Срцето

Никогаш немојте да си го изневерите срцето. Вардете го и негувајте го за тоа никогаш да не ве изневери. Бидете со него кога сака, кога се радува и кога тагува. Тоа не може без вас, исто како што вие не можете без него.

Не бидува работа што ја работите без срце.

Не дозволувајте што било до срце да ве доболи.

Македонски народни пословици:

-Како што му срце сакаше, така и Господ му даде.
-Лицето го покажуа срцето.
-Не гледај му лицето, туку срцето.
-Песна убаа срце разбудуат.
-Секое срце ет од месо, а не од железо.
-Срцево ми го изеде.
-Срцево кастран ми го стори.
-Срцево ми премре за јадење.
-Убаата жена е угодна на очите, а умната на срцето.
-Чисто нека ми е срцето, да ако газам на престолот.
-Чоекот треби да бидит на срцето амбар.
-Види го во лицето, оти му је весело срцето.
-Имај си кротко срце, ако сакаш да живееш поеќе години.
-Мирно срце бога моли, а немирно солзи рони.
-Кисело винце, радосно срце.
-Широко срце од се е благодарно.
-Во зборо го гледаш благ, а во срцето лукав.
-Гладен и жеден во срцето, ами кога си је весел и радосен.
-Го жегна до срце. (Му стори големо зло.)
-Голема снага чуму ти е, кога имаш шупливо срце.

Пословици од народите на светот:

-Срцето и јазикот се мали, но ја покажуваат големината на човекот. (Турска)
-Не допуштај срцето да стане твој господар, туку ти биди неговиот господар. (Јапонска)
-Кој има добро срце, треба да има и големо кесе. (Германска)
-Срцето е тоа што не води во рајот и во пеколот. (Африканска)
-Кога е срцето во пламен, по некоја искра ќе излета низ уста. (Англиска)
-Радосното срце го разубавува лицето. (Француска)
-Ако срцето не ти е на место, тогаш гледаш а не гледаш, слушаш а не слушаш, јадеш а не чувствуваш вкус. (Кинеска)
-Колку поблагородно срце, толку посвиткан врат. (Холандска)
-Скршената рака уште може да работи, скршеното срце никогаш. (Персиска)
-На лицето и во очите се гледаат буквите на срцето. (Португалска)
-Лицето ти го гледам, зборовите ти ги слушам, но срцето не ти го гледам. (Руска)
-Срцето и очите никогаш не се стари. (Шпанска)
-Благородното срце со мало јаже се врзува. (Италијанска)
-И срцето има уши. (Руска)
-Како може да биде срдечен оној што нема срце? (Германска)
-Кој го познава своето срце, нема доверба во своите очи. (Кинеска)
-Доброто срце и добрата крв не можат да лажат. (Француска)

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Јуџин Мекарти

Политичарот е исто што и фудбалскиот тренер: мора да биде паметен за да ја разбере играта, но и доволно глупав да мисли дека е тоа важно.

Виц блиц

Добар ручек

-Мила, што имаме денеска добро за ручек? -Не знам, миличок. На конзервата немаше етикета.

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се