. Направени се да изгледаат како ликови од популарните анимирани филмови, попознати како аними.

Луѓето што ги купуваат се главно срамежливи мажи кои на тој начин можат да си обезбедат друштво без голем напор. Исто така, овие „жени“ се облечени како што тиа сакаат, имаат коса каква што сакаат...тие ја остваруваат својата фантазија и спијат со омилениот лик од анимите.

Првите јапонски кукли за секс се произведени пред 30 години и им биле наменети на луѓе со инвалидитет. Сепак, не поминало многу време пред да почнат да ги купуваат мажи од сите социјални групи.

Поради високата цена- над 6.000 долари- „никнале“ јавни куќи каде што помалку богатите можат да уживаат во друштво на силиконски убавици. Во нив се нуди голем избор на модели и облеки, иако ги има и оние што го донесуваат сами она што би сакале нивната „избраничка“ да облече. На ден низ една таква куќа минуваат десетици муштерии, од студенти до постари мажи.

Ама не се решение само куклите. Познато е дека индустријата на сексуални услуги во Земјата на изгрејсонцето во последниве години доживува вистински процут. Последниот „крик на модата“ се кафулиња во кои главна атракција се договарање на секс со странци. Се нарекуваат couple kissaten, што буквално значи кафулиња за парови. Сместени се во градските сиви деловни квартови, најмногу во Токио. По ништо посебно не се истакнуваат, нема црвена неонска реклама над влезот, дури ни примамлива танчерка во излогот.

Освен шареноликата понуда на салони за масажа, стриптиз барови и продавници со порнографска содржина, во повеќето градови може да се најде уште многу нешто за задоволување на сексуалната глад. Kabakura кабаре клубовите, во кои гостите со пијалок имаат можност и да го допираат персоналот, или фетишот inekura клубовите, во кои можете да злоставувате сосема непознати луѓе, како и кафулињата se најнови „додатоци“.

Интересна е проценката што ја објави списанието „Far Eastern Economic Review“: заработката на индустријата на секс е еднаква на износот кој јапонската влада го троши на одбрана на земјата.
Нешто друго, исто така необично за западњаците: за разлика од мажите, кои сексуалните услуги во couple kissaten мораат да ги договараат исклучиво со помош на видео- конференции, или да чекаат некој да ги повика, жените можат слободно да одат од соба до соба и да ги избираат партнерите според сопствениот вкус. Ако еден партнер не им се допаѓа, можат без ограничување да побараат друг.

Кафулињата имаат чекална со бар и огласна плоча натрупана со фотографии и основни податоци на луѓе кои веќе изнајмиле една од 19-те мали соби. Сите се обврзани да го пополнат тој формулар. Од него може да се прочита колку се стари, какво тело имаат, какви им се сексuалните наклонетости и сл. Посебна графа е резервирана за искажување на интерес за делење и замена на партнер или, можеби, весел секс во тројца. Многумина се заинтересирани за такво нешто, бидејќи жените и паровите не плаќаат никаков надомест.

Мажите- самци мораат да платат еднократна членарина од 5.000 јени и уште 4.000 јени за час. Освен што мораат да платат, тие мора да чекаат и да научат со разговор да дојдат до она што го сакаат.

Машкиот дел од посетителите е составен од, меѓу другите, лекари, адвокати, многу странци, па дури и полицајци, а одвреме- навреме ќе се „најде“ и по некој политичар.

Меѓутоа, нема секс во самото кафуле! Сопственикот веднаш ќе ве предупреди дека тоа не е јавна куќа. Се разбира, малолетници не доаѓаат предвид. 

 

Од денот на пишување на оваа статија па до денес, состојбата е сигурно сменета :-)
2011-01-22

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Јохан Волфганг Гете

Кога ќе сретнеме некој што ни должи благодарност, веднаш се сеќаваме на тоа, а колку пати сме сретнале некого кому му ја должиме, а на тоа да не сме се...

Виц блиц

Проблем на убава жена

Убава жена му се жали на доктор: -Докторе, штом ќе легнам веднаш заспивам. Дали е тоа нешто сериозно? Докторот: -Не, само треба да го промените мажот!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се