Не е бричено, ами стрижено

Ето како се инатила една жена. Мажот је видел едно дете гологлао, бричено, и је рекло на жената:

-Види, жено, како е бричено во глаата.

Бидејќи таа била инатија, му рекла:

-Море, не е, бре домаќине, бричено, оти е стрижено.

И така се инатиле многу време. Најпосле је послал мажот едно веленце над еден бунар и је рекол да не седнуа на веленцето, а таа бидејќи инатчија седнала и пропаднала во бунаро, ватила да се давит во водата и је свикал мажот:

-Мори жено, мори, речи оти детето беше бричено за да те изваам да не се удаиш.

Чула од вода и изваила десната рака наугоре, та ватила со двата прста да му кажуат на мажа је оти како што сечат ножиците, демек стрижено беше детето, стрижено. Така праеше, чунки устата је беше полна со вода, та не можеше да му прогоорит.

-Тув инатчијка жена- беше рекол мажот је- се удаи и од инатот назад не се врати!

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Максим Горки

Живееме во желба да се богатиме или да стекнеме некое повисоко звање, но малку напор вложуваме за стекнување на повеќе знаење.

Виц блиц

Два збора

На приемен испит на Ликовна академија пред кандидатите биле поставени три слики: а) изгорен леб б) удавен човек в) бремена жена Задачата била: да се пронајдат само два збора што се карактеристични за сите...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се