Срцето

Никогаш немојте да си го изневерите срцето. Вардете го и негувајте го за тоа никогаш да не ве изневери. Бидете со него кога сака, кога се радува и кога тагува. Тоа не може без вас, исто како што вие не можете без него.

Не бидува работа што ја работите без срце.

Не дозволувајте што било до срце да ве доболи.

Прочитајте повеќе:

Омразата- пизмата

Омразата е најсилна одбојност, презир и ненаклонетост, а ја раѓаат себичноста, завидливоста, повредата на други, љубомората и невозвратената љубов. Таа длабоко унижува, ранува до беспомошност.

Омразата не мора да се искажува, може и со молк и со премолк да се докаже. Говорот на омразата, пак, не е за слушање оти е валкан, празнозборен, жолчен и без запирка и точка. Над се срамотен.

Прочитајте повеќе:

Кривината- неправдата. Македонски и пословици од народите на светот.

Се помалку правини, се повеќе кривини во нашиов животец. Си ги правиме, ни ги прават за да не се исправиме, за да не не исправат.

Неправди на секој чекор, однадвор и однатре. Да не замолчат и заборават, да не изморат и ништожат. Да не можеме ни во себе, ни од себе во спокој, сосе вистините на светот. 

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Ристо Трифковиќ

Просечноста е секогаш агресивна.

Виц блиц

Не сфаќа

Влегува Симо дома и ја затекнува Симејца со Цветко в кревет. Симо:-Што правите вие?! А Симејца му вели на Цветко:-Ете, нели ти реков дека нема да сфати...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се