Љубовен повик, довик и незаборав

Во народната лирика најбројни се песните за неисполнета, спречена, запрена љубов, а најчесто поврзана со болка, разболување, болест и смрт. Притоа, поголем е бројот на оние во кои момето е болно, разболено од разделина со љубов или неостварена поради отпор, недавање или заборавање. „Ведрината“ на овие песни е ретка. Најчесто се сведува на љубовен повик, довик, порачување и давање збор за незаборав.

Еве неколку познати и помалку познати македонски народни песни за болното моме, момчето со разбудена љубов, повикот- довикот и лудоста на младоста.

Прочитајте повеќе:

Познати, а непрочитани или нечуени

Од македонската народна лирика- избор од љубовните песни. Како да се познати, а за многумина сигурно досега непрочитани или нечуени. Оти ни се ептен блиски, се ртазбира доколку не сме се однародиле.

Која би ја избрале? Јас сите, па и би додал уште многу други!

Прочитајте повеќе:

Видена, наиграна, та легната, та заспана

Во македонската народна лирика има бројни прекрасни песни за момата и момчето и некој што се испречува, ја попречува нивната љубов- најчесто мајката или таткото. Но веднаш или по некое време не можат, па мора да отстапат пред неа.

Еднакво убави, можеби и поубави се оние што го воспеваат мигот на видувањето на момчето и девојката (девојчето), на нивната средба, на искрата на љубовта и радоста, играта, наигрувањето и надигрувањето што таа ги предизвикува.

Со три избрани песни наредени една по друга цела една приказна: од случајна средба, миговно видување, преку играње- виткање-кршкање на моминската снага од љубов и радување, се до спокоен сон заедно:

Прочитајте повеќе:

Twitter Дисплеј

Умност

Ристо Трифковиќ

Просечноста е секогаш агресивна.

Виц блиц

Тешко му е да гледа

Трпе оптегнат на троседот и се обраќа на Трпејца: -Трпејце мила, тешко ми е да те гледам како само работиш и се мачиш. Те молам, затвори ја вратата од кујната! 

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се