Македонци и без Македонија

На сајтот „Македонска нација“ (http://www.mn.mk/) е објавен мошне интересен текст, потпишан со иницијали К.Л., со наслов „Македонскиот ентитет при имиграциите во Америка“, а посветен на имигрантскиот период од 1895. до 1925. година. Станува збор за документи што недвосмислено укажуваат на високата свест на Македонците принудени на неповратен пат преку „Големата бара“ за својот идентитет, своите корени, своето име, опстојот низ вековите. И тоа во време кога не постоела држава Македонија, што укажува на една ноторна вистина која, за жал, не ја знаат или ја „забораваат“, ја извртуваат не само странски, туку и домашни „експерти“: дека припадноста кон еден народ, кон еден етникум не е е поврзана, не е условена од државотворноста.

Текстот го пренесуваме во целост (фотографијата е објавена над текстот):

Во периодот од 1895. до 1925. година околу 15.000 лица кои имигрирале во Америка се изјасниле како Македонци.

Постојат досиеја за раната македонска имиграција во САД која се случувала во почетокот на 20 век. Овие досиеја се интересен сведок за потврдување на  македонскиот етнички идентитет. Податоците  се огромно богатство од информации.
 
Во периодот од 1895 до 1925 година врз база на податоците од досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација, околу 15.000 лица кои имигрирале во САД се изјасниле како Македонци, иако во тоа време не постоела државата Македонија.
 
Невозможно е да се утврди точниот број на Македонци што имигрирале во САД од многу причини. Главната е тоа што Македонија стана независна држава дури во 1991. година. Меѓутоа, многумина Македонци, и покрај сите жестоки обиди за задушување на етничкиот идентитет и националност, се изјаснуваа како Македонци при пристигнувањето во САД.
 
Податоците добиени од досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација, како и копии од националните архиви и администрација, даваат податок на голем број патници кои влегле во различни пристаништа на САД и се изјасниле како Македонци:
 
Досиејата говорат дека 14.737 патници се изјасниле како Македонци во време кога македонскиот етнички идентитет и македонската држава не биле официјално признати - Југославија ги признава Македонците како народ, меѓутоа, во југословенските пасоши немало графа за националност. Она што е значајно е дека овие имигранти по сопствено убедување се изјаснувале како Македонци при пристигнувањето во САД и исто така мора да се чувствувале дека припаѓаат на единствена етничка група што тие ја идентификувале како Македонци.

Друга многу важна серија информации содржани во досиејата на Американската агенција за имиграција и натурализација во врска со раната македонска имиграција во САД индицира дека тие навеле различни земји како земја на потекло: од Турција - 4.979, Грција - 906, Македонија - 4.194, Бугарија – 267. Албанија – 5 и Србија – 188. Овде јасно е покажано дека најголем број од македонските имигранти, или поточно 4.979 Македонци, ја посочиле Турција како своја земја на потекло. Ова е поради тоа што пред балканските војни во 1913 година, цела Македонија и' припаѓала на Турција. Меѓутоа, она што навистина боде очи е дека речиси еднаков број Македонци ја посочиле Македонија како своја земја на потекло, иако таа во тој период не беше држава.

Повеќе во оваа категорија: « Фидипид и Маратонската битка

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Марк Твен

Човек кој не чита добри книги нема никаква предност во однос на оној што воопшто не знае да ги чита.

Виц блиц

Само двапати

Се венчал млад пар. Бидејќи била таква традицијата, новопечениот маж се зачленил во Клубот на женети мажи. Имено, сите женети мажи членувале во тој клуб, а целта била дружење во...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се