Дали е можно едноставно да се земат соодветни атоми и молекули и да се склопи се што ни треба Дали е можно едноставно да се земат соодветни атоми и молекули и да се склопи се што ни треба

21-от век- век на нанотехнологијата

Постојат повеќе значења на овој поим: се што се одигрува на нано скалилото на големини во рамките на сеопштата минијатуризација на макроскопските објекти кон се помали и помали; стриктно создавање на машини, направи, атом по атом односно молекула по молекула. Во вториов случај поначесто се работи за молекуларна нанотехнологија.

Еволуцијата на сфаќањето на структурата на материјата трае уште од околу 400 години пред Христа и појавата на атомизмот, за во 20- тите години на 20- от век да стане јасно дека самите ние и се околу нас е создадено од сенасе 92 различни атома.

Низ сето тоа време, а и денес, луѓето создаваат со „груба" обработка на различни суровини- со сечење, дупчење, полирање, варење итн. Меѓутоа, постојат низа уреди кои се мали и дури треба да бидат минијатурни. Во тој „свет" се развиваат скапи технологии кои со својата логика не се разликуваат многу од наведените примарни (па и примитивни) постапки, бидејќи секогаш се тргнува од големо кон помало. Но зошто така кога на крајот е се составено од атоми и молекули?

Дали е можно едноставно да се земат соодветни атоми и молекули и да се склопи се што ни треба? На пример, се што е потребно за дијаманти се наоѓа во јагленот, само атомите треба „малку" да се „преклопат" односно „пресложат". Притоа е потребен само асемблер- сложувач кој тоа ќе знае да го направи.

Пред 20- тина години К. Ерик Дрекслер (K. Eric Drexler) од Универзитетот во Станфорд го поттикна развојот на молекуларната нанотехнологија кој се темели на концептот на контрола на позиционирањето на атомите и остварување на самоумножување на молекуларни постројки. Целта е создавање на која било сакана структура во согласност со законите на физиката и хемијата, со поставување на секој поединечен атом на соодветно место а притоа се да биде и економично.

Создавање на нанопостројки е се уште далеку, но многу нешта укажуваат дека толку минијатурни постројки се можни. Ако се остварат, еден ден би можеле да имаме суперкомпјутери со џебна големина или во медицината минијатурни молекуларни механизми кои би можеле да ги поправат болните станици.

На почетокот од 1997- ма година во Тексас е формирана првата компанија (Zyvex), чија единствена цел е развој на уреди кои ќе овозможат изградба на поединечни атоми (асемблери). Корените на тие футуристички стремежи се наоѓаат во постигнувањата на „конвенционалната" наука.

Ричард П. Фејнман (Richard P. Feynman) во едно свое предавање од далечната 1959- та година, на годишен состанок на Американското друштво за физика, расправа за основните проблеми на манипулирање и контрола на мала скала на големини, на пример запишување и читање на податоци на што помали површини. Тој уште тогаш не гледа пречки на пример Британската енциклопедија цела да се запише на површина од глава на безопасна игла.

Многумина истакнати научници сметаат дека нанотехнологијата (во поширока смисла) дава одговор на клучните проблеми на денешницата кои наедно ја одредуваат иднината на човештвото. Така, професорот Ричард Смејли (Richard Smalley), од Унивезитетот Рајс (Rice), добитник на Нобеловата награда за хемија во 1996- та година (за откритието на молекулата C60), во своето обраќање на финансиерите смета дека последиците од популациониот бум (на пример енергетската и еколошката криза) можат да се разрешат првенствено со развој на нанотехнологијата (на пример соларната нанотехнологија).

Во меѓувреме, додека скептиците молекуларната нанотехнологија се уште ја доживуваат како научна фантастика, нанотехнологијата во поширока смисла на зборот се движи со мали чекори но незапирливо. Развојот на скенирачките микроскопи STM, AFM, овозможуваат не само посматрање на поединечни атоми на површини, туку и манипулација или на пример следење на движењето на одделни атоми.

Постапките, како што е нанофокусирањето, стануваат стварност. Минијатуризацијата на полуводечки ласери е веќе блиску до постигнување на услови за работа без енергетски праг, со што ќе се остварат ултрабрзи уреди.

Развојот на атомската литографија, запишување на периодични структури со помош на атомски снопови, ќе овозможи создавање на дводимензионални периодични примероци со резолуција помала од 100 нм.

Постои низа на институции кои се повеќе се вклучуваат во трката, Scientific American редовно ги следи трендовите во нанотехнологијата, се финансираат се повеќе проекти. На пример истражување и развој на наночестички, наноструктурни материјали и наноуреди...

На Интернет постојат бројни сајтови специјално посветени на нанотехнологијата кои редовно информираат за се што е најново, се што се случува од ден на ден, од час во час во оваа област.

Повеќе во оваа категорија: « Паметни и глупави деловни промашувања

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Џорџ Сантајана

Ако амбицијата и вредноста чекорат покрај вас, ќе станете некој.

Виц блиц

Дебела

Оди една дебела жена низ улица. Наеднаш ја удира автомобил со плавуша за воланот, но за среќа останува неповредена. Жената: -Луда жено, зарем не можеше да ме заобиколиш? Плавушата: -Извинете, жено, но немав...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се