Спецификите на јапонската куќа

Во согласност со религиозното, филозофското и социјалното наследство, на градењето на куќа Јапонците му приоѓаат со отворен ум, и тоа тргнувајќи од оној поради кој се прави таа- сопственикот и станарот. Тоа наследство се вградува во едноставноста, ведрината, скромноста, слободата, прилагодливоста, коегзистенцијата, а решавачки е и тн. холистички, ограничен пристап.

Додека западната цивилизација тргнува од плацот и зградата на кои човекот мора да им се прилагодува, Јапонија, со својата древна мудрост, тргнува од човекот кому му се гради дом, буквално според негова мерка.

Прочитајте повеќе:

Street art: графити

Графитите се пораки на јавни површини, во пишувана или ликовна форма. Именувани се според италијанскиот збор „graffito“ што значи чкртање, а коренот го влече од стариот грчки збор „graphein“- пишување.

Интересно е дека графитите постојат уште од стара Грција и Рим, а нивната современа историја започна во 1968., со појавата низ њујоршкото метро. Меѓутоа, иако за цртачите претставуваат уметничко дело, во многу земји се сеуште забранети со закон и се третираат како вандализам.

Историјата на графитите е позната. Сепак, различни се мислењата токму во врска со нејзиниот почеток: едни сметаат дека настанале во 60-те години на минатиот век во Филаделфија, други во врска со социјалните немири во Франција (во Париз), а трети го наведуваат името на момчето Таки, кој на почетокот од 70-те кај својата работа како курир почнал да пишува ТАКИ 183 (183 била улицата во која живеел). Имено, тој и се посветил на оваа забава со голем фанатизам и бил забележан од весникот „Њујорк Тајмс“. Во 1971.г. бил објавен разговор со него што предизвикал внимание, па графитите се прошириле низ Њујорк и низ целиот свет.

Прочитајте повеќе:

Урбан мобилијар

Станува збор за релативно нов израз кој се однесува на „личната карта“ на еден град. Со него се означува важно, односно главно облежје или симбол на секој град или на дел од него. Најчесто не еден, а повеќе, и преку нив жителите или посетителите доаѓаат во директен контакт со градот или со некој објект (парк, јавна површина, улица, пешачка зона, зелена површина околу јавни и деловни објекти...). Тие симболи неретко се сведуваат на клупи, корпи за отпадоци, киосци, осветлување, огласни паноа, автобуски стојалишта, но во светските метрополи освен нив, дури поважни се делата од тн. улична уметност (street art). Се тоа придонесува за потврда и афирмација на идентитетот на градот во целина или негов дел (општина).

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Семјуел Батлер

Едноставната забава е последно прибежиште од комплекси

Виц блиц

На нудистичка плажа

Буле со родителите првпат е на нудистичка плажа. По 30 минути играње в песок доаѓа кај татко му и го прашува: -Тато, зошто некои чичковци ја имаат онаа работа поголема, а...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се