Кој патил и кој тргал, знае

Фатило да му капи на некој чоек куќата коа заврнало и зел скалата да се качуа за да 'и фати капките.

-Немој, не качуј се, чоеку,- му рекла жената- оти не ти е од занаато, можи да падниш, као што падна еднаш татко ми, Бог да го прости, да ем гирамидите 'и скрши, ем паднуајќи се утепа. Да Госпо да чуа и ти да не падниш.

-Ај оттука, мори никаквице, крши си глаа, ти мене ќе ме учиш! За две- три капки дека ќе сум заварел, ќе сум паднел?!

На тоа згора жената му замолчела, чунки треба да се скараат и страмота је било од комшиите. Се качил мажо и почнал да 'и бара капките и да 'и фаќа; на пет места фатил, а на педесет окршил, газејќи гирамиди, и коа дошол да слегуа, се нурнала скалата и лимпрч сторил мажо наземи, ти се скапа сиромаијо коа паднал.

Легнуајќи в постела, је рекол на жената си:

-Слушај вамо, жено, пријатели што ќе идат да ме видуаат, сопрво ќе 'и прашаш дали паднале од високо, као што паднав јас. Кој ќе ти речи оти паднал, него да ми го пуштиш, а кој ќе ти речи оти не паднал, да не ми го пушташ, оти ти знаиш после.

Немајќи го чоеко на дуќан, отишле дома да го видат што му је, арно ама жената само еднега беше го пуштила да го види, што беше паднал од високо.

-Море, што така, бре пријателе- му рекол- ѓечмишока?

-Паднав од куќи.

-Бре, брго сол и кромид клај му неколку пати и ќе ти оздрави.

-Виде, жено, кој патил и кој тргал знаи да ти кажи, а кој не патил, шега ќе ти се бие и ќе ти се смеи. Ете, затоа ти реков да 'и прашаш секого што ќе дојди да ме види.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Сри Ауробиндо

Највисоката манифестација на бога е чистиот дух во чисто тело. Бог е во срцата на оние што го бараат.

Виц блиц

Жена изгубена - добиена на покер

Игра Трпе покер со другарите, па во еден миг вели: - Жено, вари кафе. Те добив назад!

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се