Некои „леви“ нешта

„Лево“- „откачено“ или необично- бизарно, сеедно. Во секој случај, изборот е секогаш, буквално секој ден од богат пребогат. На Интернет има многу специјализирани сајтови за такви вести и информации, но веќе се забележува „заситеност“. Имено, и  „најлевите“, „најоткачените“ како да стануваат „нормални“, „обични“, па таквите сајтови драстично го губат својот рејтинг, односно драстично се намалува нивната посетеност. Тоа е се позабележливо и кај нас, во Република Македонија.

Меѓутоа, како рубрика,  каква што има нашиов сајт, се овозможува избор од оние „нај“, и од поблиското и од подалечното минато, без оглед што поради богатството- ранзовидноста на содржините таа не е можно да се реализира секој ден.

Еве сосема мал избор од „левите“ и „потрајни“ настани и случувања во светот:

Прочитајте повеќе:

Живиот песок*

Живиот песок се состои од мешавина на заоблени зрна на светол песок измешан со вода или некој светол вид на тло и отпорна тиња, или, пак, од тиња која во себе содржи чакал. Водата се пробива во секоја пора на таа мешавина, обвиткува секое нејзино зрно. Тоа значи дека зрната стануваат раздвоени меѓусебно (оти помеѓу нив се наоѓа вода), додека целокупниот волумен на мешавината нараснува.

Бидејќи зрната веќе немаат стабилност, ниту меѓусебна потпирка, тие при притисок почнуваат да се тркалаат едно околу друго, што им оневозможува на тешки објекти да имаат цврсто упориште на таквото тло.

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Вилијам Балтер Јејтс

Премногу долготрајната жртва може од срцето да направи камен.

Виц блиц

Тел. повик на пријател од робија

Заѕвонува телефон и се слуша груб глас: - Ало, дали е тука 990237631? - Да, а кој го бара? - Овде 844803361, негов пријател од робија.

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се