Близу до еден манастир имало една чешма правена од калуѓерите што биле во манастирот, за секој што ќе поминел крај патот да се врфати и вода да се напие. До чешмата имало една стара ехла, од незапаметено време. Близу до еден манастир имало една чешма правена од калуѓерите што биле во манастирот, за секој што ќе поминел крај патот да се врфати и вода да се напие. До чешмата имало една стара ехла, од незапаметено време.

Ѓаволот што ќе оженеше четириесет калуѓери

Близу до еден манастир имало една чешма правена од калуѓерите што биле во манастирот, за секој што ќе поминел крај патот да се врфати и вода да се напие. До чешмата имало една стара ехла, од незапаметено време.

Во манастирот, што биле четириесетте калуѓери, биле многу набожни и правеле големи добриње по народот; не само чешмата што беа ја направиле, ами и друзи добриње правеле големи. Тукуречи сите четиресет калуѓери биле близу да се посветат. На ехлата што била до чешмата се збирале сите ѓаволи секоја ноќ и правеле мушафере кој какво зло направил дента.

„Е, ти бре, што зло направи денеска?",- му рекол на еден големиот ѓавол, Верзевулот.

„Јас денеска скарав двајца браќа и едниот му ги изваде очите на другиот, та вториот го кладоа апсаана, и ќе работам да го обесат, за да останат шест деца сираци".

„Ашколсун бре, ете тебе ќе ти никнат рогови. Дајте му еден стол да седне“, им рекол на друзите, „и дајте му едек чибук да пие тутун, оти е достоен“.

„Ами ти бре, што направи“- го праша вториот- „денеска?"

„Јас направив да се збијат син и татко; синот татка си го уби и после синот, од жал што му дојде, појде та се обеси".

„Ашколсун, бре синко“,- му рекол големиот,- „ете ти си бил помајстор од првион. Брго дајте му еден стол и едно нарѓуле, нека пие, оти бил достоен“.

„Ами ти бре“,- му рекол на треќиот,-„ што зло направи денеска?"

„Јас направив еден владика да појде на курви и да го фатат, та апс го кладоа и од срам што му дојде на владиката, посака да се потурчи".

„Ашколсун и тебе да ти е, бре кафпе, оти си направил главна работа. Дајте му и нему еден стол да седне, оти е достоен, дајте му еден чибук и озгора едно кафе“.

„Ами ти бре, што стори денеска?",- праша четврти.

„Јас надупив еден пијаница да си ја отепа жената и сега остана без жена, да нема кој да го кара за дека се опива, за да ја испие сета стока".

„Ашколсун да ти е, ама уште не си за на стол да седнеш!"- му рекол Верзевулот.

Така ги прашал сите ѓаволи со ред големиот ѓавол кој какво зло сторил во денот и според злото, сторено од секого, му го давал и бакшишот.

Секоја вечер така ги прашал и ги насрчувал со големи бакшиши за кој од кој поголемо зло да стори. Бидејќи така им давал големиот големи бакшиши, уште повеќе се силеле ѓаволите за кој поголемо зло да стори.

Од помеѓу сите ѓаволи, еден од постарите сторил ниет да направи некое многу зло, што да го очуди големиот со лошотијата што ќе ја направи и да го кладе големиот и него на стол како што ги клавал друзите. Думал, шестал, какво зло да направи. My дошло на умот да појде во манастирот што бил тува блиску со четириесетте добри калуѓери и да им влезе со прво за егумен, чунки егуменот им бил умрен, да после да ги лости и да ги донесе за секој да се ожени и да ги огреши.

Ти се направил ѓаволот еден калуѓер со едно долго брадиште, со едно големо расиште, дури по земи да се влечка. Смирен, кроток, очи никаде не вртел, се пред себе си гледал како некој коњ пајтонџиски: на мрава не газел. Таков им се преставил на калуѓерите во манастирот.

Бидејќи таков бил ѓаволот, сите калуѓери мунасип наоѓавале за тој да им биде егумен, чунки гледале оти го знаел законот од нив на прсти стопати повеќе, ем бидејќи пет-шест месеци што им седел во манастирот, арно ама манастирскиот ред никој од него поарно не го знаел. Секое собрание од калуѓерите, што ќе имале од некоја манастирска работа да уредат, никој поарно не можел да докаже како да биде и како да се уреди, отколку ѓаволот.

Гледајќи така во мудроста и кротоста од преправениот ѓавол на калуѓер, сите беа дошле еден ден во едно согласие за него: да го кладат егумен и друго ништо. Асли и тој тоа бараше и им се курдисал за егумен.

