Германците работат на автомобил со кој ќе управува мозокот

И додека бројни компании со години се обидуваат да развијат ефикасни и ценовно прифатливи електрични автомобили, а Google се занимава со интелигентни возила на кои не им треба возач, вредните Германци одат чекор подалеку и веќе некое време најавуваат автомобили во кои возачот сепак ќе мора да седи, но се што ќе му треба за сигурно управување е неговиот мозок.

Група научници од берлинските иновативни лаборатории Autonomos е на прагот на развој на системот BrainDriver, кој ќе направи движењата со рацете и нозете со кои управуваме со возилото да станат одвишни. Возачите исто така ќе можат да го запалат моторот, да свртат лево или десно, да забрзаат или забават користејќи ги мозочните бранови. Со други зборови, доволно е само да се мисли правилно, а се друго ќе одработи автомобилот самостојно.

Иако сето ова звучи како некој научно-фантастичен роман, водителот на проектот Паул Ројас и неговите колеги се решителни во својата намера автомобилите со волан и да ги испратат во историјата.

Како ќе функционира тој систем? Прво што ќе ви треба е тн. Emotiv neuroheadset (EPOC), кој ќе морате да го ставите на главата. Уредот е опремен со 16 сензори кои имаат можност на декодирање на електромагнетните сигнали од вашиот мозок. EPOC потоа се поврзува со управувачката плоча на автомобилот која е опремена со ласери, радарски сензори и камери.

Без оглед на ова ветувачко сценарио, скептиците се загрижени зашто од мислата па до нејзиното спроведување во акција мора да помине одредено време, а проблем можат да претставуваат и луѓето со различни пореметувања на вниманието, како ADHD или возачи кои се однесуваат некултурно. Од друга страна, сите се согласуваат дека развојот на овој систем треба да се поддржи, пред се зашто и на парализираните луѓе би им се овозможило управување со возила.

Уште ќе причекаме

-На проектот работиме неколку години, но тој нема брзо да отиде на патиштата. Се уште сме во развојна фаза и сакаме да докажеме дека такво нешто е можно. До целосна контрола на возилото со нашиот мозокт сепак ќе треба да помине уште многу време- изјави Паул Ројас.

Со мозокот успеале да контролираат електричен skateboard

Технологијата која пред се за автомобилите се развива во Германија може да биде корисна и во управување со други превозни средства. Така, група американски научници го тестирала EPOC системот на електричен skateboard. Уредот на главата ги собирал електричните импулси од мозокот и ги испраќал во Самсунговиот таблет, а неговиот софтвер ги читал мислите на возачот и го насочувал skateboard-от во насоката што тој ја зацртал во својата глава. Електричниот skateboard контролиран со умот успеал да развие брзина до 50 километри на час.

 

(Извор: http://www.vecernji.hr/)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Вилјам Хазлит

Единствен грев што не може да се прости е лицемерието, а каењето на лицемерот е само по себе лицемерие.

Виц блиц

Ева и Бог Еден ден во Рајската градина

Ева го довикува Бога: -Боже, имам проблем! -Во што е проблемот, Ева?- и се јавува Бог. -Боже, знам дека Ти ме создаде и ми ги даде оваа прекрасна градина, овие прекрасни...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се