Во големите светски метрополи е се почеста сликата на огромен број на луѓе качени на велосипеди, кои секојдневно возат на релации поврзани со работата Во големите светски метрополи е се почеста сликата на огромен број на луѓе качени на велосипеди, кои секојдневно возат на релации поврзани со работата

За урбаниот велосипедизам

Велосипедот се смета за еден од најдобрите и најкорисни изуми во човековата историја. Освен што има многу примени во спортот и рекреацијата, тој во секојдневниот урбан сообраќај е рамноправно и поради многу причини мошне привлечно превозно средство.

Во големите светски метрополи е се почеста сликата на огромен број на луѓе качени на велосипеди, кои секојдневно возат на релации поврзани со работата (дома- работно место и назад, но и до договорени места за средби и состаноци). Интересно, во Германија, освен меѓуградски патишта за автомобили, се нудат и меѓуградски патишта само за велосипеди. Но, како и секоја друга светска урбана слика, и таа има своја опачина. За многумина е несфатливо односно неприфатливо во Кина, во која до неодамна доминатно се користеше велосипедот како превозно средство, тој да биде потиснат, дури и „прегазен“ од автомобилот.

Причини за повторно качување на велосипед на жителите на големите градови- метрополите и мегалополисите, се бројни: намалување на метежот во сообраќајот, намалување на загадувањето, зголемување на брзината и ефикасноста на движењето (велосипедите се почесто побрзи од автомобилите и надземниот градски превоз), намалување на трошоците за движење (не троши гориво и чини многу помалку од автомобилот), а и поради директните здравствени бенефиции (на пример, возењето на велосипед е еден од најдобрите начини за слабеење). При возење на велосипед во град (Скопје) најзагрозена е безбедноста на велосипедистот. Особено ако е недоволен бројот на велосипедски патеки и ако се тие „освоени“ од паркирани автомобили.

За безбедно возење нужна е комуникацијата со возачите на автомобили. Освен основната сигнализација за лево и десно свртување (кревање на левата или десната страна), се препорачуваат и следните рачни сигнали:

  • „Ве молам, забавете и останете зад мене“ - од левата страна на телото раката е свиткана во лактот, подлактицата свиткана надолу, дланката отворена спрема возачот и покажува надолу.
    Целта на овој сигнал е да му објасните на возачот зад Вас дека моментно не е добро да Ве заобиколи (можеби сте во свиок или морате да совладате некоја дупка) и оти ќе мора малку да почека;
  • „Сега е добар момент да ме заобиколите“- со левата рака направете кружно движење надолу давајќи на знаење дека сега го пропуштате автомобилот. Овој сигнал е мошне корисен оти му дава на знаење на возачот кога може да Ве заобиколи.
    Со сигналите за забавување и заобиколување можете да го контролирате сообраќајот околу себе.
  • „Благодарност на возачот за почитувањето на Вашите сигнали“- стоперски палец угоре, насмевка на лицето и потврда со движење на главата во знак на благодарност.
    Без оглед колку чудно звучи, ова е најважен сигнал кој можете да го користите зашто ќе потврдите, а и наградите возачот за неговото трпение и почитување на Вашата сигнализација.

Се смета дека ваквите сигнали со време ќе ги едуцираат возачите за потребите на велосипедистите. А заедно со нив се препорачува и тн. офанзивно возење. Тоа значи дека треба да се вози речиси цел метар од ивицата на тротоарот, никако не на самата ивица. Таквото возење се смета за најбезбедно. Возачите на автомобили подобро ќе Ве забележат наместо да пројурат, а и полесно ќе ги избегнете пречките, како што се дупки и шахти. При офанзивното возење спомнатите сигнали ќе придонесат за подобра комуникација со другите возачи во сообраќајот.

Треба да се спомнат и правилното носење на соодветен шлем, носење на очила за сонце и користење на технички исправен велосипед со добри сопирачки и прописно напумпани гуми.

Меѓутоа, судејќи според урбаната возачка (не)култура, најважно е да не се обрнува внимание на агресивните возачи. При средба со таков треба да го игнорирате и да не влегувате во каква било комуникација.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилјам Хазлит

Единствен грев што не може да се прости е лицемерието, а каењето на лицемерот е само по себе лицемерие.

Виц блиц

Мртви пијани возат автомобил

Возат двајца мртви пијани автомобил. - Ќе стасаме ли наскоро в град? - Да, еве сега почесто газиме пешаци. - А може ли тоа малку побрзо? - Не знам, батка, ти возиш!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се