Откога ја зел сета работа манастирска и откога фатил да ги заповедува сите четириесет калуѓери, да си одат секој по својата работа, фатил секое собрание на трпезаријата за ручек или за вечерање да им кажува слово, ѓоа слово Божје; арно ама тој итар бидејќи, како ѓавол, фатил да им разврзува по нешго од калуѓерските закони: јок ова што било, јок она ништо не било, им велел, најпосле беше им рекол оти требало сите да се женат и да си земат по една невеста, за ѓаволот да не ги искушава.

Од многу места од книгите им носел доказателства оти треба да се женат и да си има секој по една жена и нека биде и таа калуѓерица.

„Јас ако не бев стар, свети оци“,- им велел, „бездруго ќе се оженев, за вам срамот да ви го земам, ама како да и правам на староста што ја имам".

Co такви и друзи многу итровштиње ги кандисувал егуменот четириесетте калуѓери што биле приготвени за светии. И од ден на ден им се паеела таа искра во срцата на помладите калуѓери: покрај младите и старите не се откажувале.

Кога гледаш, туку еден ден дошол, што самите да му речат на егуменот за да се женат. Ете ти колку е силен ѓавол натемаго, да им ги преврти умиштата на четириесет калуѓери, сите приготвени за светци, и да ги донесе за да ги омаскари пред целиот свет.

Откога кандисаа сите калуѓери да се женат, го молија и него да се ожени и да си земе една невеста, да е постара, а пак за нив ако се помлади, чунки така било помунасип и така прилегало. На тоа згора, приима Верзевулот, само и само да не им го скрши ќефот.

Сторија едно собрание за кој да оди да бара невести за сите. На тоа згора егуменот приимал за тој да оди и да ги сврши.

„Еве јас ќе приимам да одам за да ве свршам, братија возљублени мои, и треба да знаете оти ќе ве свршам од четириесет села, од секое село ќе ви свршам по една убава и млада девојка. Знаете, оти од четириесет села ќе ве свршам?"

„He знаеме, оче егумене", му рекле.

„Еве зошто, да ви кажам“,- им рекол, „за да имате родеви и пријатели во четириесет села и да не бидете како некое дрво церово бесплодно и раплаво".

Co тие и друзи многу зборови беше ги склонил веќе до немајкаде да се женат калуѓерите.

Станал едно утро рано и си излегол од манастирот за да оди по селата. Co голема чест беа го испратиле калуѓерите дури до под манастир долу.

Тргнал од село в село и, бидејќи ѓавол, беше кандисал татко и мајка на секоја чупа за да ја даде за невеста на калуѓер, да му биде и таа калуѓерица. Свршил во четириесет села по една девојка за да му биде на калуѓер невеста во фиљан манастир.

Многу таткови и мајки појдоа на манастир и прашаа дали е вистина таа работа! Откога беше се увериле оти е вистина, беа си ошле дома и беа си раказале по своите. Сите што го чуле тоа нешто, беа се учудиле како да давало законот калуѓер да се жени. Арно ама ѓаволот беше ги исполнил со еден негов дув, што секој, што ќе чуел и ќе се учудел, веднаш да рече оти не е гревота.

Си ошол дуовникот на манастир и му кажал на секого од калуѓерите која девојка ја свршил за него и како и било името и презимето. Кога чуле калуѓерите оти ги свршил егуменот, голем ќеф беа направиле и по три метании беа му направиле.

Поминало малку време и беше ги собрал калуѓерите на еден мезлич, та беше посакал пари да дадат за да се купат дарови, за да се пратат по девојките, според адетот што го имале по селата. Сите калуѓери беше извадиле пари и беше му дале на егуменот, за тој да купи дарови какви што требале. Ги зел парите егуменот и отишол в град, та накупил дарови како што си зборувал со луѓето од девојките. Цел товар донесол на манастир, та одбрал еден, постареа, егуменот и го определил него да оди по четириесетте села и да им ги однесе даровите, на секоја девојка дар: кому шамија, кому обетки, кому герданче, кому пафти, кому коланче, кому чевли, кому кожув, кому кожувче, кому какво му било зборот со егуменот ѓаволот, та тоа да му се носи.

Си го товарил коњот со даровите една приквечер и слегол од манастирот долу за в поле, да оди по селата да ги носи даровите и да им рече на таткови им и на мајки им од чупите, за до четириесетте дни да бидат готови со девојките, оти ќе дојдат калуѓерите да си ги земат. Се прекрстил калуѓерот со товарот и си тргнал по патот.

Арно ама еден од ѓаволите, што не му го знаел марифетот од ѓаволот на егумен сторен, и бидејќи секој ѓавол ги пизмел калуѓерите, и тој, штом го видел оти се прекрстил, беше му курдисал еден марифет за да го смете од патот. My го престорил тој пат на други и го повел со себе да го носи. Како го вртка, како го сука до некој саат место, што дури се смрачило не му го оправил патот. До најпосле го донесол во еден батак, та беше го навртел коњот и беше го закачил во батакот и тогај беше се сторил невиден бист ѓаволот.

