12-годишно дете уловило во заливот Palm Beach морски пес тежок 250 килограми и долг околу 3 метри 12-годишно дете уловило во заливот Palm Beach морски пес тежок 250 килограми и долг околу 3 метри

Тој (не)обичен, чуден свет

Мал избор: невин во затвор цели 26 години; преживеал пад од 47-ми кат; дете риболовец уловило морски пес од 250 килограми; министер-хипнотизер на кокошки; бизнис: банка за проститутки.

Невин во затвор цели 26 години

Човекот кој пред цели 26 години бил уапсен поради силување на своите соседи е ослободен врз основа на нов ДНК тест кој ја докажал неговата невиност.

Charles Chatman (47) повеќепати истакнувал дека не е виновен. Тој така станал 15-ти затвореник во округот Dallas кој од 2001-ва е ослободен по тестирањето на ДНК.

„Огорчен сум. Лут сум“, рекол Chatman во својата последна ноќ во затворот. „Но, немам намера никому да му се одмаздувам, ниту некого да повредам“.

На 20- годишна возраст Chatman за злосторство е осуден откако 20-годишна девојка го препознала. Тие двајца живееле само неколку куќи оддалечени еден од друг, но не се познавале.

Уште како момче, Chatman во 1981-ва година е осуден поради силување на 99 години затвор. Сето изминато време верувал дека еден ден ќе биде ослободен и тоа го одржувало.

Округот Dallas ослободува се повеќе затвореници откако е започнат Проектот на невиноста на Тексас. Државата Тексас е водечка според бројот на затвореници ослободени врз основа на ДНК тест. Една од најважните причини е големата лабораторија во Dallas, во која се спроведува речиси половина од ДНК тестовите во криминалистички обработки;

Преживеал пад од 47-ми кат

Лекарите велат дека такво нешто никогаш не виделе: мијач на прозорци кој паднал од 47-ми кат на облакодер во New York е буден, разговара со членовите на семејството, а се очекува и повторно да прооди.

Alcides Moreno (37) паѓал на 7-ми декември (2007-ма) речиси 500 метри кога се издвоила платформата од која миел прозорци, но неговиот брат, за жал, не преживеал.

Moreno со некое чудо ја преживеал несреќата и лекарите од Презбитеријанската болница во New York велат дека се опоравува зачудувачки добро. Ги движи рацете и нозете, дише нормално, а за Божиќ, првпат од несреќата, ја отворил устата и проговорил со членовите на семејството.

Неговата сопруга Rosario Moreno не можела да ги задржи солзите додека им заблагодарувала на лекарите и на медицинските сестри кои се грижеле за Morenо.

„Му благодарам на Бога за ова чудо. Moreno не престанува да зборува дека едноставно не бил негов редот за заминување на 'оној свет'“, изјавила Rosario;

Дете риболовец уловило морски пес од 250 килограми

12-годишно дете уловило во заливот Palm Beach морски пес тежок 250 килограми и долг околу 3 метри, и така поставило нов рекорд на Флорида, објави локален медиум.

Aidan Murray Medley, кој во тоа познато туристичко одредиште, на 100 километри северно од Miami, летувал со родителите, силно се изненадил кога сфатил дека уловил толку голем пес, објави весникот Palm Beach Post.

„Беше тоа навистина големо животно“, изјавил младиот рибар, кој со риболов се занимава од својата 5-та година и кому тоа не му е прв така значаен улов. Имено, неговата мајка раскажала дека минатата година тој уловил морски пес тежок 209 килограми.

Стариот рекорд на Флорида, позната според голем број на морски кучиња, е забележан во 1981-ва година на Panama City Beach во Мексиканскиот залив, каде што е фатен морски пес тежок 234 килограми;

Министер-хипнотизер на кокошки

Meir Sheetrit, израелски министер за внатрешни работи и истакнат член на партијата Kadima во владејачката коалиција, поседува необична моќ.

Имено, 59-годишниот министер успешно хипнотизира кокошки, а таа вештина неодамна ја демонстрирал во текот на посетата на Зоолошката градина di Kiryat Motzikn, на север на Израел.

Сведоците, меѓу кои бил и управителот на градината, тврдат дека Sheetrit и се приближил на една кокошка и и шепнал некои смирувачки зборови, на што таа се здрвила. По заслужениот аплауз на насобраните, министерот на полицијата нежно ја допрел кокошката по стомакот и таа се разбудила;

Бизнис: банка за проститутки

Банката за проститутки во најголемата индиска зона на црвени фенери е толку успешна што на клиентките не само им помага да избегаат од сиромаштијата која ги држи во борделите, туку и да градат куќи и да школуваат деца.

Капиталот на банката од основањето толку пораснал што институцијата почнала да ги субвенционира продавниците во кои се снабдуваат околу 22.000 проститутки во Kamatipurа, дел на Bombay познат според пријателките на ноќта.

Банката им помага на проститутките кои се одлучиле нешто да заштедат за времето кога повеќе не ќе можат да заработуваат. Имено, бидејќи повеќето немаат крштеница, ниту пријава за престој, проститутките тешко можеле да отвораат сметки или да подигаат кредити во класичните банки.

Сега и тие можат парите, кои порано често им ги краделе пијани муштерии или крадци, секој ден да ги вложат во својата банка. Капиталот на банката силно расте од основањето, како и штедењето на клиентките, кои моментно се околу 1.000.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Ристо Трифковиќ

Просечноста е секогаш агресивна.

Виц блиц

Исчезната сопруга

Дотрчува маж во полициска станица: -Ве молам, жена ми исчезна, пронајдете ја! Еве ви ја нејзината фотографија. Дежурниот ја погледнува фотографијата, па му вели на загрижениот сопруг: -А Зошто да ја бараме?

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се