Бизарности или обични случки на познати политичари

„Вонсериски“ случувања поврзани со „животните судбини“ и „случајности“ на Путин, Саркози (поточно неговата сопруга), Буш и Меркел

 

Путин се развел и тајно се оженил за 25-годишна гимнастичарка

Интересни трачеви кружат низ Москва: ако може да му се верува на „Московскиј Корреспондент“, Владимир Путин се развел од сопругата Људмила и е во врска со гимнастичарката Алина Кабаева, со која наскоро ќе се венча.

Путин наводно се развел во тајност во февруари годинава. Новата венчавка би требало да се одржи во Санкт Петерсбург на 15-ти јуни во палатата Константиново.

Алина Кабаева е 25-годишна гимнастичарка што ја претставувала Русија на бројни спортски натпреварувања. На Олимписките игри во 2000-та година во Сиднеј освои бронзен медал, а во 2004-та на Олимпијадата во Атина освои злато. Ја сметаат за една од најубавите Русинки, а во 2007-ма влезе во рускиот парламент Дума како претставничка на партијата Обединета Русија.

Се шушка дека Путин и Кабаева „се повеќе од пријатели“ уште од 2000-та година.

56-годишниот Путин има две ќерки од бракот со Људмила, 23-годишната Марија и 21-годишната Катерина.

Трач или не, ќе се дознае наскоро, но се чини дека Путин би можел да го следи францускиот колега Саркози...;

За фотографија на гола Карла Бруни-Саркози Кинез платил 91.000 долари

Фотографија на гола Карла Бруни- Саркози, сопругата на францускиот претседател Николас Саркози и поранешна манекенка, му е продадена на аукција на „Кристи“ во Њујорк на кинески колекционер за 91.000 американски долари.

Црно- белата фотографија на Мишел Комт е снимена пред 15 години и прикажува млада жена во поза која потсетува на ликот од сликата „Модели“ на Жорж Сеура, со раце прекрстени под мевот и со голи гради.

Фотографијата на Карла Бруни-Саркози аукциската куќа „Кристи“ ја процени на околу 4.000 долари, но водителот на аукцијата веднаш одлучил да тргне од почетни 10.000 долари поради големиот број на понудувачи;

Според историчарите: Буш е грешка

Американскиот претседател Џорџ Буш често се брани со зборовите „историјата ќе ме оправда“. На Буш надежта му останува, но сигурно нема да го развесели анкетата што ја спровел „History News Network“, во која биле вклучени 109-мина стручњаци- историчари.

Анкетата покажала дека 98% од историчарите сметаат дека претседателството на Џорџ Буш е голема грешка и неуспех, а само 2% сметаат дека било успешно.

Повеќе од 61% изјавиле дека моментно претседателството е најлошо во американската историја. Во 2004-та година само 11,4% од историчарите го оцениле претседателството на Буш лошо.

Помеѓу причините што ги навеле како образложение за ваквиот став спрема неговата политика и водењето на САД во изминатите години се инвазијата врз Ирак, даночните олеснувања за богатите и оттуѓувањето од многу држави во светот;

Во центарот на вниманието градите на германската канцеларка

На отворањето на националната оперска куќа во Осло германската канцеларка Ангела Меркел ги покажала своите женски атрибути кои без здив оставиле многумина присутни на свеченоста.

Меркел ги покажала градите со вкусно деколте, облечена во син фустан, а најзадоволен од нејзиниот изглед таа вечер сигурно бил норвешкиот премиер Јенс Столтенберг.

И покрај примамливата глетка, тој го задржал својот дипломатски став и со Ангела воспоставувал само контакт со очите.

 

Фото: извор

2013-02-11

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Фридрих Вилхелм Ниче

Качувајќи се на планината на вистината, никогаш не се качувате залудно: ако денес не сте достигнале повисока точка, вие сте ја тренирале својата сила, така што утре ќе можете да...

Виц блиц

Топки, спорт и позиција

Едно истражување покажало дека невработените луѓе од спортовите најмногу се интересираат за кошарка; социјалните работници и волонтерите за куглање; работниците на лента најмногу за фудбал; надзорниците најмногу се интересираат за...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се