Кога се виде калуѓерот закачен со коњот во батакот, се вчудовидел. Опнал сам да го откачи коњот. Арно ама, колку опињал да го вади, толку повеќе го згнетувал внатре, чунки тој батак бил многу длабок. Чека сиромавиот калуѓер некој човек да помине, да му поможе, не поминал. Да се врати на манастир за да им каже на калуѓерите, му било срам, ја.

My дошло на умот да појде кај ехлата што била до чешмата манастирска, та на неа да се качи и да преноќева, чунки тамо не можеле да го досигнат некои диви ѕверови. Така се предумал и си ошол кај ехлата, та се качил на неа и се скрил во едни лисје згустени, што никој да не може да го види.

Како секоја вечер што се збирале ѓаволите на ехлата, така и таа се собрале и фатил Верзевулот да ги праша секого со ред, кој што лошо дента направил. Секој ѓавол си го кажувал своето зло што направил и кога му дошло редот на ѓаволот што бил егумен, и тој си го кажал својот марифет: како се сторил егумен, како ги кандисал калуѓерите да се женат, како го пратил дента еден калуѓер со дарови и да им рече по таткови им и мајки им на девојките да се чинат азар до четириесет дни и ќе оделе калуѓерите да си ги земат и да се оженат.

Кога го чул тоа нешто големиот, ашколсун беше му рекол и на најголем стол беше го клал, најарен чибук беше му дал, со најголем кехлибар.

„Ашколсун, бре кафпе, беше му рекол големиот, на овој марифет ти што си го направил: да омаскариш четириесет калуѓери. Едно нешто сакам да те прашам“,- му повторил големиот, „како правиш в литургија, кога да се рече благословено царство?"

„Колку за тоа сум си го нашол колајлакот“, му одговорил егуменот, „пред да се рече благословено царство, јас ќе излезам ѓоа понадвор и откога ќе се рече, ќе влезам в црква".

„Ашколсун, ашколсун, ем штом ќе ја свршиш оваа работа, да си уверен оти ќе ти никнат два рога".

На тие зборови чул ѓаволот што беше го закачил коњот со даровите во батакот и не го дочекал редот за него да го прашаат, ами сам си кажал оти тој калуѓер дента беше го маткал и коњот му го закачил во батакот.

„Бре, да би ослепел да би, што зло нам си ни сторил“,- му рекол егуменот, „што си го смел од патот!"

Кога го чу големиот тоа зло, сторено од тој ѓавол, веднаш беше им заповедал на едни ѓаволи да појдат кај батакот, та да го извадат коњот и да го измијат од калта, да го пуштат во ливадата манастирска за да пасе, а на друзи ѓаволи им заповедал да го кладат тој ѓавол во фалака и да му удрат петстотини стапови по нозе, за уште еднаш да му текне кога оди ќорлеме.

Откога беше се свршила таа работа, пропеале петли и невиден бист беа се сториле ѓаволите.

Калуѓерот, скриен во шумарот, кога чул, на чудо беше станал и уште во темни зори си ошол на манастир, та им го кажал на сите тоа што чул. Тогај дури беше си ги поткасале рилките и беше си рекле:

„Лелех, ние грешници, што големо чудо ќе сторевме! На целиот век ќе бидевме срамни и пред Бога судени, во вечна кладени!"

Го скриле калуѓерот со коњот и влегол егуменот да служи литургија утрото. Тамам кога дошло да се рече благословено царство, тргнал да излегува од црква надвор; арно ама калугерите беа ги затвориле вратите и сите пенџериња што биле во црквата, та кога посакал егуменот да излезе надвор, немало од кај да излезе. Едно се зарекло благословено царство, и спојмел егуменот да излегува надвор; арно ама четириесетте калуѓери беше ги фатиле вратите и ништо живо не припуштале.

Кога беше се нашол во тесно ѓаволот, едно од миризбата од темјанот, што беше клале тогај повеќе калуѓерите за некако да го пукнат, и друго од благословеното царство што се рекло, рипајќи, скакајќи низ црква ѓаволот, беше пукнал како некој топ: баууу!

Така беше се избавиле сиромаси калуѓери од сатанските нокти и уште толку годиње постиле дури се светиле.

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Конфучиј

Подобро е да се сака вистината, одошто да се знае.

Виц блиц

Луди закони

Држава Кентаки: Секој граѓанин на сојузната држава Кентаки е должен да се избања еднаш годишно! Држава Џорџија: Со закон се забранува врзување на жирафа за телефонски столбови или улични светилки! Држава Њујорк: Ако сте ловец...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се