Лековерност или...?

Неволјите на Денис Делисон почнале во текот на детството, кога родителите и учителите го сметале за ментално заостанато лице. Бидејќи тешко ги сфаќал работите, покажувал наклонетост да се согласува со нив.

Но сето тоа се променило, вели Делисон, кога армијата го испратила во Јапонија.

„Нешто во однос на Јапонија го разбуди мојот дух“, објаснува Делисон. „Научив јапонски само за неколку месеци и постојано зборував на тој јазик“.

По отпуштањето од војска, некогаш бавномислечкиот Делисон заблескал на колеџот и дипломирал со одличен успех. Меѓутоа, неговата душевна мачнина се продлабочила и се чинело дека му преостанува само еден начин да избега од неа.

„И не знаејќи точно зошто го правам тоа“, вели тој, „почнав да ја проучувам сета можна литература која говори за други планети, реинкарнација и за човечкиот дух“.

Во текот на тие студии, Делисон доживеал нешто што тој го нарекува „пресвртница на својот живот“. Имено, тој гледал телевизиска емисија во која водителот Дејвид Саскајнд ја интервјуирал Рут Норман, од „Унариусовата задужбина“  во Ел Кахон, Калифорнија. Позната на своите следбеници според прекарот Архангел Уриел, Норманова тврди дека одржува контакт со вонземјани, кои и ја повериле должноста да проповеда сеопшт мир на Земјата. Во еден момент, во текот на интервјуто, таа му рекла на Саскајнд дека своевремено живеела како Сократ.

„Кога го изјави тоа“, известува Делисон, „јас ја видов како се преобразува во Сократ, со онаа долга грчка облека и останатите работи. За малку ќе паднев од столицата. Почнав да ги читам сите нејзини книги, а наскоро се преселив во Ел Кахон, да ги продолжам студиите во „Унариусовата задужбина““.

Тука Делисон ги започнал своите сеанси со еден терапевт кој со помош на хипноза им помага на луѓето да регресираат (да се вратат) во своите поранешни животи. Исто така, го сретнал биографот на прочуениот јапонски адмирал Исороко Јамамото.

„Секогаш кога тој зборуваше за Јамамото“, вели Делисон, „мене во стомакот се ми затреперуваше, а мојот терапевт ме поттикнуваше што подетално да се присетувам на сите нешта. Еден ден гледав фотографија на Јамамото како и зборува на група на поморски офицери, и наеднаш имав чувство дека гледам низ неговите очи и оти јас лично им се обраќам на офицерите. Оттогаш сеќавањата на тој живот постојано ми се враќаат. Научив да се соочувам со чувството на вина што го стекнав како Јамамото, наведувајќи ги луѓето да убиваат и да бидат убиени. И за првпат под полна контрола се држам самиот себе си“.

Тоа е чудна приказна, но не е ништо ново за парапсихологот Емили Вилијамс Кук, која веќе со години ја проучува реинкарнацијата. Таа верува дека некои луѓе под хипноза „се присетуваат“ на животот што некогаш можеби го проживеале, но се сомнева дека Делисон е еден од нив.

„Ние имаме многу такви случаи“, вели таа. „Меѓутоа, тешко е да се поверува дека тие присетувања не се напросто нешта за кои луѓето читале или слушале, но реално не ги доживеале“.

„На терапијата на регресирање во поранешните животи гледаме со голема скептичност“, додава Емили Вилијамс Кук. „Лицата што се занимаваат со таа работа се наклонети да ја поттикнуваат фантазијата на лековерните луѓе. Не можат да се присетат на ниеден случај што би заслужувал внимание или би бил убедлив“.

Повеќе во оваа категорија: « Живиот песок* Совршена жена-совршен маж »

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Барух Спиноза

Не плачи, не лути се, туку сфаќај.

Виц блиц

Добар ручек

-Мила, што имаме денеска добро за ручек? -Не знам, миличок. На конзервата немаше етикета.

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се