Љубовен повик, довик и незаборав

Во народната лирика најбројни се песните за неисполнета, спречена, запрена љубов, а најчесто поврзана со болка, разболување, болест и смрт. Притоа, поголем е бројот на оние во кои момето е болно, разболено од разделина со љубов или неостварена поради отпор, недавање или заборавање. „Ведрината“ на овие песни е ретка. Најчесто се сведува на љубовен повик, довик, порачување и давање збор за незаборав.

Еве неколку познати и помалку познати македонски народни песни за болното моме, момчето со разбудена љубов, повикот- довикот и лудоста на младоста.

Болно лежи мало моме

Болно лежи мало моме,
Болно лежи три месеци,
мака има, тага има,
тага има за лудото.
Па говори мало моме,
мало моме на мајка си:
"Ми се пие студна вода,
да с' напијам, та да умрам;
викнете го мојто лудо,
да го видам та да умрам".
Па си дошло лудо младо,
Го видело,  го целива,
Тивко нему проговара:
"Јас за тебе си умирам".
Уште речта не дорече,
Веднаш моме си умрело.

Магла падна мамо по полето

Магла падна, мамо, по полето,
Мене тага, мамо, на срцето,
з' една мома, мамо, в комшијите.
Плет ни деле, мамо, дворовете,
зид ни деле, мамо, чардаците!
Ил ме жени, мамо, ил ми кажи,
Пуста младос, мамо, не се трпе!
Не је огин мамо да прегори,
Не јe водa мамо да претече!

Ако сакаш росно цвеќе

Ако сакаш росно цвеќе,
дојди, лудо, на утрина-
на утрина цвеќе росно,
цвеќе росно и весело!
Ако сакаш ладна вода,
дојди, лудо, на пладнина,
на пладнина вода ладна,
вода ладна и студена!
Ако сакаш милување,
дојди, лудо, на вечера-
на вечер е малој моме
мило, драго милување!

Море лудост младост

Море лудост младост
бргу поминува,
лудост младост
бргу поминува, де!
Како роса
по зелена трева,
како лисје
по дрвја зелени,
како лисје
по дрвја зелени, де!

Оставете коментар

Внесете ги (*) задолжителните информации кои се обележани. HTML код не е дозволен

врати се горе

Twitter Дисплеј

Умност

Конфучиј

Подобро е да се сака вистината, одошто да се знае.

Виц блиц

Компјутерски совет

Почитувана техничка поддршко, Минатата година го унапредив својата Дечко 5.0 програма во верзија Сопруг 1.0 и забележав дека новата програма прави неочекувани промени во модулот за книжење. Го ограничи пристапот Цвеќе...

Кутија за пребарување

Енциклопедија

Живот

Спортсмен

Најава или Регистрирај се