Некои „леви“ нешта

„Лево“- „откачено“ или необично- бизарно, сеедно. Во секој случај, изборот е секогаш, буквално секој ден од богат пребогат. На Интернет има многу специјализирани сајтови за такви вести и информации, но веќе се забележува „заситеност“. Имено, и  „најлевите“, „најоткачените“ како да стануваат „нормални“, „обични“, па таквите сајтови драстично го губат својот рејтинг, односно драстично се намалува нивната посетеност. Тоа е се позабележливо и кај нас, во Република Македонија.

Меѓутоа, како рубрика,  каква што има нашиов сајт, се овозможува избор од оние „нај“, и од поблиското и од подалечното минато, без оглед што поради богатството- ранзовидноста на содржините таа не е можно да се реализира секој ден.

Еве сосема мал избор од „левите“ и „потрајни“ настани и случувања во светот:

Yugo е „Мона Лиза на ужасот”

-На листата на „50 најлоши автомобили на сите времиња”, на американското списание Time, надежта на автомобилската индустрија на поранешна Југославија, популарниот Yugo GV, е прогласен за „Мона Лиза на ужасните автомобили”.

На увозникот на Yugo целта очигледно му била секој жител на Америка да го принуди  на работа да оди пеш, па во 1985-та година почна да го увозува Yugo GV. Произведен е во комунистичка Југославија, а потсетуваше на оружје.

Интересно, во возилото, во кое во стандардната опрема одеше и „тепих”, yugo-то и тогаш имаше редок одмрзнувач на мразот од прозорецот, очигледно рацете да ви ги одржува топли додека го туркате. Машината би почнала да чади, своевидната електроника да пишти, а деловите едноставно би почнале да отпаѓаат.

Yugo („ти одиш”) или не, пишува добитникот на Пулицерова награда за новинарство Dain Neil, инаку колумнист на LA Times.

Светско првенство во свирење на „воздушна гитара”

-Во финскиот град Oulu се одржа 12-тото Светско првенство во свирење на air guitar, т.е. воздушна гитара.

Натпреварувачите се претвораат дека во два круга на натпреварување, во рок од 60 секунди, свират на замислена гитара со што поенергичен сценски настап, при што се бодуваат техничката изведба, нивната харизматичност и самата „воздушност”, т.е. уметноста на свирење на замислена гитара, која не би смеела да биде обична имитација на стварноста.

На задоволство на многумина, титулата повторно ја освоил минатогодишниот победник Ochi „Dainoji" Yosuke, кој ја воодушевил публиката со својата изведба на хитот на Offspring, „Come Out and Play".

Опасни американски сандали

-Јапонските власти ги предупредија љубителите на популарната американска марка на сандали Crocs на опасноста да останат прилепени за скалите при возење на подвижни скалила.

Сандалите Crocs, омилени помеѓу јапонските деца и младите поради удобноста и дизајнот, се направени од еластичен материјал кој лесно се прилепува за површините.

Од крајот на август 40-тина лица, повеќето деца, доживеале незгоди на подвижни скалила оти сандалите им останале приклештени помеѓу две скали во движење. 7 лица се повредени, а на останатите сандалите им се оштетени.

„Ги молиме клиентите да бидат внимателни”, изјави одговорниот на одделот за сигурност на потрошувачите при јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Јуџин Мекарти

Политичарот е исто што и фудбалскиот тренер: мора да биде паметен за да ја разбере играта, но и доволно глупав да мисли дека е тоа важно.

Виц блиц

Старост и вијагра

Разговараат двајца старци, длабоко влезени во осмата деценија: -Слушна за вијагра? Можеме онаа работа да ја правиме и во нашиве години! Другиот: -Мене за љубовницата не ми треба вијагра, а за жената ми...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се