Проектите за изградба на метрополите на иднината веќе почнаа, така што се очекува првиот современ град да заживее во 2020-та година Проектите за изградба на метрополите на иднината веќе почнаа, така што се очекува првиот современ град да заживее во 2020-та година

Градовите на иднината само за избрани

Градовите на иднината ќе користат најнови технологии и еколошки чиста енергија, а во нив на почетокот ќе живеат само избрани. Изборот на граѓаните за тие метрополи ќе биде сличен на селекцијата за „ријалити“ шоуто „Големиот брат“.

А кој ќе згреши, на пример ќе го валка и снеубави градот, ќе биде исфрлен назад, во класичната загадена и валкана урбана средина.

Проектите за изградба на метрополите на иднината веќе почнаа, така што се очекува првиот современ град да заживее во 2020-та година. Главните карактеристики на градовите на иднината ќе бидат да ги користат најсовремените технологии, односно се ќе биде на копче, од роботичка покуќнина, преку прецизен превоз и точно работење, до контролирање со видео- камери, GPS навигатори и други сензори на движењата и останатите активности на секој граѓанин.

Глобалниот Голем брат

Поедноставно, интерактивното „риjалити“ шоу „Големиот брат“ ќе биде проширено на милионски град, а правилата и санкциите, порано веќе утврдени, ќе бидат во рацете на компјутерите и роботите. Научниците сметаат дека така нема да има пристрасност, како ниту можност, на пример, градоначалникот да не го казни својот син доколку ги крши правилата, затоа што компјутерите се немилосрдни во своите студени операции. А нападите на хакерите кои можат да ја уништат целата инфраструктура на еден град на иднината, ќе доаѓаат главно однадвор; од стариот свет преку мобилните комуникации, сметаат научниците. Сепак, и за хакерите и за сите други современи терористи ќе постојат специјални заштити, но и посебни полициски и воени сили стационирани надвор од градовите на иднината, предвидуваат спомнатите проекти.

Дрвја на животот

Сегашните милионски градови, како Шангај, имаат безброј облакодери, а практично немаат никту едно единствено дрвце. Тоа е голема грешка зашто секое дрво со високо стебло дневно ослободува 600 литри вода во вид на пареа и така го освежува воздухот. А недостигот од свеж воздух кај децата во метрополите често доведува до астма.

Имено, најновите податоци на ОН покажуваат дека 73% Европјани, 80% Американци и повеќе од 50% светско население живее во градовите. Стручњаците на ОН исто така предвидуваат дека во наредниот период ќе се продолжи со уште позабрзан пораст на метрополите со повеќе од 10 милиони жители. Колку за пример, до крајот на годинава бројот на жители на Токио би требало да порасне од сегашните 35,2 на 35,5 милиони, додека Мумбај (некогашниот Бомбај) би требало да има 21,9 милиони жители. А градовите заземаат само 2% од земјината површина. Затоа, градовите на иднината ќе растат во широчина и должина наместо во височина, како што е тоа денес обичај. На тој начин ќе се рашири и сегашната лоша градска микроклима, т.е. асфалтот и цементот ја креваат температурата на воздухот затоа што апсорбираат повеќе, а рефлектираат помалку сончева енергија во однос на дрвјата, тревниците и водените површини. И не само тоа: високите згради го спречуваат дувањето на ветровите кои би можеле да го оладат воздухот. Резултат е просечната дневна температура во градот повисока за 1 степен Целзиусов отколку на село, додека ноќе таа разлика е уште поголема, дури и до 6 степени.

Еколошка енергија

Во градовите на иднината ќе нема облакодери, а бидејќи нивната околина (предградијата) ќе биде адекватно адаптирана, така и ќе се спојува со современите метрополи. Ќе мора да бидат задоволени основните еколошки критериуми: ниски куќи, без авомобили, рециклажа на отпадот, економично користење на енергетски еколошки извори... Во Европа, на пример, бекството од центарот на периферијата ќе почне штом градот ќе го достигне прагот од милион жители, што придонесува за настанување на градови- региони. Меѓутоа, егзодусот кон периферијата не го решава проблемот на заштеда на енергијата. Колку за пример, денес обичните куќни ѕвончиња главно имаат трансформатор од 12 волти, кој за секој час троши околу 4 вати, без оглед дали некој ѕвони или не. Наизглед, тоа не е ништо. Но, ако се помножи со 250 милиони домаќинства во Европа, тоа е милијарда вати на час, т.е. килион kWh, точно колку што произведува голема нуклеарна централа. Затоа, многу градови уште сега посветуваат големо внимание на заштеда на енергијата. Едно од решенијата претставуваат мали централи со когенерација (топлотна енергија од оџаците на електричните централи се користи за греење). Засега на тој пат најдалеку се оддалечил Шенау, првиот европски град кој се осамостоил во однос на националната електрична мрежа. Не само што 35.000 жители на овој германски град ја произведуваат сета енергија што им е потребна, туку и и продаваат на фабриката за чоколадо.

Градот на иднината ќе произведува енергија која му е потребна со ветерници, соларни плочи на покривите на куќите и слично. Автомобилите и се живо ќе користат еколошка енергија, па дури и комбајнот кој собира растенија за производство на биолошко гориво ќе работи на соларен погон.

(Преведено и пренесено од: http://www.arhiv.co.yu/)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Џавахарлал Нехру

Колку повеќе стареам, толку повеќе ги просудувам луѓето според нивниот карактер, а не според нивните погледи.

Виц блиц

Плавуша и црн леб

Плавуша влегува во пекарница: -Имате ли црн леб? Продавачката: -За жал немаме, се потроши. Плавушата: -Нема врска! И онака дојдов со велосипед.

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Пробајте ја нашата нова страна. Влатко М.

Најава или Регистрирај се