Ашкенази,„Весели гробишта“,Бигфут

Околу 3,5 милиони денешни Евеи Ашкенази, односно околу 40% од вкупната популација на Ашкеназите во светот потекнуваат од само 4 жени, покажуваат резултатите на група израелски генетичари;

"Весели гробишта" (или на романски: Cimitirul vesel) се гробишта во селото Săpânţa, кое е познато според шарените надгробни споменици насликани со наивни слики што прикажуваат сцени од животот на покојникот. Исто така, на спомениците е присутна и поезија со која е опишано закопаното лице;

Бигфут е подземно суштество,- тврди Лајл Ван од Полден, сојузна американска држава Аризона. Заминал под земја за да го преживее последното ледено доба.

Околу 40% од Евреите Ашкенази потекнуваат од само 4 жени

Тие 4 жени живееле во последните 2.000 години накаде во Европа, но не задолжително на исто место, па дури ниту во ист век, изјави водачот на истражувачкиот тим доктор Дорон Бехар од израелскиот Медицински центар "Рамбам" во Хаифа.

Секоја од тие жени зад себе оставила свој "генетски печат" кој денес се јавува кај сите нејзини потомци, наведуваат Бехар и неговите соработници во извештај објавен на он-лајн изданието на списанието "American Journal of Human Genetics". Нивните 4 потписи се појавуваат кај 40% од Ашкеназите, а воопшто ги нема кај неевреите и многу ретко кај Евреите кои не се Ашкенази по потекло, објаснуваат научниците.

Според нив, денес од вкупно 13 милиони Евреи во светот околу 8 милиони се Ашкенази.

Ашкеназите потекнуваат главно од средна и источна Европа. Тие се потомци на првите Евреи кои емигрирале од Израел во Италија во првиот и вториот век од новата ера, истакна Бехар. Таа група подоцна се населила во источна Европа (во текот на 12-от и 13-от век), каде што пред почетокот на Втората светска војна се зголемила на 10 милиони луѓе.

Истражувачите користеле митохондријална ДНК која се наследува од мајчинска страна. Жената може да им пренесе митохондријална ДНК на своите внуци само преку своите ќерки, па тоа е одлично средство за трасирање на мајчинската лоза, додава Бехар, кој во текот на истражувањето ја анализирал митохондријалната ДНК на повеќе од 11.000 примероци.

За "Веселите гробишта"

Со оглед дека во Европа на смртта се гледа како на тажен настан, овие гробишта се прилично необични. Некои ваквиот обичај на закопување на мртвите го поврзуваат со културата на Дачаните, чија филозофија била темелена на бесмртноста на душата и на верувањето дека нечија смрт е всушност среќен момент во кој лицето преоѓа во нов, подобар живот.

Првите насликани крстови на овие гробишта ги направил Ioan Patraş.

Дабовото дрво, од кое се прават крстови, се сече во греди и се остава да се суши една до две години. Потоа се сече во 10 сантиметри дебели штици, долги 2,20 метри и широки 20-40 сантиметри, па се оставаат уште неколку месеци да се сушат. Дури тогаш уметникот ја започнува својата работа: најнапред вцртува геометриски мотиви и работи барелјеф посветен на покојникот, а потоа го бојосува крстот во сина боја- симболот на надежта и слободата.

Сликите на спомениците ги прикажуваат дури и последните моменти на покојникот, па така може да се најде и слика на сообраќајна несреќа во која загинало тригодишно девојче.

Во 1935-та година Patraş го направил и првиот епитаф, а веќе околу 1960-тите гробиштата имале над 800 слични бојосани крстови, изрезбарени од дабовина.

Што е однесува на епитафите, тоа се обично кратки песнички напишани во прво лице, богати со архаизми, разни дијалекти, но и граматички грешки.

Роднините и пријателите на покојникот не тагуваат, туку наздравуваат со алкохол и слават. Целото село е посветено на овие гробишта. Колективната свест, ансамблот на шарени гробови, каде што секое мртво лице на некој начин скромно го прераскажува своето постоење низ тага и среќа, создаваат безгрижна и весела атмосфера, вид на предизвик кон смртта, како и одредена химна на животот.

Денес "Веселите гробишта" се туристичка атракција на Романија, своевиден музеј на отворено.

Се уште мистерија или шарлатанство: Бигфут

Лајл Ван тврди дека поседува фотографски снимки, примероци на влакна, потоа видео-ленти, извештаи на очевидци и отпечатоци на стапала во гипс, кои го докажуваат постоењето на легендарното суштество. Тој бара да се донесе закон што ќе ги штити тие мирољубиви ѕверки од агресивните експлоататори. Според него, нив веќе ги експлоатираат туѓинските господари-интелигентни, но физички слабуњави вонземјани на кои им се потребни силните грбови на влакнестите хоминиди за ископување на злато и други минерали (кои се користат како погонска сила за бродовите на вонземјаните).

Едно од најчудните тврдења на овој бигфутов контактмен е дека тој се спријателил со влакнестите суштества благодарение на тоа што имал повеќе од 30 средби со нив во текот на своите патувања низ Аризона и Калифорнија.

"Тие ми приоѓаат", се исповеда Лајл Ван. "Тие имаат доверба во мене. Јас им оставам храна".

Вели дека во една пригода ја одбил молбата на некој бигфут да го однегува неговото дете, без оглед што со тоа би ги докажал своите тврдења еднаш засекогаш. "Сметав дека бебето не би било кадарно да преживее во нашиот свет".

Ван тврди дека загадената животна средина ги истерува бигфутите од нивните стари живеалишта, принудувајќи ги да бараат вода за пиење и храна на површината на земјата.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Јохан Волфганг Гете

Кога ќе сретнеме некој што ни должи благодарност, веднаш се сеќаваме на тоа, а колку пати сме сретнале некого кому му ја должиме, а на тоа да не сме се...

Виц блиц

Тешко му е да гледа

Трпе оптегнат на троседот и се обраќа на Трпејца: -Трпејце мила, тешко ми е да те гледам како само работиш и се мачиш. Те молам, затвори ја вратата од кујната! 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се