Именик на (не)обични луѓе

Кога некој би се нафатил да напише „Именик на (не)обични луѓе“, тоа веројатно би била една од најдебелите- најголемите и секако најинтересните (најпродаваните- најчитаните) книги- именици на светот на сите времиња! Интересна идеја, нели?

Зошто да не се нафатам јас да ја поставам- да почнам да ја создавам заедно со вас? Би можела да се објавува секоја година, слично како „Гинисовата книга на рекорди“’. И насетувам, тоа бил бил голем издачавки бизнис...

Ај некое време нека се „готви“ идејава, па кога ќе ја „зготвиме“...Дотогаш да се задоволиме со паноптичнава рубрика под тој наслов!

P.S. или Предупредување:
Оваа објава (прилог) едновремено значи заштита на авторските права врз насловот и идниот проект!

Ненси Вили, поштар од Аскринг- Велика Британија, толку се плашел од жени што никогаш не им ја врачувал поштата. Кога умрел, во неговата соба е пронајдено  купиште неврачени пратки, од кои многу биле стари повеќе од 20 години;

Владимир Свјатославич (956 - 1015), голем кнез на Киев кој се прогласил за кнез на цела Русија, се женел 4 пати, а имал 1.000 љубовници:

Александар Кутаисов (1784 -1812), од Петерсбург- Русија, иако бил со совршено здравје, во последните 12 години од животот по 6 месеци минувал во постела за да има што повеќе време за читање;

Кардиналот надбискуп Жан- Батист Д Белој (1709 - 1808), од Париз, првата кивавица во животот ја добил на 99 години и од неа умрел;

Кралицата Маријана, мајка на шпанскиот крал Карлос II (1661 - 1700), кој на престолот стапил кога имал 5 години, ги затворила сите театри во Шпанија во период од 11 години. Таа сметала дека Карлосовите поданици не треба да уживаат во нешто што му е недостапно на нивниот монарх кој бил премногу млад да ги сфати театарските претстави;

Дон Орацио Мандара, од Виторио на Сицилија, му го завештал своето огромно богатство на сенаторот Џузепе Шинино, кого воопшто не го позавал, а само затоа што нивните мајки се родени на ист ден;

Оскар Бредли, од Маконо во државата Џорџија, САД, може да оди на раце, и тоа само на палецот и показалецот;

Дејвид Греам Филипс (1867 - 1911), американски писател, за 10 години објавил 29 книги. Сите свои дела ги пишувал стоејќи пред висока маса дури по 10 часа дневно;

Шкотланѓанецот Томас Симпсон во 1839. година организирал експедиција на Арктикот. На само 4 мали поврзани кајаци, тој со екипажот успеал да мине дури 2.245 км.;

Том Ејкерс, астронаут од спејс- шатлот „Ендевер“, чиј екипаж извршил поправка во вселената поставувајќи нова камера од 270 кг на вселенскиот телескоп „Хаби“, постигнал нов американски рекорд во „шетање“ во вселената: вкупно надвор од бродот минал 22 часа и 55 минути. Тоа е за една минута повеќе од Џери Рос, шефот на екипажот за поправка на телескопот;

Милан Димитриев Ристески (1923 - 1983) е најплодниот и најревносен собирач на македонски народни умотворби. Има собрано над 25.000 страници народно творештво од сите жанри. Бил учител и архивист, а македонската култура ја задолжи со богатата фолклористичка дејност. Автор е на повеќе книги од областа на народното творештво и историјата. Собраните умотворби се наоѓаат во Архивот на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ во Скопје и во неговата оставнина.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Луциј Анеј Сенека

Малите грижи говорат, а големите молчат.

Виц блиц

Мртви пијани возат автомобил

Возат двајца мртви пијани автомобил. - Ќе стасаме ли наскоро в град? - Да, еве сега почесто газиме пешаци. - А може ли тоа малку побрзо? - Не знам, батка, ти возиш!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се