Освен што испраќаат јасни пораки, урбаните мурали, доколку се изработени со вкус и мера, несомнено претставуваат исклучително евтин а ефективен начин да се преобразат фасадите и да се разубави градот. Освен што испраќаат јасни пораки, урбаните мурали, доколку се изработени со вкус и мера, несомнено претставуваат исклучително евтин а ефективен начин да се преобразат фасадите и да се разубави градот.

Уметноста на трансформацијата

Еден од живописните, а евтини начини да се оживи сликата на градот е урбаниот мурал. Освен тоа, муралите се мошне ефикасен начин на комуникација на социјално, етничко или политичко ниво, па не е чудо едни во него да гледаат можност за промоција на сопствена култура, на други да им е тоа алат за приказ на социјалната еманципација, а најголем број на уметници го користат за јасно да го прикажат контекстот и опкружувањето во кое муралот настанал.

Единствени во таа смисла се политичките мурали во Северна Ирска кои со децении се работат во континуитет. Само од 1970-тите години се документирани над 2.000 мурали кои ги промовираат републиканските, како и унионистичките политички убедувања во таа покраина. Освен што испраќаат јасни пораки, урбаните мурали, доколку се изработени со вкус и мера, несомнено претставуваат исклучително евтин а ефективен начин да се преобразат фасадите и да се разубави градот.

Историјата на мозаикот започнува уште пред 4.000 години, но во уметничка форма се користи од 4-от век пред новата ера. Експанзијата на Римското царство ја шири оваа уметност натаму, иако нивото на знаење и умешност во неговите покраини биле дискутабилни. Византинците и Маварите, секои на свои начин, придонеле за развојот на овој карактеристичен декоративен стил, а за ренесансната употреба на мозаикот во модерна Европа се заслужни Антони Гауди и каталонскиот архитект Џозеп М. Жужол. Тие двајца, на почетокот од 20-от век, го осмислиле фантастичниот парк „Гуељ" во Барселона, во кој користеле повеќе различни техники, меѓу другото и револуционерниот метод познат како trencadis. Денес мозаикот се користи за украсување на ѕидови, под или скалила на јавни места, поретко за цела фасада, па често се смета повеќе како занаетчиска вештина отколку како уметност. Сепак, благодарение пред се на тоа што е добро прифатен во јавноста, мозаикот во 21-от век се слави како мошне достапна, неелитистичка, урбана уметничка форма која е мошне погодна за експериментирање и нови идеи.

Графитите се одамна вброени помеѓу урбаните уметнички форми. Меѓутоа, со развојот на технологијата дошло до можности за користење на графитот во монументални размери! Во Њујорк, на Менхетн, група на уметници на графити користи дигитален проектор и за таа прилика креиран софтвер кој им овозможува графитите направени на плексиглас да ги проектираат во големи размери на која било градба- без оглед дали е во прашање обичен ѕид, фасада на болница или дури споменик! Овој проект, наречен Graffiti Analysis, во текот на минатата година ги обиколи САД во рамките на фестивалот Resfest и предизвика големо внимание. Отприлика во исто време се појавија значаен број на уметници кои, користејќи современи технологии, осликуваат ѕидови и фасади со различни техники, сметајќи дека грдите реклами и корпоративниот урбанизам земаат се повеќе и повеќе јавен простор. Употребата на технологијата е уште еден од начините тој простор не само повторно да се искористи, туку и да се разубави.

(Преземено и преведено од: http://www.b92.net/)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Конфучиј

Подобро е да се сака вистината, одошто да се знае.

Виц блиц

Тешко му е да гледа

Трпе оптегнат на троседот и се обраќа на Трпејца: -Трпејце мила, тешко ми е да те гледам како само работиш и се мачиш. Те молам, затвори ја вратата од кујната! 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се