Основниот концепт на овој објект е едноставност на функционалната организација Основниот концепт на овој објект е едноставност на функционалната организација

„Паметна куќа" (Smart House)

Интелигенцијата на куќата се базира на два концепта: првиот се однесува на електронските и информатичките системи кои се битни елементи на проектот, а другиот на употребата на едноставни градежни елементи при градбата за да се намали времето потребно за изградба.

Флексибилноста е поим кој се врзува за сите фази на овој проект, при што ваквиот концепт произлегол од lifestyle, начинот на живот на луѓето кои живеат во домовите на денешнината. Од ваквото размислување се дошло на идеја за флуиден простор, во кој нема фиксирани елементи на поделба и строго маркирани граници на разни функции на живеење. Ваквите принципи природно упатиле на селекција на материјалот и на техниката во процесот на изградба, а истовремено ги осигурале барањата во однос на комфорот, хигиената и принципот на естетска хармонија. Употребено е стакло, материјал структурално едноставен и естетски добар. Поради тоа, интелигентните фактори ги задоволуваат барањата за хармонија и поврзување, создавајќи простор-пријатен, сигурен, енергетски исплатлив.

Основниот концепт на овој објект е едноставност на функционалната организација: две патија- внатрешни дворови- првиот обезбедува иницијален влез за набавка, а вториот е наменет за одмор и е на другиот крај од објектот. Поради тоа функционалниот тек е сместен помеѓу две "празнини". Пристапот на патијата е преку рампа проектирана како монолитен блок издигнат над земјата.

Стаклото ја штити внатрешноста од надворешниот свет, додека во исто време и го врзува за него. Карактеристична особеност е повторувањето на стаклени панели монтирани во серија од две парчиња, се до комплетирањето и затворањето на целиот ѕид, што доведува пространите зони да станат поприватни.

Симплификацијата на проектот од функционален аспект, при што не се запоставени барањата за здрав живот, настанала како резултат на студија за контролирана употреба на електрична енергија и конзервација на топлината со примена на AVAC системот. Тоа е интегриран енергетски систем составен од генератор на погон на ветер- за производство на електрична енергија, и панели со соларни ќелии- за греење и пречистување на вода.

Системот функционира благодарение на реверзибилната и една нереверзибилна пумпа, кои во комбинација со соларните панели, работат при испарување на ниска температура. Соларните панели, низ кои протекува разладен флуид, функционираат како испарувачи на грејните пумпи. Овој систем така произведува енергија за целата електрична опрема и потребите во објектот. Со проста инверзија на оперативниот циклус на системот, преку лето е обезбедена студена, а зиме топла вода и вода за греење. Термалната енергија за загревање на внатрешноста се дистрибуира низ хидрауличен покрив со својство на вжештување. Сето ова е дизајнирано за употреба со систем на топлотна изолација од полиуретански плочи од најмалку 70 мм дебелина.

Уште една иновација се состои во одведувањето на дождовницата низ сифони, "rain-siphons", според принципот на исфрлање по пат на гравитација. Можно е да се програмира загревањето на ентериерот по сектори; залевањето на тревниците и зависноста од степенот на влажност на земјиштето; да се регулира вклучувањето на светлото и нивото на осветленост по далечински пат, преку мобилен телефон или по пат на Интернет; да се прилагодува засенченоста на просторот со завеси; па дури и да се организира набавка на намирници со оптимизирање на купувањето.

Сите овие новини во целина успешно најавуваат како ќе се живее во иднината. Експериментите и иновациите, кои се развиваат со брзина на светлината, ќе нудат можност сопственикот на куќата да биде и вистински господар на својот дом, во секоја смисла.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Др. Спенсер Џонсон

Ништо не е побезнадежно од планирањето на радоста.

Виц блиц

На нудистичка плажа

Буле со родителите првпат е на нудистичка плажа. По 30 минути играње в песок доаѓа кај татко му и го прашува: -Тато, зошто некои чичковци ја имаат онаа работа поголема, а...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се