Кинокултурата во Македонија и светот

Што е со македонската кинокултура? Што се случува со колективното гледање филмови во Македонија?

Ништо ново: состојбата е катастрофална. Не постои соодветна киноприкажувачка дејност, недостигаат киносали.

А македонската публика сака да оди на кино, особено кога се прикажува квалитетен филм.Тоа е и решението на проблемот- како да се реанимира навиката за одење в кино: со квалитетна понуда, евтини билети, дигитално кино,врвни светски остварувања, домашни филмови...

Скопје доби дигитално кино-„Милениум“ во МКЦ.Тридимензионалното гледање филмови се одликува со чувство на илузија. Се следат филмовите со посебни очила, а гледачите се чувствуваат како да се дел од дејствието-акцијата, како да се очи в очи со ликовите. Со очилата и со технологијата 3Д, при следење на филмската слика се добива чувство на длабинска перцепција.

Како е во светот? Дарко Башевски, директор на Филмскиот фонд на Македонија:

„Во светот е тренд да се отвораат повеќе киносали, но со помал капацитет. Се градат со помалку седишта и се составен дел од мултиплекс-кината. Публиката во нив оди како во супермаркет. Одат цели семејства, си избираат кои филмови ќе ги гледаат. Децата гледаат еден филм, родителите друг. Тоа е начинот преку кој другите земји во светот ја практикуваат кинокултурата“.

Потврда: рекордна посета на кината во ЕУ. Во 2010. година во земјите членки на Европската унија биле продадени 961 милиони кино влезници, што е за 2% помалку отколку во 2009., но некои земји сепак според продажбата на билети го надминале рекордот стар неколку децении.

Така, кината во Франција продале 201,1 милиони билети и го достигнале највисокиот рекорд од 1967. Според податоците на Европската аудиовизуелна служба за следење на посетата на кината, рекордот стар 23 години е соборен и во Италија, каде што биле продадени 123,4 милиони влезници. Во Италија посетата пораснала за 11%.

Но, од друга страна во Германија се продадени 19,7 милиони влезници помалку отколку во 2009., што претставува пад од 13,5%, додека Шпанија забележала пад од 11,7%, зашто се продадени 12,8 милиони билети помалку.

Пораст на посетите забележале и Романија, Бугарија, Чешка, Естонија, Финска, Летонија, Унгарија, Холандија, Португалија и Словенија.

Надвор од ЕУ значаен пораст на продажбата на билети е забележан во Русија за речиси 20%- продадени 27 милиони повеќе отколку во 2009. Турските кина забележале пораст од 11,3%- 41,4 милиони влезници, за 4,5 милиони повеќе отколку во 2009.

Кината во Италија и Чешка забележале огромен пораст на посетители кои гледале домашни филмови. Тој е за чевртина поголем одошто во 2009., а помеѓу најгледаните филмови на Апенините 4 биле италијански. Во Чешка помеѓу 10-те најгледани дури 5 биле домашни.

Наспроти сето тоа, Американците се поретко одат в кино. Дури 6-мина од 10-мина жители на САД признале дека мошне ретко или никогаш не одат в кино, покажа истражување на компаниите „Cupon Cabin“и„Harris Interactive“, чии резултати беа објавени пред десетина дена.

Зборувајќи во проценти, 61% испитаници признале дека ретко или дури никогаш не одат в кино. Од оние што рекле дека ги посетуваат кино салите, половината тоа го прават помалку од порано.

„Издвојувањето на пари за култура и забава, како на пример одењето в кино, е првата работа која настрада при намалувањето на трошоците“, изјави Џеки Ворик, претседател на компанијата „Cupon Cabin“. Тој смета дека причината за ваквите резултати е економската криза што го погоди целиот свет, а не само САД.

Сепак, статистиката не оди во корист на неговото тврдење. Имено, според податоците од кино благајните, во текот на 2009., кога првиот бран на кризата во САД достигна кулминација, заработката од филмови постигна рекорд.

„Според една теорија, во вакви кризни времиња луѓето всушност често издвојуваат пари за мали задоволства, како што е одењето в кино“, тврди Брет Татл, аналитичар на списанието „Time“.

Од Националното здружение на сопственици на кина сметаат дека во неговото тврдење има вистина. Кината мошне добро заработувале во текот на економскиот крах, се наведува во соопштението. Според податоците со кои тоа располага, во текот на 6 од 8 претходни рецесии што се случија во САД кината заработувале повеќе од просекот.

Фактите покажуваат дека во 2011. година се продадени најмалку билети уште од 1995. Резултатот не можеле да го поправат ниту големите промоции на 3D филмови, зашто публиката сепак бара квалитет, а не само специјални ефекти.

Радикална промена во Кина: досега во кинеските кина годишно можеле да бидат прикажани сенасе 20 филмови од странска продукција, а сега кинеските власти одлучија таа бројка да ја зголемат на сметка на 3D филмските остварувања.

Имено, уште 14 странски филмови, и тоа само остварувања работени во 3D технологија, ќе бидат годишно прикажувани во Кина, објавиBBC. Со ова ново правило на сила останува досегашната квота од 20 странски 2D филма годишно.

Статистичките податоци сведочат дека минатата година заработката на кино благајните во Кина надминала 2 милијарди долари. Од 20-те филма кои досега добиваа дозвола за емитување, повеќето главно беа од холивудско производство.

Според податоците на компанијата „Artisan Gateway“, на крајот од минатата година во Кина работеле повеќе од 10 ипол илјади кина. Се проценува дека до крајот на оваа нивниот број ќе биде 13.000.

Повеќе во оваа категорија: Крај на целулоидната филмска лента »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Франсоа Моријак

Никој не е толку паметен како глупакот кога не отвора уста.

Виц блиц

ТБЦ - БМВ

- Докторе, докторе, кашлам, не можам да дишам, умирам... - Смирете се, полека. Кажете ми, дали некој во вашето семејство имал ТБЦ? - ТБЦ никој никогаш немал, но стрико ми имаше БМВ!!!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се