Најдолго „суперхеројско“ име на светот; Залепен задник; Сибирскиот молец станал вампир!

На луѓето насекаде им се случуваат најразлични бизарности, а многу и самите ги измислуваат. Едно за секојдневјето да им биде поинтересно, а друго поради желбата според макар „ситно“ нешто да се разликуваат од оние околу нив, обичните (доколку воопшто постојат такви).

На многу бизарности им „кумува“ Господинот Случај, а и природата на тој „план“ си го „прави“ своето.

Додека му го изговориш името...

-Еден 19- годишен Британец го променил своето име, што не би било толку необично кога новото не би му се состоело од 13 збора, меѓу кои се и имиња на 7- мина суперхерои. Тој сега се вика Captain Fantastic Faster Than Superman Spiderman Batman Wolverine Hulk And The Flash Combined.
 
Тинејџерот од Глестонбари, роден под името Џорџ Гарат, така станал сопственик на најдолгото име на светот. А токму тоа ново име толку ја згрозило неговата баба што таа повеќе не разговара со него.
 
Captain Fantastic... го променил своето име со помош на агенција на Интернет, плаќајќи за тоа 20 долари.
-Сакав името да ми биде посебно, а одлучив да биде на тема суперхерои- изјавил Captain; 

Внимавајте кога седнувате на штица на WC школка 

-Откако некој намерно премачкал штица на WC школка со суперлепак во едно лондонско јавно WC, на несреќниот маж кој седнал на неа морале да му помогнат пожарникари.

Бидејќи 35- годишниот маж не успеале да го „одлепат“, решиле да го одведат в болница заедно со неа.

Лекарите во возилото на итна помош со помош на хемиски препарати успеале да го ослободат мажот, објави Би- Би- Си.

На мажот му било непријатно поради целата ситуација, а WC школката е повторно инсталирана;

Еволуција или радијација

-Во Сибир е пронајден досега непознат вид на молец вампир, а работата да биде слична на вистински хорор за Ноќ на вештерки- ентомолозите велат дека крвопијците веројатно еволуирале од обичен вид кој јаде растенија.
 
Имено, руските молци крвопијци од обичните од средна и јужна Европа се разликуваат само според малата варијација во шарките на крилјата.
 
Научниците сметаат дека вампирскиот молец е резултат на свежа еволуција, извести National Geographic, но не се изјаснија за тоа дали таквата преобразба на молците во вампири била додатно поттикната од руските нуклеарни експериметни.
 
 
2008-11-10

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Наполеон Бонапарта

Од возвишено до смешно само еден чекор.

Виц блиц

Хакерски

Одат двајца хакери низ улица и здогледуваат исклучително згодна девојка. Едниот вели: -Гледај какви оваа има Properties! Другиот: -Џабе ти е, кога е read-only! 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се