„Паметните“ телевизори ќе ја поддржуваат новата Smart Interaction технологија која се состои од камера и микрофон вградени во телевизорите и овозможува управување со глас или движења „Паметните“ телевизори ќе ја поддржуваат новата Smart Interaction технологија која се состои од камера и микрофон вградени во телевизорите и овозможува управување со глас или движења

„Паметни“ телевизори

Минатогодинешниот самит Consumer Electronics Show 2012, што од 10. до 13. јануари се одржа во Лас Вегас, може слободно да се нарече „Паметни и тенки“.

Се почна со најтенките „паметни“ телефони на светот, а сега се преминува на „паметни“ телевизори. Производителите на телевизори гордо покажаа какви модели можеме да очекуваме во иднина, а тие секако ќе бидат се поголеми и се „попаметни“, со доста различни апликации. Со ТВ ќе управуваме со гласот, а тие ќе ги „препознаваат“ нашите лица преку вградени камери.

Иако можеби се уште не заживеале помеѓу корисниците, се поголем број на модели ќе имаат и поддршка за 3D технологијата. „Паметните“ телевизори ќе ја поддржуваат (веќе ја поддржуваат) новата Smart Interaction технологија која се состои од камера и микрофон вградени во телевизорите и овозможува управување со глас или движења (на пример со мавтање на рацете), а камерата овозможува и препознавање на лица.

Компанијата Lenovo на овој самит го претстави својот K91 „паметен“ телевизор, со дијагонала на екранот од 55 инчи, кој работи на Андроид, верзија Ice Cream Sandwich. Го придвижува двојадрен 1,5GHz процесор кој има 8GB простор за чување на податоци, microSD и поддршка за 3D.

Доаѓа и со додатен далечински управувач со микрофон кој овозможува управување со глас, а со оглед дека има вградена и 5MP камера, овој ТВ ќе може да препознава лица. Исто така, има поддршка за Android Market и Lenovo Store, од кои може да се преземаат апликации.

Ни другите производители на телевизори не заостануваат.

Компанијата LG претстави бројни интересни модели, а најголемо внимание привлече нивниот OLED TVод 55 инчи. OLED (Organic Light-Emitting Diode) технологијата е посупериорна во однос на LCD и нуди мошне висок квалитет на сликата, а мана му беше превисоката цена. Веќе тоа не е така.

Свој OLED TV претстави и Samsung. Неговиот модел беше сепак малку подебел.

Sony соработува со Google. И оваа компанија претстави Blu-ray player иmedia player кои имаат поддршка за Google TV. Посебно интересен е далечинскиот управувач кој се добива во пакет. На едната страна се наоѓа екран чувствителен на допир, додека на другата QWERTY тастатура и вграден микрофон.

Може да се забележи дека стана речиси тренд како да се промени начинот на управување со уредите, touchscreen-от помина и сега се преминува на контрола со глас и движења. Ќе биде интересно да се седи во фотелата и да му се „каже“ на телевизорот која програма да префрли или на телефонот кого да повика.

А поновата вест гласи:

Јужнокорејската компанија „Samsung electronics“ соопшти дека годинава планира да продаде повеќе од 25 милиони свои „паметни“ телевизори, поради освојувањето на интернетскиот пазар на кој вниманието го насочиле конкурентите, помеѓу кои е и американскиот„Apple“.

Претставникот на фирмата Ким Хјун Сук изрази надеж дека за повеќе од половина ќе биде исполнет планот за продажба на 50 милиони телевизори со рамен екран и пристап на Интернет и на интерактивните телевизии.

Последниот „паметен“ телевизор на „Samsung electronics“ го препознава човечкиот глас на околу 30 јазици за команди за вклучување и исклучување, промена на каналот и дотерување на јачината. Исто така, овие апарати препознаваат движења на рака и имаат околу 1.500 апликации.

„Овој телевизор ги содржи сите технологии и понуди што ги имаме“, изјави Ким. Моделот „ES8000“ во продавниците ширум светот стаса на крајот од март мината година.

„Паметниот“ телевизор им овозможува на корисниците пристап на Интернет и видео - снимки, како и специјализирани апликации како видео - игри.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Сри Ауробиндо

Највисоката манифестација на бога е чистиот дух во чисто тело. Бог е во срцата на оние што го бараат.

Виц блиц

Час по филозофија

Професор по филозофија стои пред своите студенти, а пред себе има неколку предмети. Започнува часот. Тој без збор зема в раце голема празна тегла од краставици и почнува да ја...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се