Маратонската битка се случила на местото наречено Маратонско поле во 490.г.пр.н.е., а во неа голема победа извојувале Атина и Платеја над Персија, во текот на Грчко- персиските војни. Маратонската битка се случила на местото наречено Маратонско поле во 490.г.пр.н.е., а во неа голема победа извојувале Атина и Платеја над Персија, во текот на Грчко- персиските војни.

Фидипид и Маратонската битка

Маратонската битка се случила на местото наречено Маратонско поле во 490.г.пр.н.е., а во неа голема победа извојувале Атина и Платеја над Персија, во текот на Грчко- персиските војни.

За битката е врзана и легендата што довела до современото значење на изразот маратон: Фидипид (понекогаш нарекуван и Филипид), најбрзиот тркач помеѓу атинските хоплити, добил задача да оди до Атина и да им ја јави на граѓаните веста за победата. Откако претрчал 40 км и дошол до Атина, бил сосема исрцпен и на своите сограѓани им рекол „Νενικήκαμεν!“ (Nenikékamen!; Победивме!)- умрел. Варијации на оваа легенда говорат дека Фидипид имал задача да ја предупреди Атина за доаѓањето на персиската флота.

Најнови откритија и сознанија упатуваат на нужни корекции на оваа „најопшта“ легенда!

Накусо за Маратонската битка:

По неуспехот на персискиот поход за покорување на Грција, во 492 г.пр.н.е., царот Дариј I во текот на следната година се подготвувал за нов. Во пролетта на 490.г.пр.н.е. во Киликија се собрала персиската војска, при што е одлучено таа по морски пат да се префрли во Атика, во срцето на непријателската земја. Според Херодот, флотата се состоела од 600 триери- главно транспортни, а не воени бродови. Копнената војска, пак, била „огромна и добро вооружена“ (подоцнежни автори наведуваат 200.000 и 300.000 пешаци и 10.000 коњаници). Дека овие бројки се претерани, говори фактот оти на бродовите би можеле да се сместат не повеќе од 15.000 пешаци, пред се стрелци и 500 до 800 коњаници.

Херодот не наведува податоци за големината на атинската војска, но некои подоцнежни автори велат дека бројот на атинските војници изнесувал помеѓу 9.000 и 10.000, како и извесен број на пешаци и робови. Персијанците се истовариле во рамнина недалеку од Маратон, 40 км далеку од Атина. Атињаните на Спарта и испратиле итен повик за помош, но Спартанците ја одбиле молбата повикувајќи се на својот обичај да не може да се преземе поход пред излегување на полна Месечина. Единствено Платеја испратила еден одред кој им се приклучил на Атињаните на бојното поле.

Маратонската битка се одиграла на 13. септември 490. г.пр.н.е. По претрпениот пораз во првата битка, во која Грците заробиле 7 бродови, загинале 6.400 Персијанци и 192 Атињани, персиската флота го заобиколила ‘ртот Сунион и се упатила директно во Атина. Меѓутоа, атинските војсководци го откриле планот, па војската тргнала назад и со забрзан марш стасала прва во Атина. Персијанците потоа отпловиле назад во Азија.

Херодот го спомнува гласникот Фидипид („тркач по занает“), кој пред битката добил задача да отиде од Атина во Спарта и да пренесе порака со која Атина од неа бара помош. Во Спарта стасал следниот ден, минувајќи за тоа време растојание од околу 200 км или повеќе. Исто така, во своите писанија за Маратонската битка пишува за грчкиот војник Фидипид кој целата патека од Маратонското поле до Атина ја претрчал и ја јавил веста за победата.

Легендата за Фидипид стекна голема популарност на крајот од 19. век, а во негова чест во програмата на првите модерни Олимписки игри во Атина, во 1896. година, е воведена тркачката дисциплина маратон- на патека долга 42.195 метри. Меѓународниот олимписки одбор проценил дека патеката помеѓу Маратон и Атина всушност била долга околу 34 км.

Во 2004. година астрономи од Универзитетот во Тексас ја истакнаа можноста дека битката се одиграла во пеколно жежок август, а не во попријатниот септември. Објаснението е рационално:

Досегашниот датум го утврдил германскиот научник од 19. век Аугуст Боек, а повикувајќи се на Херодотовите записи во кои тој во детали ја опишува фазата на Месечината во времето на битката. Меѓутоа, како што тврдат американските астрономи, тој притоа не ја зел предвид разликата помеѓу атинскиот и спартанскиот календар- точно еден месец, па тие утврдиле дека битката се одиграла на 12. август истата година.

Обата календара се лунисоларни- значи се темелат на циклусот на Месечината од прилагодувањето со соларната година, но започнале во различно време. Атињаните годината ја започнале за време на летниот солстициј, а Спартанците за време на есенскиот еквиноциј. Дознавајќи дека кај Маратон се истовариле Персијанците, Атињаните побарале помош од Спарта. Одговорено им е дека поради верска свеченост не можат да тргнат пред следната полна Месечина (види погоре во текстов). Боек веројатно поради тоа претпоставил дека е збор за Карнеи, според спартанскиот месец Карнеиос, кого го поистоветил со атинскиот Метагеитнион.

Астрономите од Тексас, пак, тврдат дека во таа 490. г.пр.н.е. датумот на полната Месечина во Карнеи бил месец дена порано, значи во денешен август, а не во септември. Во тој случај колапсот на Фидипид (смртта веднаш по стасувањето и соопштувањето на веста за победата) воопшто не треба да чуди, зашто просечните температури во Атина во текот на август се многу повисоки отколку во септември.

Уште едно најново сознание или шпекулација: Фидипид претрчал околу 500 км, а не 42! Имњено, се смета дека Гркот трчал по помош во Спарта и назад, се борел и потоа уште трчал до Атина.(Веќе го потенциравме пишувањето на Херодот за двете трчања- до Спарта по помош и  до Атина за да ја соопшти веста.) Тоа значи дека умрел затоа што за само 3 дена претрчал близу 500 км. Тогаш бил најбрз помеѓу грчките војници (бил професионален тркач).

Патот до Спарта изнесува 220 км (ридест и суров), а Фидипид го истрчал за околу 36 часа. Потоа истрчал назад (пат повеќе од 220 км!) да јави дека од бараната помош нема ништо. Во меѓувреме, малата атинска војска, а со неа и Фидипид, пешачела до Маратонското поле за да се подготви за битката. По победата, на Фидипид пак му било заповедано да истрча до Атина за да ја донесе веста и едновремено да ги предупреди граѓаните за доаѓањето на персиските бродови. Иако бил уморен од трчањето во Спарта и назад, како и од борбата, носејќи тежок оклоп, Фидипид го сторил тоа што се барало од него: дотрчал до Атина за речиси 3 часа (за отприлика толку денешните маратонци со „нормално трчање“ ја минуваат олимписката патека), ја предал пораката и умрел од исцрпеност.

Но, дали Херодот пишува за еден ист Фидипид?

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Јохан Волфганг Гете

Кога ќе сретнеме некој што ни должи благодарност, веднаш се сеќаваме на тоа, а колку пати сме сретнале некого кому му ја должиме, а на тоа да не сме се...

Виц блиц

Басна со модерно наравоучение

Слушнале животните во шумата дека еден мечок има листа за убивање. Сите се исплашиле, па најпосле викнал еленот дека тоа веќе не може да го поднесува и оти оди да го...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се